Post Views: 0
Поради изведување на градежни работи, на патниот правец Подмоље-Струга утре се воведува времен режим на сообраќај.
Од градежното претпријатие „Илинден“-Струга информираат дека од утре, 12-ти април, поради изведување на градежни работи изградба натпатник за тирз зоната Струга на регионалниот патен правец А2 Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот.На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Post Views: 7
Времето денеска во Охрид претежно сончево со слаб јужен ветер, а максималната температура ќе достигне до 21 степен.
Утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец – информираат од УХМР.
Post Views: 0
Ловните друштва од регионов во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) интензивно работат на програмата за зачувување на еден од најубавите и најзагрозените животински видови во регионов, рисот. Ловџиите се оптимисти, кажуваат дека пред две години камерите забележале мајка рис со нејзиното малечко, што дава надеж дека ова животно почнува и природно да се размножува.Велат, потребна е поголема посветеност и мониторинг за да се спречи криволовот и намалувањето на пленот кои се најсериозни причини за истребување на рисот кој во земјава е и национален симбол.
„Рисот...
Post Views: 6
За пософистициран лик на општината со формирање пријатни катчиња за одмор и релаксација на граѓаните и туристите, планирањето и уредувањето на просторот на јавните површини ќе се прави во дослух со граѓаните, вели Митре Милошевски, кандидат за Градоначалник на Охрид, од вМРО ДПМНЕ. Неговата програма за поубав град предвидува уредување на парковите на влезовите во градот за разубавување на ликот на Охрид. Но за гардот да биде целосно уреден потребни се системски решенија во инфраструктурата, водоснабдувањето и канализациониот систем како во градските така и руралните...
Post Views: 3
Изминатиов период преземени се конкретни активности за подобрување на условите во објектите на градинката „Јасна Ристеска”, за решавање на проблемот со недостатокот на стручен кадар, набавка на нова опрема и нови детски реквизити, а во во програмата на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески предвидени се проекти со кои ќе се продолжи работењето за подобрување на условите во градинките. Ова го истакна денеска на прес конференција Ристо Николески.
„Вложуваме максимални напори и работиме на проект за изградба на нова градинка на просторот кај постоечката „Централна...
Post Views: 6
Google сака безбеден интернет, а ако му се помогне во намерата да ги обезбеди вашите профили, по повод денот за безбеден интернет, наградува со додатни 2GB простор на Drive.
Но, за да ги добиете, Google бара подобро да го обезбедите вашиот профил.
Процесот е едноставен и ќе ви одземе неколку минути. Станува збор за преглед на податоците за изминатите пријави, освежување на безбедносните прашања и уредувањето на листата на уреди и апликациите кои имаат пристап на профилот.
За да ги добиете додатните 2GB на cloud просторот треба да се направи следното:
-Пријавете се на...
Post Views: 2
Денешниот ден нема да биде ист со утрешниот и ќе дојдат подобри времиња, ова е животното мото на Стевче Стевоски, кандидатот за градоначалник на Охрид од партијата Демократи. Стевоски основно образование завршил во ОУ „Св. Наум Охридски„ во Пештани, средно полициско училиште завршил во „Елисие Поповски- Марко“ во Скопје по што, во 1987година се вработил како милиционер. Вонредно завршил факултет за безбедност и се стекнал со звање дипломиран правник криминалист на Факултетот за безбедност во Скопје. Желбата за оваа професија ја имал од најмали ноѕе бидејќи секогаш се...
Post Views: 0
За 25 проценти ќе се зголеми посебниот додаток за родители на деца со пречки во развојот. Посебен додаток ќе има за сите деца со Даунов синдром.
„Овие измени ќе стапат во сила започнувајќи од месец јуни 2015 година, а за таа цел на годишно ниво, министерството ќе издвои околу 18.690.940 денари. За реализација пак на финансиската поддршка за сите родители кои имаат деца со пречки во развојот, годишно се издвојуваат вкупно 414 690 000 денари за 6900 родители или 710 дечиња со попреченост“, соопшти денеска министерот за труд и соцјална политика, Диме Спасов.
Овие дечиња...
Post Views: 3
Во првите три месеци од 2019 година вкупно 480.845 патници патувале преку двата аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид , што е пораст од 7% споредено со истиот период во 2018 година.
Меѓународниот Аеродром Скопје опслужи 454.448 патници во првиот квартал од 2019 година, со 5,6% пораст на годишно ниво, додека на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслжени беа 26.397 патници, што е 63,9% годишен пораст.
– Првиот квартал од 2019 година го завршивме со речиси половина милион патници на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот...
Post Views: 8
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(38) од с. Лескоец, охридско за сторено кривично дело тешка телесна повреда.
На 15.06.2014 година, околу 19,30 часот во с. Лескоец, хридско по претходно настаната сообраќајна незгода во која учествувал пријавениот истиот физички го нападнал другиот учесник во незгодата нанесувајќи му тешки телесни повреди во пределот на главата.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Познатиот неврохирург Митре Милошевски родум е од село Битуше, високо на Кораб планина. Татко му Перо бил учител , а мајката Јованка работничка, па се доселиле во Охрид. Детството го минал во градот под Самоиловата тврдина, тука завршил основно и средно образование, а потоа заминал на медицинскиот факултет во Скопје, кој го завршил во рекордно време. Првото вработување му е во близина на родното место, во Здравствениот дом во Ростуше, но набрзо се вработува во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо , каде се уште работи, цели триесет години....
Post Views: 0
На 20.01.2021 година во ОВР Струга е пријавено дека во 19.30 часот, на локален пат помеѓу струшките села Лабуништа и Боровец, настанал пожар во товарно возило во движење.
Возилото „Фолксваген Транспортер”, со струшки регистарски ознаки, било управувано од Н.Н.(21) од Лабуништа. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема – информираат од СВР Охрид.