Post Views: 9
Пешак пропаднал во отворена шахта на улицата Егејска. Човекот, утрово, завршил со скршена нога во близина на пресекот на улиците Егејска и 7-ми Ноември. Станува збор за повозрасен човек, кој завршил со повреда како резултат од отворена и необезбедена шахта. Жителите кои се обратија до нашата редакција, а гравитираат на овој дел од градот стравуваат за својата безбедност, посебно на децата кои се движат по тротоарите. Реагираат дека по целата должина на тротоарите од двете страни на Егејска има опасни шахти. Нашата камера ја забележа ситуацијата на терен. При тоа се гледа...
Post Views: 4
Во Полициската станица во Струга од страна на 38- годишно лице од струшкото село Корошишта, викендов било пријавено дека на 17- ти април, во 6.30 часот, од непознати причини од дома се оддалечила неговата малолетна ќерка.
Од министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Радикалното палестинско движење „Хамас“ ги обнови ракетите напади врз јужните израелски градови.
Најмалку седум ракети од типот „Град“ биле истрелани врз пристанишниот град Ашкелон.
Три од нив експлодирале во градот со население од околу 110.000 луѓе, кој се наоѓа на 30 километри од границата со Појасот Газа. Две од ракетите погодиле станбени згради. Две лица се полесно повредени.
Неколку ракети експлодирале и во реонот на Сдерот и Нетивот.
{loadposition content9}
Post Views: 14
Започна одстранувањето на платформата на кафе барот Аквариус од водите на Охридското езеро. Сопствениците на Аквариус започнаа сами да ја одстрануваат платформата. Тоа го изјавија пред еден месец по најавата на локалната дека по завршување на летната сезона ќе постапува според барањата на Унеско. Во меѓувреме сите сопственици на платформи в долж крајбржјето добија решенија од надлежните инспекциски органи за одстранување на нелеглно поставените платформи од водите на Охридското езеро. И додека граѓаните ја очекуваат конечната разврска од најавите на ЛС, некои од случајно...
Post Views: 0
Новогодишната ноќ помина со инциденти во грчката престолнина Атина.Непознати напаѓачи со молотови коктели ги нападнаа канцелариите на 10 банки и на два автосалона во центарот на градот. Нема настрадани во нападите, а се трага по напаѓачите.
Прославата на Нова година во Атина помина во засилени мерки на безбедност поради бранот протести што ја зафатија Грција во декември, по убиството на 15-годишно момче во атинскиот кварт Екзархија.
Во вториот по големина грчки град Солун во текот на новогодишната ноќ имаше судири на млади луѓе со полицијата. Околу 150 момчиња поставија...
Post Views: 1
Православните верници денес празнуваат уште еден ден во чест на Мајката Божја- Покров на Пресвета Богородица.
Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство...
Post Views: 6
Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денес со нови обвинувања до СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески, овојпат дека воопшто не ги мотивирале младите за да се почувствуваат како дел од општеството.
На прес конференцијата, Алескандар Здравевски, претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, посочи дека погубните политики на СДСМ и Георгиески довеле до масовно иселување на младите од Охрид.
„Изградивте ли Младински културен центар? Не, не изградивте! Дали ги вклучивте сите млади во донесување на одлуките на локално ниво? НЕ, не ги вклучивте! Профункционира...
Post Views: 0
Многу британски парови кои крајот на годината го дочекаа исцрпени од напорите да платат рата за станбен кредит, да ја сочуваат работата, да и одолеат на рецесијата и, колку толку да го прослават Божик, Новата година најверојатно ќе ја започнат со развод на бракот.
Општинските власти ширум Велика Британија очекуваат пораст на бројот на барањата за развод на бракот, соопшти Асоцијацијата на локалната управа во земјата.
Таа прогнозира дека брачните проблеми својот врв ќе го достигнат во почетокот на јануари кога бројот на молби за развод на бракот би можел да биде дури...
Post Views: 0
Општина Дебрца и оваа учебна година продолжи продолжи со спроведување на мерката- ужинка за секој ученик во основното училиште, која за првпат беше воведена минатата учебна година.
Секој ученик ќе добива ужинка во текот на учебната година, а средствата за ужинката се обезбедени во буџетот на општина Дебрца.Со оваа мерка локалната самоуправа сака малку да го растерети семејниот буџет на родителите, а повеќе да го потенцира социјалниот моментум, односно до израз да дојде социјалната рамноправност на учениците.
И оваа година продолжува спроведувањето на другите мерки: бесплатна...
Post Views: 9
Стапи на сила забраната за увоз на кожи и крзна од кучиња и од мачки во земјите-членки на Европска унија.
Италија е прва земја-членка на ЕУ, а втора во светот која забрани увоз и трговија со таков вид на крзно, кое се користи како моден додаток и за изработка на играчки.Досега забраната важеше само во пет држави – Италија, Данска, Грција, Франција и Белгија. Сега ЕУ ќе им се придружи на САД, Австалија, Нов Зеланд и Швајцарија.
Поради кожата и крзното од кучињата и мачките годишно се убиваат околу два милиони животно, пред се во Кина, во Тајланд, во Филипини и...
Post Views: 8
Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), Црвен крст Охрид организира ПХВ дефиле за промоција на толеранција, мир и соживот.
Дефилето под мотото „ДЕФИЛИРАЈ, НЕ СЕ ФОЛИРАЈ“ ќе се одржи на 25.09 (среда) со почеток во 11:00 и тргнување од плоштадот „Крушевска република“ (Чинар), преку чаршијата и кејот се стигнува до Холандскиот парк каде ќе има кратка забавна програма со музички точки, како и доделување благодарници на годинешните младинци вклучени во ПХВ програмата.
Ќе се дефилира со транспаренти со кои се промовира...
Post Views: 0
Борците од исламистичкото движење Хамас истрелаа денеска ракета длабоко во внатрешноста на територијата на Израел.
Ракетата паднала во близина на градот Бершева во пустината Негев, на околу 40 километри од границата со Појасот Газа, соопшти израелската армија. Нападот не предизвикал загинати и материјални штети.
Слична ракета беше истрелана и доцна синоќа од Газа, но паднала на празно место во Бершева, без да предизвика жртви.Неодамна Хамас се снабди со воени ракети со поголем дострел од типот Касам, кои борците ги изработуваат сами.
{loadposition content9}