Post Views: 1
На последниот ден од изборната кампања кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески се осврна на тоа како протекоа изминатите 18 дена. Потенцира дека тој и неговиот тим воделе исклучително позитивна кампања во која охридската и пошироката јавност ја запознале со нивните идеи, планови и конкретни мерки за Охрид да биде место со кое сите ќе се гордееме. Го промовиравме сработеното, а посебен акцент ставивме на нашата програма за идниот период составена од реално остварливи проекти базирани на проблемите и потребите на охриѓани, кажа Георгиески.
“ Горд сум...
Post Views: 1
Пишува: Жаклина Цветковска
Текстот со наслов „СДСМ се откажа од граѓаните, поставиле штандови на кои никој не доаѓа“, објавен на порталот vesnik.com, на 27.06.2020 година создава необјективна слика за предизборна кампања во корист на еден политички субјект.
Насловот е манипулативен, затоа што ја наведува публиката на заклучок дека СДСМ нема поддршка од гласачите. Ваквата констатација се поткрепува со само една фотографија на која се гледа промотивен штанд на СДСМ, за која порталот вели дека е објавена на социјалните мрежи и дека е од општина Карбинци.Најпроблематичен...
Post Views: 0
На денешната прес-конференција Михаил Трендафилов- Нанче кандидат за градоначалник на Охрид, од редовите на Граѓанско Демократска Унија уште еднаш во својата кампања се наврати на темата за Али Пашината џамија за која вели дека била еден од мотивите да се кандидира за градоначалник. Охрид е симболот на Македонија. Не смее да се обележуваат територии со градење на 32 метарско минаре, со една единствена цел демонстрација на моќ, посочи Нанче.
„ Јас имам решение за проблемот, изградба на меморијален центар на културите. Јас и партијата што ме поддржува немаме ништо против...
Post Views: 5
Грижата за младите луѓе претставува грижа за иднината и затоа со програмата „За убав град“ за младите има повеќе проекти, рече Митре Милошевски на денешната прес конфернција. Најави изградба на 40 станови за млади брачни парови, стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци.
„ Целта на проектот е мотивација на најдобрите учиници, основци, средношколци и студенти да продложат во научното инвестирање. Со ваквиот тип на субвенционирање се вложува во домашниот буџет и се поттикнуваат децата на научен...
Post Views: 7
Ваквото признание за нашата најголема музичко сценска манифестација пред се се должи на квалитетот на програмата кој се нуди изминативе 59 години, врвните светски имиња кои настапиле на фестивалската сцена како и фактот што Охридско лето е еден од најстарите Фестивали меѓу сите членки на Асоцијацијата.
Директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ , вели дека европските делегати едногласно ја дале поддршката Охридско лето да биде меѓу најдобрите на европската културна сцена токму поради големината на богатата историја на Фестивалот.
– Ова е само потврда дека сме...
Post Views: 3
Фамилиите на жртвите не се уверени дека остатоците пронајдени на францускиот остров, Reunion, во Индискиот океан, се остатоци од малезискиот патнички авион МН370 кој исчезна од радарите пред две години за време на летот од Тајланд кон Кина. Тие изразиле фрустрации поради, како што велат, неспособноста на малезиските власти во истрагата околу исчезнатиот авион.
“Нашето разбирање за неспособноста се недостаток на транспарентност и сочуствата на малезиските власти низ целиот процес и не ни дава причина да веруваме на најавите и мотивите во истрагата на моменталните траги....
Post Views: 6
За проблемите со кои се соочува градот и охриѓани како и за можните решенија содржани во изборните програми дебатираа кандидатите за градоначалник на Охрид, Стевче Стевоски од Демократи, Михаил Трендафилов Нанче од ГДУ, д-р Константин Георгиевски од СДСМ и д-р Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ. Четворицата од вкупно пет кандидати кои ја прифатија поканата за учество во дебатната емисија на Телевизија ТВМ пред присутните граѓани во салата на центарот за култура Григор Прличев и гледачите на ТВМ ги спротиставија своите ставови и мислења на повеќе актуелни теми. Пред новиот...
Post Views: 5
Голема акција за заштита и враќање во првобитна состојба на коритото на реката Црна во Пелагонија, со која е предвидено поставување 10.000 вреќи со песок ќе почне денеска.
Во акцијата ќе се вклучат припадници на АРМ, претставници на јавните претпријатија од регионот и локалното население со единствена цел да се обезбеди заштита од поплавување на општина Новаци.За реализација на акцијата набавени се 10.000 вреќи, договорено е во повеќе населени места во општината Могила да се направат наноси, а ќе се ангажира и соодветна механизација.
{loadposition content9}
Post Views: 10
Дали Георгиески мисли дека со лажните градежни зафати ќе го нашминка градот и ќе ги купи гласовите на охриѓани?- праша на прес конференција портпаролот на Ок на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.
„Со камиони сега ќе ги натерате да заборават на црнилата, маките и тешкиот живот? Охриѓани имаат добра меморија и добро се сеќаваат што вети СДСМ и знаат дека речиси ништо од тоа не е реализирано. После повеќе од година и половина се чекаше сега пред избори машините да работат.Георгиески да одговори дали ова се ветените проекти или само ситни зафати што е обврска на Локалната самоуправа...
Post Views: 3
ПС Струга поднесе кривична пријава против М.М.(24) од село Котодеш, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“.
Пријавениот, во периодот од први мај до осми јули 2014 година, извршил серија тешки кражби во црквите „Св.Петка“, „Св.Архангел Михаил“, и „Св.Недела“ во село Радожда, струшкото. Тој илегално ја преминувал македонско-албанската граница по што вршел обиколка низ населбата Радожда и во погоден момент влегувал во црквите каде насилно и со физичка сила ги отворал влезните врати. влегувал внатре и одземал пари...
Post Views: 2
Културата тема на денешната прес конференција ан кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски. Изразувајќи жалење за уништувањето на дел од светското културно наследство, катедралата Нотр Дам во Париз, Милошевски кажа дека културата, традицијата, историјата и религијата се вредности коишто се наша гордост и треба да се негуваат. Градот Охрид е мозаик од културни вредности, а нашата грижа мора да биде насочена токму кон нив, потенцира Милошевски. „За убав град заложбата за наследните вредности е: организација и поддршка на Охридската академија на хуманизмот,...
Post Views: 7
Во пресрет на роденденот на Македонското културно друштво „Св Кирил и Методиј“ од Трентино во овој италијански град вчера беше отворено македонско катче на книгата.
Со тоа на најубав начин во Градската библиотека во Тионе ди Тренто се заокружи проектот во соработка помеѓу Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“од Трентино.
На почетокот од септември минатата година НУ Библиотека од Охрид донираше поголем број книги од охридски и македонски автори со цел да го помогне отворањето на мини библиотека...