Post Views: 4
Центарот на Заедницата на Општина Струга организира панел дискусија на 26 Декември 2014 година (Петок) во 14:00 во Арт Кафе – Струга со тема: „Кај ни е мостот?!“
Дискусијата ќе се состои од три дела и тоа:Воведен говор и видео презентација со слики од поранешниот дрвен мост во Струга-Споделување на мислење од поканетите панелистиОтворена дискусија со присутните
Овој настан ќе претставува можност да го кажете вашето мислење и став во врска со темата, да предложите идеи како да ги вратиме изгубените вредности на градот и и мерките кои треба да бидат преземени од страна...
Post Views: 1
Екипи на МЈП Проаква го санираа преливањето на отпадните води кај Грашница . Стар проблем кој повторно ги вознемири граѓаните , но и надлежните институции. Локалната самоуправа за прв пат постапи по решението на Државниот инспекторат и постави табли забрането капење по испитувањата за квалитетот на површинските води кои покажаа дека водата за капење кај Грашница и одморалиштето Партизан е од трета категорија. МЈП Проаква секојдневно ги решава дефектите кои се јавуваат на пумпните станици на колекторскиот систем. Во рамките на финансиските можности се решаваат критичките...
Post Views: 1
„Вечерва завршуваме со ветувањата, од утре почнуваме со реализација. Имаме многу работа да ја вратиме довербата на граѓаните. Сите што се подготвени на посветено и чесно работење во интерес на граѓаните се добредојдени во мојот тим“, кажа новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вчерашната прес конференција.
На вчерашните избори тој освои убеливо мнозинство од гласовите на членовите кои гласаа.
Според официјалните податоци од СДСМ на изборите одзивот беше 85,6 отсто. Правото на глас го искористиле 44.406 членови а 37.649 го подржаа Димитар Ковачевски, актуелен...
Post Views: 7
Вечерва во центарот за култура „Григор Прличев“ во 21 часот, Загрепски младински театар, Хрватска ќе ја донесе претставата „Хадерсфилд“ Од Угљеша Шајтинец.
„Хадерсфилд“ е мрачна, потресна и духовита приказана за една триесет годишна генерација, која ги доживува последиците од војната и не гледа пред себе никаква иднина. „Хадерсфилд“ постави темна, духовита и многу трогателна приказна за една генерација од триесет години, која на крајот од новиот милениум тешко ги остави зад себе последиците од војната, и пред себе не гледа никаква индикација за подобра иднина. Во такви...
Post Views: 1
Благодарение на посветеноста на централната и локалната власт предводена од СДСМ, нашиот скапоцен бисер Охридското Езеро ја доби потребната грижа, која години наназад му беше ускратена, кажа на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник Константин Георгиески. Со отпочнувањето на реконструкцијата на Колекторскиот систем, санација на најкритичните делови и формирањето ново државно јавно претпријатие „Колекторски систем“ решаваме сложен и сериозен проблем, кој беше еден од нашите најважни приоритети, посочи Георгиески.
Како локална власт бевме дел од целокупниот...
Post Views: 0
Од денес во стариот дел на градот се вози по нов режим на сообраќај. системот функционира, картичките се реевидентирани па засега нема некои поголеми проблеми, велат од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта. Картичките се издадени по основ на 4 категории, на правни лица, станозидавачи, жители кои постојано живеат во тој дел од градот и граѓани кои имаат куќи, а не и постојано живеалише во Охрид. За обезбедување на рампите се ангажирани лица од општината, а дополнително по потреба ќе се вклучува обезбедувањето кое се грижи за јавниот паркинг. Влезот на такси...
Post Views: 1
Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник.
„Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за специјален јавен обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив...
Post Views: 5
Од 18-ти до 21-ви јули, на плажата „Оревче“ во Охрид ќе се одржи второто издание на Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival.
BEACH FILM FESTIVAL претставува интердисциплинарен настан кој е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм и неговата идентификација како посебен културолошки феномен.
BEACH FILM FESTIVAL претставува прв од ваков вид во Македонија, кој со својот иновативен концепт се издвојува се од досегашните фестивалски стандарди. Она што го прави уникатен е, пред се, локациите кои ги избравме за нашите филмски проекции...
Post Views: 0
Спрема пишувањето на AP, Исламска држава тренирала најмалку 400 свои борци за директни напади на клучни мети во европските земји. Обуката се одржувала во упориштата на Исламска држава во Сирија и Ирак, а постојат индикации дека кампови за обука се наоѓаат и во земји на поранешниот Советски сојуз.
АР тврди дека напаѓачите на Париз влегле во Европа во група од 90 такви тренирани борци, а можно е истата приказна да е и со напаѓачите во Брисел имајќи во предвид дека има поврзаност помеѓу двете групи.
Мрежата на напаѓачи која е распрскана ширум Европа добила јасни упатства...
Post Views: 6
„Итали кафе“ е новиот објект со кој охридската угостителска понуда станува побогата. Во низата кафулиња и ресторани со „ИТ кафе“ градот добива нов препознатлив угоститески објект, информира ПР менаџерот Јасна Стојаноска.
„ Се наоѓаме во срцето на Охридската чаршија кај скаличките до ТЦ Амам. Во „ИТ кафе“ ќе имаме добро избрана музика, гостите ќе уживаат во добра урбано место , со вкусна харна , добри пијалоци и најдобро кафе“, напоменува Стојаноска.
Италијаскиот шарм ќе го пронајдете во „Итали кафе“, со стилски ентериер и прекрасен амбиент. Место каде што посетителите...
Post Views: 2
Денеска за трет пат ќе се сретнат лидерите на четирите најголеми политички партии на, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, со присуство на амбасадорите на САД и ЕУ во земјава, Џес Бејли и Аиво Орав.
По одржаните две средби до сега, политичките лидери немаат постигнато никаков договор за излез од политичката криза.
ЕУ размислува за праќање специјален претставник во Македонија. Идејата да се испрати специјален претставник на ЕУ во Македонија стаса од лидерот на опозицијата Зоран Заев по неговото враќање од преговорите со Груевски во Стразбур.
Поради безбедносните импликации по...
Post Views: 1
Викендов во Конгресниот Центар во Охрид започна деветтата меѓународна летна школка, “Направи разлика, унапреди го бизнисот и помести ги границите со помош на дигиталните технологии“.
На свеченото отворање пригодно обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески:
„Ми причинува чест и задоволство што по деветти пат го избравте Охрид, градот со испреплетена култура и јадрото на словенската писменост, за да ја реализирате програмата на годинешната летна школа под наслов: “Направи разлика, унапреди го бизнисот и помести ги границите со помош на дигиталните...