Ќе се подобруваат условите во примарното здравство

Заради подобрување на условите во кои се даваат примарните здравствени услуги Министерство за здравство спроведува и јавна набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби. Со реновирањето на здравствените установи низ целата држава, на медицинскиот персонал ќе им овозможиме подобри услови за работа, но и подобри и подостоинствени услови на пациентите за престој во болница.

 |   | 

Со цел зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, Министерството иницира активност за подобрување на условите во здравствените домови и другите објекти од здравството на Република Северна Македонија. Министерството за здравство информира дека пред неколку дена на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) ја отпочна постапката за јавна набавка на градежно-занаетчиски услуги за тековно одржување на здравствените објекти и набавка на болнички кревети и ТВ приемници за потребите на 34 здравствени установи во Република Северна Македонија.

Заради подобрување на условите во кои се даваат примарните здравствени услуги Министерство за здравство спроведува јавна набавка за градежно-занаетчиски услуги кои ќе опфатат:

Комплетно молерисување на сите внатрешни простори со материјали и бои кои се користат за ентериери во болници и други јавни простории и истите овозможуваат соодветно одржување и чистење;

– Поправка и репарирање на внатрешни врати и прозорци;

– Замена на ѕидни и подни плочки и замена на галанетрија во тоалети;

Заради подобрување на условите во кои се даваат примарните здравствени услуги Министерство за здравство спроведува и јавна набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби.Со реновирањето на здравствените установи низ целата држава, на медицинскиот персонал ќе им овозможиме подобри услови за работа, но и подобри и подостоинствени услови на пациентите за престој во болница.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top