Post Views: 0
„Фајзер“ ги достави првите податоци за ефективноста на третата доза на вакцината до Американската администрација за храна и лекови (ФДА).
Од „Фајзер“ тврдат дека нивната трета доза на вакцината, како дополнителен засилувач на имунитетот е поефикасна против многу позаразниот делта-сој на коронавирусот, според првите податоци од студијата што биле доставени до американската ФДА.
Податоците што ги видовме досега сугерираат дека третата доза на нашата вакцина предизвикува високо ниво на антитела, што значително го надминува онаа што се јавува по примените две дози – рече...
Post Views: 3
-Овие МСмарт картици се исклучиво за српски државјани со српски таблици кои влегуваат на територија на нашата држава и исклучиво транзитираат низ нашата држава и одат за Република Грција. Служи за едно одење и враќање до Република Грција и назад, вели раководителката на смена на ГП Табановце, Снеже Митева.
Србите секако задоволни од оваа поволност. Сепак, дел сметаат дека нема потреба Македонија да се оддолжува за донираните вакцини.
-Српските државјани кои од денеска, па се до 15 август ќе добијат МСмарт картички ќе можат да ги чуваат и за следната сезона, но секако,...
Post Views: 23
Денес, започна замената на оштетената кровна конструкција на струшкиот Центар за култура Браќа Миладиновци. За реконструкцијата на ова национала установа се обезбедени 820.000 денари средства од ресорното министерство за култура кое издвои средства во висина од 750.000 денари и учество со сопствени средства на центарот во износ од 70.000 денари. Завршена е постапката за избор на изведувач според законот за јавни набавки, а целиот зафат треба да се реализира за 40 дена, вели директорката Николина Велковска Глигоровска.
„Потребата беше голема бидејќи имаше големо прокиснување...
Post Views: 0
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.А. (62) на привремена работа во Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба”.
Пријавената, на сопствена катарстарска парцела во селото Пештани, без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган и спротивно на другите одредби од Законот за градење, изградила објект за домување. При инспекциски надзор извршен на 05.01.2022 година, овластен градежен инспектор при општина Охрид, донел решение за отстранување на градбата – информираат од...
Post Views: 2
Зимата 2021/2022 се очекува да биде со малку надпросечни температури и количини на врнежи во однос на многугодишниот просек 1981-2010 година, покажува сезонската прогноза на УХМР изработена врз основа на анализите на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF), Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), како и други светски прогностички центри.
Очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морињата во последните неколку месеци укажуваат и на пораст на температурите на воздухот, како на...
Post Views: 2
Од СВР Охрид негираат дека физичката пресметка има врска со вакцините и вакциналните серитфикати. Оттаму велат дека се работи за тепачка меѓу припадници на две семејства поради нерасчистени односи.
Видео од тепачка, за која се тврди дека се случила во Дебар, од синоќа се споделува по социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, а денеска е преземено од неколку портали. Корисник на Фејсбук без подетално објаснување, пишува:
Рестрикциите на Венко!
Видео превземено од Твитер.
Еве што се случува,додека тој си шета слободно !
Ова е во Дебар!
Овој пост во моментот на нашата рецензија ...
Post Views: 0
Турција почна со изградба на ѕид на границата со Иран за да спречи продор на авганистанските граѓани кои бегаат од талибанскиот режим, јави Би-Би-Си.
Десетици илјади луѓе очајнички бараат начин да заминат од Авганистан, а се претпоставува дека бегалците ќе се упатат кон Иран, а потоа кон Турција.
Турските власти издадоа наредба за изградба на ѕид на границата со Иран со цел да се спречи голем бран бегалци, но и продор на инфилтрирани талибанци помеѓу нив.
Предвидено е ѕидот да биде долг 295 километри.
Post Views: 11
Покрај Македонија, повеќето земји од регионот кои се наоѓаа на листата, сега се тргнати: Грција, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.
Германскиот институт повеќе не ги смета за ризични и: САД, Украина, Швајцарија, Португалија, Норвешка, Молдавија, Либија, Кипар, Канада, Азербејџан и Австрија Ерменија.
Во групата високоризични, пак, се сметаат: Малезија, Монголија, Намибија и Шри Ланка.
Со мал ризик, Германија ги смета: Грузија, Мексико, Португалија, Шпанија и Катар.
Post Views: 0
Обновен објектот на Едриличарскиот клуб„Снегар“ во Струга. После големиот пожар изминатово лето, кога објектот беше комплетно уништен заедно со целокупната едриличарска опрема и пловила, Агенцијата за спорт и млади го возобнови и вчера го пушти во употреба новиот спортски објект.Станува збор за комлетно нов и современ објект, кој ќе ги задоволува потребите на едриличарите.
„На свечена пригода го отворивме Едриличарскиот клуб во Струга кој беше изгорен на 21 јули. И тоа е една силна порака дека државата се грижи за спортот, државата се грижи за објектите кои настрадале...
Post Views: 3
По утврден дефект на водоводната мрежа на просторот од дирекцијата на ЈП „Охридски Комуналец” кој е констатиран уште пред шест месеци од страна на екипите на ЈП „Водовод”-Охрид и доставени енормно високи сметки за потрошувачка на вода, од 18.01.2022 год. е прекинато водоснабдувањето и се пристапи кон решавање на проблемот.
Започнати се градежни активности со копање на водоводен канал и со одобрение од директорот се поставија нови водоводни цевки во должина од 120 метри. Во наредните денови се очекува да се надмине проблемот кој претходно не беше навремено саниран –...
Post Views: 2
Потребни сме му на малиот јунак Матеј. Матеј Стоилов има десет години и е дете со посебни потреби. Матеј боледува од аутизам со мизојална темпорална склероза, интелегенција со процент од 49% метаболопатија и епилепсија. Дијагностицирано е оштетување на мозокот од левата страна кој има тенденција за проширување и кон десната страна.
Трансакциска сметка за донации:240 1671025375 13Уни Банка
Повеќе информации на следниот линк
Post Views: 0
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека невакцинираните не се опасни во контекст на тоа дека не го шират вирусот (новите варијанти на вирусот, а од нив најдоминантна на светско ниво е делта варијантата). Во постот се додава дека невакцинираните не го шират вирусот, па затоа се предлага тие (вакцинираните) да се изолираат од општеството. Нелогичното тврдење му е атрибуирано на професор по инфективни болести од Франција, Кристијан Пероне.
Вакцинираните се во ризик од новиот вирус и го пренесуваат. Докажано е во различни земји. Значи вакцинираните треба да бидат...