Post Views: 5
Во новиот Закон за основно образование кое го изготвува Министерството за образование и наука (МОН), ќе биде вметнато и новото т.н. национално тестирање, кое заедно со другите измени и новини, ќе започне да се реализира од претстојниот септември. Ова тестирање е предвидено со програмата на Владата, како и во законот, чија примена се планира да започне од новата учебна година.
Основците ќе бидат дел од ново, т.н. национално тестирање. Се планира учениците да бидат тестирани двапати во текот на основното образование. Едното тестирање треба да се спроведе во четврто одделение,...
Post Views: 1
Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за докомплетирање на проектната документација за делницата долга 57 километри, за која државата за нејзината изведба ќе треба да издвои вкупно 598 милиони евра.
Како што се наведува во тендерот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки, идниот проектант ќе треба да ги изработи и докомплетира основните проекти и проектите за инфраструктура за сите 5 подделници на автопатот. Обемната листа вклучува препроектирање за стабилизација на косините и санација на свлечиштата долж целата траса, изградба на контролен...
Post Views: 5
Бројот на милијардери во светот оваа година, прв пат од 2009, е намален како и нивното богатство, а најбогат човек на светот и понатаму е Американецот Bill Gates, објави часописот Forbes.
Во 2016 година има 1810 милијардери, што е за 16 помалку од пред една година. Вкупното богатство со кое располагаат се намалило за 570 милијарди долари и сега таа сума изнесува 6489 милијарди долари, пишува Forbes.
Весникот објаснува дека прераспределбата на богатството во светот е последица на нестабилноста на берзите, намалувањето на цената на нафтата и силниот долар. Ова е видливо...
Post Views: 9
Охрид сеуште трчаТ. И по завршувањето на третото издание на Атлетскиот викенд Охрид трчаТ коментарите не стивнуваат, а импресиите се сеуште силни. И покрај дождот кој врнеше за време на целиот настан, се помина беспрекорно. Предизвикот за организаторите беше уште поголем, а учесниците во суперлативи зборуваат за спортската манифестација. Годинава на „Охрид трчаТ“ беа пријавени 1.585 натпреварувачи. Најголемиот дел од нив истрчаа до крај и на двете патеки, едната со должина од 5 километри, а другата со должина од десет километри. На десеткилометарската патека победија...
Post Views: 1
Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и министрите за внатрешни работи, односно транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески поднесоа оставки на своите функции, а се шпекулира дека оставка дошла и од министерот за финансии Зоран Ставревски, но за тоа сеуште нема потврда.Груевски до Собранието вечерва веќе доставил и предлози за избор на двајца нови членови на Владата, пренесува МИА.
За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за транспорт и врски Владо Мисајловски. Чавков е актуелен директор во Бирото за...
Post Views: 3
Охридските плажи ова лето ќе работат на црно. На прагот на туристичката сезона плажите се уште не се издадени под концесија. Иако владата најави дека им ги одзема ингеренциите на општините за издавање на плажите тој процес остана во најава. Договорите на концесионерите им се одамна истечени, за петте плажи кои последно беа на јавно наддавање лани договорите не се продолжени , тие се заглавени во судски лавиринти меѓу старо новите закупци. Поранешните концесионери велат дека огромна е штетата која ја трпи туризмот. Доколку немаат избор ова лето ќе мораат да работат...
Post Views: 1
Реконструкција на струшкиот плоштад со зачувување на „Споменикот на револуцијата“ се дел од плановите на градоначалникот на Струга, Зијадин Села. Состојбата во која се наоѓаат истите години наназад, бараат што е можно побрза реакција од страна на локалната самоуправа од Струга.
Градоначалникот Села смета дека стружани заслужуваат едно убаво решение како градски плоштад во кое сите граѓани ќе можат да уживаат.
„Сакам еден друг поглед да дадам на центарот на градот. Да не е ова што е, да имаме еден добр објект, добар плоштад, а не вака, да имаме еден плоштад кој е запоставен...
Post Views: 2
„Отворени врати за менување на платежниот пејзаж“. Ова е темата на Дванаесеттата конференција за плаќања и пазарна инфраструктура, којашто ја организира Народната банка на Република Северна Македонија во соработка со Банката на Холандија, а од денес се одржува во Охрид. Претставници на централните банки од евросистемот и на централните банки од регионот на Западен Балкан и Црното Море ќе дискутираат за најновите светски трендови во областа на плаќањата и предизвиците за нивната примена и повеќе клучни прашања поврзани со промените во правната рамка за платежната сфера...
Post Views: 2
Во пресрет на есенските месеци голем дел од хотелските капацитети на брегот на Охридското езеро повторно ќе стават клуч на врата. Половина година, поголемиот дел од хотелите беа затворени, а трите месеци во екот на сезона кога имаше туристи не се доволни да се покријат трошоците за нормално функционирање, велат од хотелската асоцијација ХОТАМ.
Дополнително негативно е што оваа есен одложени се сите семинари и конгреси, хотелите од крајот на септември зјаат празни.
Да не заборавиме дека шест месеци од оваа година бевме затворени и сите објекти кои работат 12 месеци годишно...
Post Views: 1
Во согласност со препораката под реден број 19, која беше нотирана од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Сесија 41 COM 7B.34), Општина Охрид ја започна најавената акција за отстранување на рекламните билборди кои се лоцирани во делови од централното градско подрачје и на крајбрежниот потег, во должина на кејот „Македонија”.
Акцијата за отстранување на билбордите е координирана од службите на Јавното претпријатие „Градски Пазар”. Во текот на денешниот ден беше реализиран првиот дел од акцијата за отстранување, при што беа демонтирани вкупно 5 билборди,...
Post Views: 9
Охрид ТрчаТ оваа година руши рекорди. 1585 пријавени учесници од 20 земји, рекорден врој и луѓе ангажирани во организацијата, нов концепт и повисоки стандарди во организирање ваков тип на настани. Јоне Станкоски, Претседател на Атлетскиот клуб Охрид трчаТсе заблагодари на Општина Охрид, на јавните претпријатија, приватните компании, државните инстуции и граѓаните за континуираната поддршка на манифестацијата која бележи раст и го става градот на мапата на маратони и полумаратони во регионот и пошироко. „Значи имаме 50% зголемување на учесници споредено со минатта...
Post Views: 0
Од Здружението на граѓани „Совест“ денеска го повикаа премиерот Зоран Заев да дојде на „отворањето и легализирањето на дивоградбата“. Разочарани, измамени и превеслани ве поздравуваат охриѓани, му порачаа од Совест на премиерот.
„Еве и ние од совест додека си чекаме да не не покани, за да се реши проблемот, додека неповратно го губиме статусот за заштита од УНЕСКО, јавно го повикуваме Господинот Зоран Заев да дојде со бомбониера на легализирање и отварање на дивоградбата Али-ПАшина Џамија, со минаре најголемо и доминантно во цел Охрид“.
„Да му порачаме да нема гајле,...