Post Views: 0
“Panama Papers” се состои од 2,6 терабајти податоци, 11,5 милиони документи и 214.000 фиктивни фирми – станува збор на најголемото истекување на податоци со кои новинарите некогаш се сретнале.
Mossack Fonseca е адвокатска фирма, од која протекоа информациите, со седиште во Панама кој меѓудругите услуги се наоѓа и услугата за покренување на компанија на подрачја кои не подлежат на правото, туку се наоѓаат под офшор јурисдикција како што се Британските Девствени острови. Таа адвокатска фирма потоа управува со новосоздадената компанија со некоја годишна надокнада. Mossack...
Post Views: 1
На интернет страница често користена од Ал Каеда во исламски Магреб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, беше упатен повик за убиство на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.
„Посетата на Рајс на Магреб претставува исклучителна можност за нејзино убиство пред да заврши нејзиниот мандат“, се вели во пораката. Повикот бил откриен од американскиот институт SITE кој анализира интернет страници.
Рајс ќе ги посети Либија, Тунис, Алжир и Мароко и нејзината посета ќе заврши на 7 септември. Пред да замине таму, таа денска ќе биде во посета на Лисабон. Посетата...
Post Views: 1
Со цел зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, Министерството иницира активност за подобрување на условите во здравствените домови и другите објекти од здравството на Република Северна Македонија. Министерството за здравство информира дека пред неколку дена на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) ја отпочна постапката за јавна набавка на градежно-занаетчиски услуги за тековно одржување на здравствените објекти и набавка на болнички кревети и ТВ приемници за потребите на 34 здравствени установи во Република Северна Македонија.
Заради подобрување на...
Post Views: 1
Регулаторна комисија одлучи цените на бизнините да се зголемат, а на нафтата да се намалат.Со тоа, од ноќеска на полноќ малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе биде повисока за еден денар и ќе изнесува 71,5 денари за литар, додека БС-98 се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 73,5 денари за литар.Дизелот се намалува за половина денар и од денес ќе се продава за 56,5 денари за еден литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45,00 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,053 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од...
Post Views: 2
Русија не треба да брза со влегувањето во Светската трговска организација бидејќи тоа во сегашни услови не е во согласност со нејзините интереси, изјави претседателот на Советот на Федерацијата Сергеј Миронов.
Тој иронично забележа дека „во САД сметаат дека Русите навечер се будат облиени во ладна пот“, поради тоа што нивната земја нема да биде примена во СТО.
Русија наскоро може да излезе од режимот на слободната трговија со Украина и на тој начин да го казни Киев за поддршката која ја даде на Тбилиси во текот на руско-грузискиот конфликт, објави електронското издание...
Post Views: 6
Со стихови и со внимателно одбрани песни на Блаже Конески, актерот Љупчо Тодоровски Упа се обидува да ја анимира публиката и наново да го сврти вниманието кон рецитирањето како подзаборавено сценско изразување. Неговиот проект „Парче душа“ опстојува речиси една деценија, а Упа вели дека една и единствена цел на проектот е да остваруваме соништа и да им остваруваме надеж на сите гледачи и слушатели. „Парче душа“ насекаде наидува на убав одзив, подршка и благодарност кај гледачите.
„Единствено на овој начин преку изведбата на актерите чијашто должност е да ги пренесат...
Post Views: 19
Старата училишна зграда во Вевчани, изградена во далечната 1949 годна, ќе се реконструира и преадаптира. Многу вевчанци растурени насекаде низ светот биле заинтересирани за таа некогаш велелепна градба изградена од вевчанци со свои средства и доброволна работна рака, која ги потсетувала на незаборавните школски денови, вели градоначалникот Цветомир Угриноски. Тој кажа дека целиот проект за старата училишна зграда бил комплетиран, како инвестиција кошта 650 000 евра и веќе почнале да работат, а се надеваат дека тука и Владата ќи им излезе во пресрет .
„Ќе ни помогне...
Post Views: 0
Вирусите наречени „норо“ и „рота“ најверојатно се причина за појавата на мачнини во желудникот кај голем број граѓани на Подгорица. Повеќе од 700 граѓани на Подгорица минатата недела заболеа од непозната болест, а оваа бројка во меѓувреме се зголеми на повеќе од 1.200 заболени. Во недостаток на адекватна лабораториска опрема, во Црна Гора се повикани експерти од Светската здравствена организација (СЗО), кои треба да помогнат при откривањето на причинителот на епидемијата.
Директорот на Центарот за контрола и превенција на болестите Драган Лаушевиќ истакна дека според...
Post Views: 2
Во Охрид од денес стапува на сила мораториум за градење. Тоа е одлука на мнозинството охридски советници на Градскиот совет во Општина Охрид со што се постапува по Заклучоците од 146 седница на Владата за прогласување мораториум на градежните активности.Oхридските советници покажаа единство за клучни теми важни за градот, рече градоначалникот Константин Георгиески.
„ Тоа значи од денес се воведува времен прекин на спроведување и донесување на Урбанистички планови, Урбанистички плански документации, Архитектонско урбанистичко проектирање на територија на општина Охрид....
Post Views: 10
Патнички авион изјнајмен од една хуманитарна организација исчезна во текот на минатата ноќ за време на лет над источниот дел на Демократска Република Конгo.
Според, службата за координација на хуманитрните операции на ОН, засега не е познато дали авионот се урнал или пак успеал да слета, но не може да воспостави врска со контролата на летање. Во време на исчезнувањето на авионот, регионт бил зафатен од силно невреме.
Авионот од типот „Бичкрафт“ летал на релација од Кисингани кон Букаву во близина на границата меѓу ДР Конго и Руанда. Службата за координација на хуманитрните...
Post Views: 2
На 10/11.10.2021 година во периодот од 23 до 04 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли при што санкционирани се 10 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол (Охрид-06, Струга-01, Кичево-02, Дебар-01).
Целта на собраќајните контроли е зголемување на степенот на сообраќајната безбедност и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Во организација на Општина Охрид, Сектор за туризам и ЛЕР и оваа година ќе се одржат манифестациите: „Вино и сирење“, „Денови на мед“ и „Охрид крафт експо” во период од 9 до 16 август на плоштадот Крушевска Република. Посетителите на овие манифестации ќе имаат можност повеќе да се запознаат со локалните производи од ова поднебје.
Манифеставијата „Вино и сирење” ќе се одржи во период од 9 до 10 август 2019 година. Оваа манифестација ги има сите предуслови на своевиден регионален мини саем на кој се презентираат виното и сирењето.
Манифестацијата „Денови на мед” ќе се...