Post Views: 6
На сцената на Охридскиот народен театар на 3 јуни ќе се игра „Балканска 3а/2“ . Текстот е на Дејан Дукоски и е едно од неговите први драматуршки дела, режијата е на Ана Батева , а улогите ги играат Стрезо Стаматоски, Никола Тодороски,Елизабета Стефаноска и Филип Кипроски.
„ Се роди уште еден театарски проект во Охридскиот театар кој сум убедeн ќе ги задоволи апетитите на охриѓани и пошироката публика“ рече Горан Симоноски директор на Охридскиот народен театар .
Режисерот на претставата Ана Батева за прв пат работи на создавање театарско дело со актерите од Охридскиот...
Post Views: 1
Најголемата брана на светот се наоѓа на 50 километри од Мосул, а опасноста од нејзино распукување е огромна.
Ако распука браната кај Мосул тоа би било права катастрофа за најмалку 1,5 милиони луѓе, предупредуваат од американската администрација. Опасноста од распукување на браната е огромна.
Цунамите би убиле илјадници луѓе за неколку часа, а една третина од Ирак би завршил под вода со висина од 13 метри и тоа би траело со недели, слично како што се случи со Њу Орлеанс по ураганот Катрина. Ирачката влада не би била во можност да спроведе евакуација бидејќи Исламска држава...
Post Views: 2
Скоро секој втор Македонец или 46 проценти од населенито се активни пушачи, покажала Студијата за штетноста од психотропни супстанци. Последните истражувања од минатата година направени од Институтот и општинските центри за јавно здравје покажале дека 57, 8 проценти од македонските пушачите се на возраст помеѓу 36 и 44 години, а 40,2 проценти се младо возрасно население на возраст од 15 до 34 години. 12,6 проценти првата цигара ј а запалиле на 15 години, а 6,1 посто на 14 години. Дури 4,1 посто експериментирале со првата цигара на 11 години и помала возраст, информира...
Post Views: 1
Владата на Република Македонија,на седницата одржана вчеравечер, одлучи на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили да им се додели финансиски надомест во висина од 70 000 евра по семејство, во денарска противвредност.
На загинатите припадници на полицијата кои беа во брак, половина од сумата на надоместокот да биде доделен на сопругата, а половина на родителите на полицаецот. Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да подготви и да достави информација за потребите за дополнителна помош и поддршка на членовите на семејствата на загинатите...
Post Views: 7
Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, првата недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат реализирани повеќе активности.
Целта на организирањето на оваа „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.
Во текот на неделата на животната средина ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени...
Post Views: 2
Во завршна фаза е новиот паркинг на СОУ „Нико Нестор“. Станува збор за паркинг простор кој што се протега на површина од 300 метри квадрати со 30 паркинг места, кој што се гради позади објектот на средното училиште Нико Нестор. Овој простор претходно беше неуреден. Како што за ТВМ изјави директорот на училиштето Никола Затуроски, паркингот е наменет специјално за возилата на професорите, а неговата изградба е комплетна заложба на менаџерскиот тим на школото со несебична помош од и учениците и залагање на професорите.
„Се што се прави и се што може финансиски да се избегне...
Post Views: 8
Општина Охрид во рамките на своите редовни активности, а согласно својата политика за примена на највисоки стандарди за заштита на животната средина, почитувајќи ја Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство и настојувајќи да ги спроведе сите препораки од Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО (април 2017 г.), на 06.06.2018 година, со почеток во 11 часот, во големата сала на Општина Охрид, организира трибина за Студенчишкото блато и потребата од регулирање на пловниот сообраќај во Охридското Езеро посебно во делот на сместување на пловните...
Post Views: 0
„Физичкото образование е еден од најбитните сегменти во севкупниот образовен процес, кој има повеќекратни позитивни ефекти врз идниот развој на младите“. – истакна Наум Јамандиев, кандидат за член на Советот на Општина Охрид.
Тој потенцираше дека спортската активност е клучен фактор за создавање на здрави генерации какви што ѝ се потребни на Општина Охрид.
Во таа насока, за потребите на жителите на Лескоец и за здравиот развој на младите гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески“ со цел подобрување на физичкиот развој. Придобивки...
Post Views: 0
Струшките советници денеска, на 24 тата седница на совет гласаа против предлог одлуката за забрана за педалинките на струшкиот брег од езерото.
Општината планираше за време на летната сезона да забрани паркирање и издавање на педалинки за пловење по охридското езеро за подрачјето на општина Струга. Но мнозинството од градските избраници отценија дека таквата одлука ќе им го намали приходот на голем број семејства кои значаен дел од средствата за егзистенција ги обезбедуваат преку издавање на овие реквизити за забава на вода.
Градоначалникот Рамиз Мерко, порача дека и...
Post Views: 3
До каде е постапката и дали функционира шинтерската служба во надлежност на ЈП Охридски Комуналец беше точка со која на барање на опозцијата беше надополнет дневниот ред на денешната 27ма седница на градскиот Совет. Кирил Пецаков координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, обвинува дека службата за прифаќање на бездомни кучиња не функционира, а кучињата скитници стануваат опасни и напаѓаат луѓе.
„ Политичка волја има, формирана е шинтерска служба ,7-8 месеци разговараме за службата , а која е реалноста сите гледаме дека кулминираат нападите на бездомните кучиња“,...
Post Views: 2
Сергеј Костовски ученик во четврта година во ДСУ Спортска Академија – второ место на 10 Меѓународен фестивал во проза и поезија „Станислав Препрек“ и трето место на 11 Меѓународен фестивал во проза и поезија „Михаил Бабинка“.
Сергеј Костовски освои и прво место на државниот натпревар МАССУМ за најдобра поетска творба добивајќи сипендија од ФОН Универзитетот за прв циклус студии.
Сара Џелили ученичка во втора година во ОУТУ „Ванчо Питошески“ – второ место и на 10 Меѓународен фестивал во проза и поезија „Станислав Препрек“ и на 11 Меѓународен фестивал во проза...
Post Views: 7
Со адаптација на улицата „Македонија“ во пешачка зона, ќе се обезбеди поинаков спој меѓу езерото, луѓето и урбаниот дел на градот.
Стратешките определби на локалната самоуправа од Oхрид се да се обезбеди одржлив развој во кој ќе бидат задоволени потребите на жителите, но и заштитата на природното и културното наследство, во кое ќе уживаат и граѓаните и бројните туристи од светот. Од Локалната признаваат дека во изминативе неколку децении направени се бројни пропусти и штети врз хармонизираниот спој на природните, културните и вкупните амбиентални вредности, единствено...