Најдобрите теквондисти од земјава, викендов во Охрид ќе ги одмерат силите во европско Таеквондо

Post Views: 3 Во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, во сабота, на 1-ви јуни ќе се одржи првиот Национален Таеквондо турнир „Ohrid OPEN 2019“, во организација на охридскиот клуб „Хваранг Фист“. Клубот е под раководство на Ацо Јосифоски, V дан, Светски семи-контакт и европски Таеквондо шампион, повеќекратен освојувач на медаљи од европски и светски првенства. Организаторите очекуваат учество на спортисти кои ќе се натреваруваат во неколку категории: машка, женска, кадети, јуниори и сениори. Најавуваат фер плеј, максимална транспарентност и одлична атмосфера за натпреварувачите. „Македонската...

Continue reading

Одлука на владата за надомест на фамилиите на загинатите во Куманово

Post Views: 6 Владата одлучи семејствата на припадниците на полицијата кои загинаа во борбите за неутрализирање на терористичката група во Куманово да добијат по 70.000 евра, а надоместоци ќе добијат и повредените и другите учесници во операцијата. Според владината одлука донесена на седницата во понеделникот доцна вечерта, на загинатите припадници на полицијата кои биле во брак, половина од сумата на надоместокот ќе биде доделен на сопругата, а половина на родителите на полицаецот. Во одлуката, која беше донесена доцна синоќа, стои дека на најтешко ранетиот полицаец ќе му биде доделен...

Continue reading

ОБЈАВЕН ВИДЕО КОНКУРС НА ТЕМА „ЗОШТО ЕВРОПА СИ ТИ”

Post Views: 8 По повод овогодинешното одбележување на Денот на Европската Соработка, Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија објави видео конкурс на тема „Зошто ЕВРОПА СИ ТИ?”. Учесниците се поканети да подготват кратко видео на македонски јазик или на англиски јазик, направено со паметни телефони со максимално времетраење од 40 секунди. Конкурсот е отворен за сите граѓани кои живеат во регионите на прекуграничната соработка помеѓу двете соседни земји, како и за сите средношколци и студенти. Видеата треба да одговорат на прашањето:...

Continue reading

semejno nasilstvo

Сторителот на семејно насилство надвор од домот

Post Views: 1 Сторителот на семејното насилство надвор од домот. Ова го предвидуваат новините на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство. Досега жртвата на семејно насилство беше згрижувана, потенцира заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибраими. Со законските измени насилникот ќе добие забрана да се приближува до домот, да и телефонира на жртвата, или да се приближува до работното место. Ибрахими признава дека во досегашното искуство за решавање на проблемот со семејното насилство, имало големи пропусти во работата на Центрите за социјална...

Continue reading

Утврден Предлог-Законот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион

Post Views: 0 На 137 редовна седница, Владата на Република Северна Македонија го утврди Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и донесе одлука тој да биде доставен на усвојување во Собранието на РСМ. Во Предлогот на законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион се имплементирани обврските што произлегуваат од Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на Организацијата на обединетите нации за образование, наука и култура, и се создаваат формално-правни предуслови, преку интегрирано...

Continue reading

11-ти октомври неработен ден за сите граѓани

Post Views: 8 Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), понеделник, 11-ти октомври, Денот на народното востание е државен празник и неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. По фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор. И пред 11-ти октомври 1941 година постои вооружен отпор против окупаторот. Така, на 8-ми септември Лазо Колевски убива бугарски...

Continue reading

РК Охрид утре го пречекува Вардар Јуниор во последниот натпревар од плеј аутот

Post Views: 3 Во последното коло од плеј аутот РК Охрид го заокружува настапот  во машкатата ракометна суперлига пред домашна публика.  Охридските ракометари утре со почеток во 17 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ ја  пречекуваат екипата на Вардар Јуниор, натпревар во кој  гладијаторите се фаворити. Моментално еден од најдобрите ракометари во екипата е младиот Мартин Иваноски кој добро ја користи дадената доверба од тренерот Андоновски. „За разлика од младинската екипа каде што играм 60 минути и имам голема слобода сега кога играм во прва постава во сениорскиот тим тоа е поголема одговорност....

Continue reading

Употребата на зборот „македонско“ не е забранета и ова не е причината за затворањето на комплексот „Македонско село“

Post Views: 2 Пишува: Ардит Рамадани Во еден предизборен процес кандидатите за разни државни позиции имаат тенденција да станат големи патриоти, до тој степен што почнуваат да судат и за „патриотизмот“ на противкандидатите само за да добијат политички поени на грб на популизмот кој го комбинираат со нездрав патриотизам. Па така, кандидатката за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во објава на „Фејсбук“ ја „обвинува“ претходната власт за затворањето на комплексот „Македонско село“, алудирајќи на Преспанскиот договор. Вакво нешто не стои во Преспанскиот договор, а ова не го тврди ни...

Continue reading

Изработена физибилити студија за откупен дистрибутивен центар во охридскиот рeгион

Post Views: 0 Општина Охрид ја изготви Физибилити студијата за оправданоста од изградба на откупен дисктрибутивен центар. Со тоа тргнуваат работите од мртва точка во насока на решавање на еден горлив проблем за производителите на храна, трговците и угостителите. Секторот за туризам и локален економски развој при Локалната самоуправа е нарачател на студијата во која сега се дефинирани сите услови во однос на производството и побарувачката на локалните производи, напоменува Ѓоко Апостолов од Тлер. Претходно беа согледани потребите и бенефитот од една ваква инвестиција во регионот. Земјоделските...

Continue reading

Ванеса Меј со нетрпение го чека настапот на „Охридско лето“

Post Views: 8 Се огласи уметникот, чијшто настап ќе го отвори годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“. Ванеса Меј, виолинистката со чијшто настап ќе биде отворено годинешното 59 издание на најголемата музичко сценска манифестација кај нас, фестивалот „Охридско лето“ се обрати со видео порака до своите фанови. Кажа дека со нетрпение го очекува отворањето на фестивалот и секако нејзиниот настап.

Continue reading

Започна промоцијата на новата еколошка кампања „За чисто како дома исто“

Post Views: 0 Делегацијата на европската унија, предводена од евроамбасадорот Самуел Жбогар ќе ги поддржи таканаречените херои од соседството кои ја започнаа промената и испраќаат моќна порака дека ѓубрето наоколу е наше. А промени настануваат преку давање пример од страна на поединци или на општините. Евроамбасадорот рече дека ќе биде голем срам за државата и граѓаните доколку Охрид го загуби статусот на заштитено светско наследство на УНЕСКО. Затоа сите треба да се обединат и да се направи се што е потребно, за Охрид да остане на глобалната листа на места со значајни природни и...

Continue reading

Новите реакции на Facebook стануваат проблем за политичарите

Post Views: 2 Иако голем број корисници бараа од Mark Zuckerberg воведување на “dislike” со кој би изразиле несложување со одредени статуси, фотографии, вести и слично, шефот на оваа компанија се одлучи за поинаков пристап со неодамнешните воведени реакции. Наместо палец надолу на оваа мрежа сега може да се изразат реакции на љубов, смеа, тага и лутина. Иако нема “dislike” корисниците пронајдоа начин на кој можат овие реакции да ги искористат против политичарите па така на CNN велат дека првата жртва на овие нови реакции на Facebook е првиот човек на Хонг Конг, Cy Leung. Тој не ужива...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top