Инциденти на новогодишната ноќ во Атина и Солун

Новогодишната ноќ помина со инциденти во грчката престолнина Атина.
Непознати напаѓачи со молотови коктели ги нападнаа канцелариите на 10 банки и на два автосалона во центарот на градот. Нема настрадани во нападите, а се трага по напаѓачите.

 |  Крсте Голабовски  | 
Solun
Солун

Новогодишната ноќ помина со инциденти во грчката престолнина Атина.
Непознати напаѓачи со молотови коктели ги нападнаа канцелариите на 10 банки и на два автосалона во центарот на градот. Нема настрадани во нападите, а се трага по напаѓачите.

Прославата на Нова година во Атина помина во засилени мерки на безбедност поради бранот протести што ја зафатија Грција во декември, по убиството на 15-годишно момче во атинскиот кварт Екзархија.

AtinaВо вториот по големина грчки град Солун во текот на новогодишната ноќ имаше судири на млади луѓе со полицијата. Околу 150 момчиња поставија експлозивни направи пред филијалите на неколку банки и пред излозите на неколку продавници. Предизвикани беа пожари, кои набрзо беа совладани. Момчињата потоа палеја контејнери за ѓубре по што се судрија со полицајците кон кои фрлија молотови коктели.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top