Наместо екстерно, за основците национално тестирање од септември

Во новиот Закон за основно образование кое го изготвува Министерството за образование и наука (МОН), ќе биде вметнато и новото т.н. национално тестирање, кое заедно со другите измени и новини, ќе започне да се реализира од претстојниот септември.

 |   | 

Во новиот Закон за основно образование кое го изготвува Министерството за образование и наука (МОН), ќе биде вметнато и новото т.н. национално тестирање, кое заедно со другите измени и новини, ќе започне да се реализира од претстојниот септември. Ова тестирање е предвидено со програмата на Владата, како и во законот, чија примена се планира да започне од новата учебна година.

Основците ќе бидат дел од ново, т.н. национално тестирање. Се планира учениците да бидат тестирани двапати во текот на основното образование. Едното тестирање треба да се спроведе во четврто одделение, а другото во деветто одделение.

Резултатите од тие тестови нема на ниеден начин да влијаат врз учениците и врз наставниците.Родителите, учениците и наставниците не треба да се грижат затоа што нема да има споредување на оценки, нема да има последици врз нив. Намерата е само да се провери што имаме во системот за да можеистиот да се подобрува.

Од Министерството за опбразование велат дека станува збор за надворешна евалуација која не влијае на успехот на учениците, ниту пак, на каков било начин врз наставниците. Ќе дава резултати преку кои ќе се направи увид што и како учениците научиле, а тоа ќе биде потребно за понатамошно конципирање на образовните политики.

Од ресорното министерство додаваат дека нема да има казни за наставниците.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top