Денес се одбележува Светскиот ден на Даунов синдром – 21 Март

Даунов синдром – Трисомија 21 е хромозомско нарушување предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Откриен е во 1866 година од лекарот Џон Ленгдон Даун.

 |   | 

Даунов синдром – Трисомија 21 е хромозомско нарушување предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Откриен е во 1866 година од лекарот Џон Ленгдон Даун. Подоцна ова генетско хромозомско пореметување е наречено Даунов синдром, а негова причина се одредени грешки во клеточната делба пред оплодувањето.

Со повеќе активности во земјава денеска ќе се одбележува Светскиот ден на Даунов синдром – 21 Март. На настанот по повод Светскиот ден на Даунов синдром во Кинотека ќе биде претставен документарниот филм за снимањето на музичкиот видео запис за новата песна на Стефанија „Hey you listen”, како продолжение на на минатогодишниот проект „И јас сакам да бидам балерина“.

Утре, ќе се одржи настанот „I’m rocking this extra chromosome” на кој ќе се продаваат дизајнирани маички на тема Даунов синдром изработени од учениците од средното училиште „Здравко Цветковски“, а на 24 март ќе се одржи трката RUN FOR DOWN во организација на мечувалечкиот клуб „Ескрим“ во Градскиот парк.

Во знак на поддршка за лицата со Даунов синдром, денеска ќе се носат шарени чорапи, и ќе се лакираат ноктите во различни бои.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top