Локалната самоуправа ќе ангажира асистенти за деца и стари лица со посебни потреби

Во неколку основни училишта ќе бидат ангажирани образовни асистенти за работа со деца со посебни потреби. Во тек е и проект на Локалната самоуправа за асистенција на стари и изнемоштени лица. Станува збор за општински проекти во соработка со Агенцијата за вработување, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи со донација од УНДП.

 |  Валентина Неловска  | 

Локалната самоуправа ќе ангажира 9 образовни асистенти .Тие ќе работат со деца кои имаат лесна и умерена попреченост. За таа цел ќе бидат ангжирани лица кои подолго време не биле вработени, самохрани родители, млади лица до 29 години,корисници на социјална помош ,родители на деца со пречки во развојот, родители со 3 и повеќе деца. Образовните асистенти ќе стартуваат со ангжаман од почетокот на новата учебна година од 3 септември. Ќе работат во 5 охридски основни училишта во ОУ Христо Узунов, Григор Прличев, Братство Единство, Ванчо Николески од Лескоец и Св. Наум Охридски од Пештани.

Лицата ангажирани како образовни асистенти ќе се помогатели во наставниот процес.Нивниот профил на образование е најразличен од дефектолози , психолози се што ќе го бара наставниот процес тие ја имаат таа наобразба“, напоменува Џамтоски.

Локалната самоуправа е во фаза на имплементирање на уште еден проект „Од жителите за жителите на општината“. Со него ќе бидат ангажирани 4 лица како помагатели во домашни услови за две категории, стари лица и лица со посебни потреби.

Невработените лица кои ќе им помагаат на старите лица за да им се олесни социјалната положба . Ќе бидат ангажирани 4 лица кои сеуште не се избрани. Вториот проект е наменет за помош на старите лица кои немаат свои блиски да им се обезбедат прехранбени артикли, лекови, лекарски прегледи. Истото се однесува и за старите лица со посебни потреби се со цел да им се подобри квалитетот на животот“, посочува Џамтоски.

 

Проектите ќе се реализираат во соработка со Агенцијата за вработување, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи со донација од Швајцарската агенција за развој и соработка со УНДП. Едниот проект ќе се спроведува во рок од 9 месеци, а вториот 6 месеци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top