• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Јамандиев : Гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец

Јамандиев : Гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец

„Физичкото образование е еден од најбитните сегменти во севкупниот образовен процес, кој има повеќекратни позитивни ефекти врз идниот развој на младите“. – истакна Наум Јамандиев, кандидат за член на Советот на Општина Охрид.

 |   | 

„Физичкото образование е еден од најбитните сегменти во севкупниот образовен процес, кој има повеќекратни позитивни ефекти врз идниот развој на младите“. – истакна Наум Јамандиев, кандидат за член на Советот на Општина Охрид.

Тој потенцираше дека спортската активност е клучен фактор за создавање на здрави генерации какви што ѝ се потребни на Општина Охрид.

Во таа насока, за потребите на жителите на Лескоец и за здравиот развој на младите гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески“ со цел подобрување на физичкиот развој. Придобивки од овој проект имаат и спортските клубови во село Лескоец. Образовниот процес не е само теоретска наобразба на учениците од учебници. Основното образование е темел на нашата иднина, расадник на нова идна генерација мислители, научници и иноватори, уметници, водачи и креатори на новите стандарди и на новиот начин на живеење во Охрид – вели Јамандиев.

За таа цел гарантираме изградба на ново, современо основно училиште. Заокружи 7 за Образование за сите! 7 за Промени, Проекти, Победи! 7 за Д-р Кирил Пецаков, и ВМРО-ДМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“. – додава кандидатот за член на Советот на Општина Охрид, Наум Јамандиев.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top