• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Николески: Посветено и одговорно работиме на проекти за подобрување на условите во објектите за децата од предучилишна возраст

Николески: Посветено и одговорно работиме на проекти за подобрување на условите во објектите за децата од предучилишна возраст

Децата треба да бидат наша најголема грижа, затоа посветено и одговорно работиме на проекти за подобрување на условите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, кажа Ристо Николески на прес конференција на којапрезентираше дел од изборната програма на кандидатот за Градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески.

 |   | 

Изминатиов период преземени се конкретни активности за подобрување на  условите во објектите на градинката „Јасна Ристеска”, за решавање на проблемот со недостатокот на стручен кадар, набавка на нова опрема и нови детски реквизити, а во во програмата на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески предвидени се проекти со кои ќе се продолжи работењето за подобрување на условите во градинките. Ова го истакна денеска на прес конференција Ристо Николески.

 
„Вложуваме максимални напори и работиме на проект за изградба на нова градинка на просторот кај постоечката „Централна градинка” со што ќе се зголеми капацитетот на градинката и ќе се реши долгогодишпниот проблем со преголемиот број на деца во групите и долгите листи на чекање за упис. Исто така во наредниот период се предвидува и Реконструкција на покривите во објектите „Лихнида” и „Росица”, а планирано е и подобрување на квалитетот на инвентарот во сите објекти од градинката. “– кажа Ристо Николески.

Планирана е реконструкција на детските игралишта во дворовите на сите објекти од градинката и веќе постоечките детски игралишта во сите населби, кажа Николески.  Исто така најави  и изградба на нови детски игралишта во населбите „Радојца Новичиќ” и „Воска” како и во неколку станбени комплекси во Охрид.

„Ние ги разбираме приоритетните потреби на заедницата, ги слушаме барањата на родителите и континуирано работиме на подобрување на условите за живеење на сите категории на граѓани! Дел од нашите противкадидати во својата предизборна програма, нудат виртуелни проекти со невозможни датуми за реализација, но ние сме различни и ветуваме реални и остварливи проекти. “

Граѓаните знаат да ги препознаат вистинските вредности и само заедно можеме да го направиме Охрид подобро и посакувано место за живеење! , порача Николески и ја побара поддршката од охриѓани за кандидатот Константин Георгиески за прв човек на градот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top