Post Views: 8
Ротари Клубот од Охрид, денеска донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид, наменета за децата со посебни образовни потреби кои се во редовна настава во училиштето.
Компјутерската опрема се состои од технички средства во вид на лап топ, фотокопир, печатар, ламирка и останати потрошни материјали кои директно ќе послужат за задоволувањето на посебните образовни потреби на учениците кои се дел од училиштето.
Донацијата беше остварена по предходна консултација со управата и стручното лице – дефектолог кое секојдневно работи со децата кои...
Post Views: 2
Министерството за локална самоуправа ги прави сите напори да обезбеди нормално функционирање на Центрите за развој во осумтте плански региони, бидејќи истите се идентификувани како значајни субјекти кои можат да придонесат за регионалниот развој во Македонија преку развивање на проекти со значаен импакт во споменатите територијално-просторни целини, а и за надминување на дисбалансите што постојат во државата.
Ова денес го истакна државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска-Гугоска, која заедно со раководителот на Секторот за правни...
Post Views: 1
Охридските овоштари почнаа да го фрлаат непродадениот род на јаболка и да ги чистат магацините. Стовариштата за јаболка се полни со плодови кои скапуваат. Оваа година беше тешка за прозиводителите скоро и да немаше откуп на јаболка или пак се откупуваа по енормно ниски цени, вели охридскиот овоштар Ванчо Стојаноски. Многу фактори придонесоа родот да остане непродаден и да скапува по магацините, кажува Стојаноски. И додека едните се лутат на државата што нема пласман и бараат помош за полесно да ги пребродат загубите, Стојаноски повикува на менување на свеста кај овоштарите....
Post Views: 0
Речиси двојно е зголемен бројот на пациенти на детското одделение во Струга. По затворањето на детското одделение во Охрид најкритични се изминативе два месеци. Огромен број деца кои имаат настинка, сезонски грип или корона се лекуваат во струшката болница. Најкритично е во викенди, за празници и ноќна смена. Покрај децата од Охрид на струшкото одделение наплив има и на деца од Ресен и Дебар.
Шест лекари педијатри работат на двете одделенија детско и неонатологија, а има 18 кревети за хоспитализација. Најмалото дете кое било болно од ковид во овој регион било едномесечно...
Post Views: 8
Зелено Охридско езеро. Овој концепт го протежираат љубителите на едриличарството и тврдат дека од него и езерото и градот ќе имаат повеќекратен бенефит. Прво и можеби најважно е што ќе се заштити езерото од загадување од штетните горива кои ги користат останатите пловни објекти. Будимир Соколовиќ, сопственик на едрилица објаснува дека едрилиците трошат тројно помалку гориво одколку на пример глисерите. Тој го истакна примерот кога на регатата во Хрватска за изминати 500километри потрошиле само 12 литри гориво, а еден глисер толку гориво би потрошил само ако од пристаниште...
Post Views: 0
„Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Константин Георгиески во текот на изминатиот период посветено работеше за подобрување на условите за младите охриѓани“, кажа на денешната прес конференција Бојан Михајловски кандидат за советник од СДСМ и коалицијата. Тој потсети дека годинава беа доделени рекордни 412 ученички и студентски стипендии и додаде дека континуирано се работи на аплицирање и имплементирање на проекти од меѓународни програми за поддршка на младите.
Веќе е започната процедура за отстапување на времено користење простор и спроведување постапка...
Post Views: 14
Во рамки на проектот „Регион Охридско Езеро безбедна дестинација за авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија, денес во Охрид се одржа работилницата “Управување со ризици и воспоставување на ефикасни системи за спасување – како основа за развој на авантуристички туризам”. Целта на работилницата е да се запознаат туристичките работници со капацитетите на новоформираните служби за спасување на планина во македонија и спасување на вода во Поградец, Албанија. Исто така се направи еден мал вовед...
Post Views: 2.020
Аеродромот во Охрид е рангиран во најдобрите трите аеродроми во Европа што постигнале највисок раст во првиот квартал од 2019 година, во групата аеродроми со под пет милиони патници годишно.Според Меѓународниот совет на аеродроми (ACI), охридскиот аеродром бележи 63.9 проценти пораст на патничкиот сообраќај во првиот квартал од 2019 година, а 96,9 отсто пораст на патничкиот сообраќај во март 2019, споредено со март 2018 година. Во категоријата аеродроми со помалку од пет милиони патници годишно, поголем раст бележат само италијанскиот аеродром во Таранто и грузискиот...
Post Views: 18
Граѓаните реагираат дека во градов има се помалку зеленило. На секое сечење на дрво јавноста се побурно реагира и бара одговори дали навистина тоа е неопходно поради нивна старост и опасност од нивно паѓање или тоа се прави поради некои други причини. Од Локалната објаснуваат дека за секое сечење на дрво се води строга контрола. Во одредени случаи може општинската комисија да дозволи отстранување на здраво дрво доклку е на приватен имот и сопственикот имал оправдана причина за тоа. Тука се и активностите за сечење и поткастрување на дрвата според програмата која е направена...
Post Views: 0
Најголемиот саем за мобилни телефони своите врати официјално ги отвора денес, но на вчерашната прес конференција за новинарите Samsung ги претстави новите модели од серијата Galaxy, S7 и S7 Edge.
Секако, моделот Edge доаѓа со закривен екран, а освен тоа моделите се разликуваат и по големината – Ѕ7 со 5,1 инчи, додека Edge е со екран од 5,5 инчи, а на двата модели станува збор за AMOLED екрани со резулуција од 2.560х1440 пиксели.
Телефоните ги покренува процесорот на Qualcomm Snapdragon 820, работат на Android 6,0 Marsmallow, имаат 4GB RAM и 32, односно 64GB меморија,...
Post Views: 2
Под влијание на студен бран од Медитеранот, денес и во наредните четири дена во нашата земја се очекуваат интензивни врнежи од дожд, на места и до 50 литри на метар квадратен а во западните предели и до 70 литри на метар квадратен. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека не се очекува врнежите да предизвикаат поплави и излевања на реки и водотеци, освен во исклучителни случаи на натпросечни врнежи. Општина Охрид во повеќе наврати интервенираше на чистење на каналите и речните корита така што до излевањње на водите не би требало да дојде, велат од таму.
„Денес...
Post Views: 2
Проектот Аптекарска станица во населено место во рурална средина е дизајниран да обезбеди континуирана примарна здравствена заштита за осигурениците.
Аптекарските станици се отвораат согласно потребите утврдени во мрежата на здравствени установи на Министерството за здравство, бројот на жителите во населените места, оддалеченоста и достапноста на населените места.
За таа цел со измената на Законот за лекови и медицински помагала е предвидeно здравствената установа – аптека, што има две или повеќе организациони единици-аптеки, во состав на подрачјето на иста општина,...