Прекуграничен саем за природни ресурси во Струга

Собирање на шумски плодови, еко туризмот и производството на еколошки производи за многу домаќинства во регионот на планинскиот масив Јабланица – Шебеник, претставуваат примарен или секундарен прход. Таквите примери не се чести но треба да се вреднуваат и промовираат. Оваа е пораката на организаторите на ИПА прекуграничниот проект за Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинакиот масив Јабланица -Шебеник преку активна вклученост на локалното население.

 |  Николоска Биљана  | 
prekugranicen saem
прекуграничен саем

prekugranicen saemДенес во Струга со органзација на прекуграничен саем на добри практики, се одржа завршниот настан од ИПА проектот, Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинакиот масив Јабланица -Шебеник преку активна вклученост на локалното население. Како што изјави раководителот на проектот Фросина Пандурска Драмиќанин, целта на проектот е да се придонесе кон промоција на позитивните пракси за одржливо користење на природните ресурси во пет општини долж планинскиот масив Јабланица – Шебеник.

„Денес организираме т.н. ИПА прекуграничен саем на добри практики. За време на саемот ќе имаме изложувачи од пограничниот регион, Струга, Вевчани од Македонија, Либраж, Стеблев, Рајца од Албанија. Значи имаме производители на мед, сирење, рачни изработки од волна, дрво, значи сето она што е поврзано со традицијата а има допирна точка со природата“ – вели Драмиќанин.

prekugranicen saemНационалниот парк Јабланица – Шебеник е големо заштитено подрачје во Албанија кој е многу значаен за растителните и животинските живеалишта, вели Ајола Месити раководител на проектот од ППНЕА. Додава дека во паркот има многу села каде луѓето живеат во хармонија со природата и ги користат ресурсите.

 „Она што е големо откритие за нас и гордост е тоа што во овој парк е регистрирано присуството на загрозениот вид балканскиот рис значи неодамна е сликан преку камера замки и затоа треба да се заштити“ – вели Месити.

На ИПА прекуграничниот саем денес во Струга беа претставени еколошки производи, рачни изработки од дрво и волна и рецепти од традиционална кујна во пограничните општини од Македонија и Албанија.

prekugranicen saem„Ова се сувенири од Струга, јас сум меѓу првите што го изработуваат ова од 1955 година. Занаетот во Струга изумира и ова веќе го нема, а дуќаните се преплавени од кинеска роба. Мене ми е мило младите да го наследат овој занает за изработка на сувенири.

Ова е Вевчанска носија од Вевчанско -дримколски крај. И цела носија е рачно изработена. Не сум школувана имам од Бога дарба сум етнолог изработувам етнолошки работи и се ова е од моите раце“.

Носител на ИПА прекуграничниот проект е Македонското еколошко друштво, а е кофинансиран од Европската Унија. Истиот се реализираше во период од две години. Во овој проект биле вклучени околу 200 учесници од 5 општини од регионот на планинскиот масив Јабланица – Шебеник, кои присуствуваа на работилниците за традиционално користење на природните ресурси на кој што се зборуваше за начинот на кој што луѓето порано ги користеле ресурсите, но и како се грижеле за природата воопшто.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top