11-ти октомври неработен ден за сите граѓани

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), понеделник, 11-ти октомври, Денот на народното востание е државен празник и неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

 |   | 

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), понеделник, 11-ти октомври, Денот на народното востание е државен празник и неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

По фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор.

И пред 11-ти октомври 1941 година постои вооружен отпор против окупаторот. Така, на 8-ми септември Лазо Колевски убива бугарски стражар кај Богомилскиот тунел, истиот ден во Скопје Боро Петрушевски убива бугарски војник, на 7-ми октомври во Скопје е извршен обид за убиство на агентот Мане Мачков, во кој загинува Благоја Деспотовски- Шовељ, а на 8-ми октомври Трајко Бошкоски- Тарцан, пробивајќи се низ непријателскиот обрач во Прилеп, убива еден непријателски полицаец.

За почеток на востанието против фашизмот во Република Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11-ти октомври 1941 година. Во нападот учествуваат 16 партизани, распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората- затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.

На 12-ти октомври 1941 година, во областа Студена вода е формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот партизански одред. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени. Карадачкиот одред е разбиен на 14-ти октомври, а Козјачкиот одред- на 17-ти октомври. Скопскиот партизански одред, формиран веќе во август, не зема учество во овие настани, бидејќи борците не биле известени. Иако активноста на овие први партизански одреди е скромна, таа претставува иницијална каписла за продолжување на борбата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top