Post Views: 0
Федералниот суд во САД прогласи синоќа за виновни пет обвинети за подготвување терористички напади, меѓу кои и тројца етнички Албанци од Дебар.
Според извештаите, браќата Дритан, Шахин и Елвир Дука, родени во Дебар, заедно со уште еден Јорданец и Американец од турско потекло, се осудени за подготвување терористички напад врз воената база Ford Dix, во американската држава Њу Џерси, по што беа притворени во 2007 година. Обвинителниот акт, и покрај тоа што наведува дека тие биле инспирирани за активноста од терористичките акции на Осама Бин Ладен, сепак не утврдува оти...
Post Views: 7
Поради изведување градежни работи, денес во периодот од 11:00 до 14:00 часот на патниот правец Кичево-Охрид ќе има прекин во сообраќајот во траење од 10 до 15 минути.
На патниот правец А2, конкретно на делницата од Пресека до село Врбјани, екипи на Градежното претпријатие „Илинден“ ќе вршат минирање.
Post Views: 4
Главниот републикански кандидат за номинација во трката за Белата куќа, Доналд Трамп ги освои во вторникот републиканските претседателски предизбори во државата Њујорк, приближувајќи се до освојувањето на доволен број кандидати за добивање номинација, но вечерта беше нешто понеизвесна за Хилари Клинтон за номинација на американските демократи.
Главната демократска кандидатка Хилари Клинтон исто така отствари победа во Њујорк и направи голем чекор кон добивањето партиска номинација за претседател на САД. Но, американските телевизии не го објавија веднаш победникот оценувајќи...
Post Views: 4
Новоизбраниот претседател на САД Барак Обама, шефот на кинеската држава Ху Џинтао и францускиот претседател Никола Саркози се тројцата највлијателни луѓе во светот според списанието „Њузвик“.
Во листата на американското списание вкучени се 50 познати политичари, економисти и други познати личности.
Во првите десетмина највлијателни луѓе се и претседателот на Федералните резерци на САД Бен Бернанке, претседателот на Европската централна банка Жан-Клод Трише и шефот на јапонската Централна банка Масаки Ширакаца.
На седмото и осмото место се британскиот премиер Гордон...
Post Views: 7
Средното стручно училиште Св. Наум Охридски ја следи зголемената побарувачка на стручно квалификувана работна сила за потребите на охридските компании. Во склад со потребите на стопанството се отвараат нови профили со кои се едуцира квалификувана работна сила, информира Сашо Недески, директор на средното училиште. Оваа учебна година ја стартуваме со 230 ученици или 60 повеќе од претходната година, вели Недески.
„Ние имавме добар настап во минатата година посебно со воведување на паралеката техничар за индустриска мехатроника од дуалното образование. Имаме нов профил...
Post Views: 1
Владата ја разгледува за можноста за донесување на законски измени со кои кога одредена вработена жена ќе има потреба да користи породилно боледување, работодавачот да има право на нејзино место да прими друго лице за кое во тој период нема да плаќа придонеси.
–Целта на овие измени би биле да се намали притисокот врз жените кои работат од страна на работодавачите во однос на користењето на породилното отсуство. Работодавачот на ваков начин дури може да оствари одреден профит бидејќи кога вработената жена ќе го користи породилното боледување во тој период не само што...
Post Views: 6
Белгискиот премиер во оставка Ив Лотерм ја исклучи можноста повторно да ја преземе функцијата, наведувајќи дека прво сака „да го исчисти своето име и авторитетот на својата екипа од секакви сомнежи“.
Лотерм поднесе оставка во петокот поради случајот со банката „Фортис. Министерот за правда и институционални реформи Јо Вандаурзен, исто така, поднесе оставка по тврдењата на претседателот на Суд дека има „важни индикации“ за притисок од Владата врз судиите во случајот со национализираната банка „Фортис“.
Случајот е поврзан со претходната пресуда на бриселски суд со која...
Post Views: 0
Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” уште од раните утрински часови спроведуваат активности за чистење на мермерниот плочник од чаршијата.
Чаршијата се чисти на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски„ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот. Ангажирани се 7 комунални работници кои рачно со специјални шпакли ги расчистуваат наслагите на плочникот, а паралелно се врши и миење со цистерна.
Post Views: 0
Денес во Струга со органзација на прекуграничен саем на добри практики, се одржа завршниот настан од ИПА проектот, Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинакиот масив Јабланица -Шебеник преку активна вклученост на локалното население. Како што изјави раководителот на проектот Фросина Пандурска Драмиќанин, целта на проектот е да се придонесе кон промоција на позитивните пракси за одржливо користење на природните ресурси во пет општини долж планинскиот масив Јабланица – Шебеник.
„Денес организираме т.н. ИПА прекуграничен саем на добри практики....
Post Views: 0
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе ја заврши тековната 2008-2009 година (која завршува во април следната година) со добивка, а не со дефицит, како што претходно планираше.
Оваа изненадувачки добра вест се должи главно на зголемувањто на кредитите дадени од ММФ за справување со последиците од светската финансиска криза. Втора причина, иако во помала мера, е повисокиот профит од предвиденото во фондот, направен со вложувањата.
Неговите инвестиции се во поквалитетни активи, што поскапеа во услови на криза. ММФ ќе ја заврши тековата 2008-2009 година со вишок од 11 милиони...
Post Views: 4
Иако Охрид не е во друштвото на градови со најзагаден воздух во земјава, пред зградата на Општина Охрид е поставен првиот сензор за следење на еколошките параметри на воздухот, како дел од активностите на Пилот проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух– AIRTHINGS“, кој е дел од Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ на Европската Унија.
Проектот „AIRTHINGS“ предвидува поставувањето на 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри на подречјето на општина Охрид, како и поставување/инсталирање на 15...
Post Views: 1
Снежни бури оставија без електрична енергија над 200.000 потрошувачи во централниот дел на САД и предизвикаа хаос по аеродромите во државата Њујорк.
Прекинат е дотокот на електрична енергија до домовите на 161.000 клиенти во државата Индијана, 47.000 во Илиноис и 15.000 во Охајо. Лошото време е причина и за откажување на приближно 600 полетувања во државата Њујорк, од кои над 200 од меѓународните аеродроми „Ла Гардија” и “Џон Ф. Кенеди”.Метеоролозите предвидуваат дека во повеќе реони во државите Њујорк, Конектикат и Масачусетс за неколку часа ќе се...