Post Views: 8
Загрепската полиција официјално потврди дека во синоќешната експлозија на бомба подметната во возило во строгиот центар на Загреб загинале сопственикот на неделникот „Национал“ Иво Пуканиќ и неговиот соработник Нико Фрањиќ.
Шефот на кабинетот на директорот на полицијата Крунослав Боровец изјави дека е утврден идентитетот на загинатите и дека недвосмислено се работи за Пуканиќ и Фрањиќ.Според Боровец на терен се сите компетентни експерти, а тој најави дека увидот ќе трае и во текот на денешниот ден.
Боровец рече дека Пуканиќ, врз кого е пукано во април годинава, во последно...
Post Views: 0
Во подножјето на Илинска Планина, под нејзиниот западен огранок Габер се наоѓа Белчишкото блато. Блатото се потхранува од најмалку 11 карстни извори познати како Сини Вирој и се протега на околу 137 хектари што го прави најголемото блато во Македонија. Во септември ќе биде закружен проектот за подобрување на управувањето и одржливо користење на ова блато. Нешто повеќе од една година, здружението „Екотуризам 2016“ со помош од UNDP спроведе голем број активности во насока на валоризирање и заштита на овој значаен локалитет како мониторинг на растителни, животински...
Post Views: 0
Кралицата Елизабета Втора на подарок доби расен коњ за време нa својата посета во Словенија.Денеска британската кралица го посетила словенечкиот град Липица, каде што и бил подарен коњ од познатата раса Липицанер.
Околу 400 деца од 20 училишта денеска се собрале за да ја поздрават кралицата.
За време на вториот ден од посетата во Словенија, Елизабета Втора заедно со британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Милибанд, ќе учествуваат на економска конференција.
Post Views: 0
95 проценти од 850 граѓани анкетирани од страна на општина Охрид сакаат центарот на градот да биде подостапен за пешаците, а 80 % не сакаат сообраќај во стариот дел од градот. Тоа ни дава за право да извлечеме заклучоци кои се потребите на граѓаните, вели Зоран Шиколоски раководител на одделението за сообраќај. Денес, во општина Охрид се одржа втората работилница за планирање на урбаната мобилност со кој ќе изработи план за одржлива урбана мобилност , напоменува Шикалоски.
„ Треба да утврдиме што сакаме, а што не сакаме, што имаме, а што немаме. Да дадеме краткотрајни...
Post Views: 0
Во иднина би можеле да се носат паметни контакт леќи како оние кои ги користат тајните агенти во филовите. Samsung објави дека му е одобрен патентот во Јужна Кореја за контакт леќи кои ја проектираат сликата директно во окото на лицето кое ги носи.
Во леќите се наоѓа вградена камера и сензори кои се контролираат со трепкање, а имаат и антени кои содржината ја праќаат на обработка на надворешен уред, како што е телефонот. Давањето наредба со трепкање не е потполно вон границите на возможното бидејќи и на очилата од Google постои додаток кој на корисниците им овозможува...
Post Views: 0
Сателитот „Чандрајан-1“, со тежина од 1.304 килограми, е лансиран во раните утрински часови по локално време, од индискиот космодром на островот Шихарикота во државата Андра Прадеш, а во орбитата околу Месечината би требал да влезе за околу 18 дена.
„Првпат одиме на Месечината. Кина тоа веќе го направи, но сега ќе се обидеме да ја стигнеме и да го надминеме јазот меѓу нас“, изјави директорот на Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО), Баскар Нарајан.
Од ИСРО велат дека главна цел на мисијата не е зголемување на рејтингот на земјата, туку значајните научни...
Post Views: 1
За неполни три месеци откако стапија на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем.
Намалените каматни стапки, новиот модел Купи стан за млади, како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете е причината за големиот интерес.
Согласно новите услови каматната стапка за моделот „субвенција на рата“ за првите три години ќе изнесува 2,9%, а за третата и четвртата година 3,9%.
Намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество“. Истата сега ќе изнесува 4% за цело времетраење од исплатата на кредитот...
Post Views: 0
Фирмите ќе можат да исплаќаат К-15, но не мораат и тоа ќе зависи од договорот помеѓу вработените и сопствениците на фирмите.
Претставници на синдикатот велат дека ова решение е донесено без кворум, а се противеле повеќето членки на Синдикатот.
Овој договор паднал помеѓу претседателот на ССМ, Живко Митревски, и претседателот на организацијата на работодавачи, Ангел Димитров.
“Не смее да се дозволи и понатаму да се штеди на сметка на работниците и треба работодавачите ако имаат одреден проблем со финансиското работење да побараат од државата да нема инспекции по најмала...
Post Views: 0
Директорот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штрос-Кан денеска јавно се извини поради тоа што бил во врска со негова службеничка, но демантираше дека ја злоупотребил својата должност.
Штрос-Кан, во писмото испратено по електронска пошта до вработеноте во ММФ, им се извинува ним, на жената со која бил во врска – Пирошка Над и на неговата сопруга, поради проблемите што ги предизвикал.
Управниот совет на ММФ неодамна побара од надворешна правна фирма да истражи дали Штрос-Кан фаворизирал една од вишите економски службенички во Фондот, пред таа во август да ја...
Post Views: 1
Локалната самоуправа ќе ангажира 9 образовни асистенти .Тие ќе работат со деца кои имаат лесна и умерена попреченост. За таа цел ќе бидат ангжирани лица кои подолго време не биле вработени, самохрани родители, млади лица до 29 години,корисници на социјална помош ,родители на деца со пречки во развојот, родители со 3 и повеќе деца. Образовните асистенти ќе стартуваат со ангжаман од почетокот на новата учебна година од 3 септември. Ќе работат во 5 охридски основни училишта во ОУ Христо Узунов, Григор Прличев, Братство Единство, Ванчо Николески од Лескоец и Св. Наум Охридски...
Post Views: 0
Струшките средношколци од сите етникуми денес се приклучија на протесниот марш против екстерно и математика како трет задолжителен предмет од државната матура. Стотина ученици од двете гимназии во Струга „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ го кажаа своето „не“ за лошите реформи, и со кренати транспаренти извикувајќи „Доста беше молк“, „Не за математика“, „Ние сме иднината“, продефилираа од чаршискиот мост по двата кеја на реката Црн Дрим, и низ струшката чаршија.
„Бараме да не е задолжена математика, односно бараме да се воведе стариот начин на полагање на матурата, бараме...
Post Views: 0
Пилот на американската воздухопловна компанија „Јунајтед Ерлајнс“ е уапсен на лондонскиот аеродром Хитроу, по извршениот алко-тест.
Инцидентот се случил на првиот терминал на најголемиот аеродром во Велика Британија, од каде полетуваат и каде слетуваат авионите на американските авиокомпании на нивните летови преку Атлантикот.Пилотот бил осомничен дека мириса на алкохол и дека има во себе многу повеќе алкохол отколку што тоа го дозволуваат строгите прописи при летањето. Врз него потоа бил извршен алко-тест, по што била повикана полицијата.
Неговиот идентитет не е соопштен,...