АВСТРАЛИЈА ПОДДРЖУВАЧ ВО ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ПРЕПОРАКИТЕ ОД УНЕСКО

Post Views: 1 Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, денес, одржа средба со делегација од австралиската амбасада предводена од заменик амбасадорот Лианг Зенг. Како дел од делегацијата на амбасадата беа и Билјана Бижиќ, координатор на програмата за директна помош и Зоран Костовски, почесен конзул. На средбата Георгиески и Зенг, разговараа за актуелната состојба со спроведувањето на препораките од УНЕСКО. Заменик амбасадорот изрази задоволство од сериозниот пристап на Локалната самоуправа во спроведувањето на препораките и ја искажа својата лична поддршка и поддршката на неговата...

Continue reading

Од денес на сила новиот закон за безбедност во сообраќајот

Post Views: 3 Од денеска стапува на сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот според кој низ населено место не смее да се вози над 50 километри на час. Најниската казна е 20 евра, или 10 негативни поени, во случаите кога се вози со брзина поголема за десет километри на час од дозволеното. Точно 45 евра или 25 негативни поени, пак, ќе се казнуваат оние што возат со брзина до 30 километри на час повеќе од дозволената, односно ако возат од 60 до 80 во населено место, или од 140 до 160 на автопат.  Досегашните 300 евра казна важеа во случаите кога возачите ќе ги надминат ограничувањата...

Continue reading

protivpozarno vozilo

Расте бројот на жртвите од големите пожари во Австралија

Post Views: 8 Се зголемува бројот на жртвите од големите шумски пожари, избувнати во последните денови во јужниот дел на Австралија. Според најновите податоци веќе загинаа 128 лица, соопштија агенциите. Најмалку седумстотини куќи се уништени. Огнот, што неколку денови беснее во државата Викторија, во неколку случаи зафати цели населби. Над 5.000 жители на државата Викторија се принудени да ги напуштат домовите, а некои од нив останале без дом.Отворени се прифатни кампови и центри за помош на настраданите. Изгорени се околу 330 хектари шуми. Разурнати се приближно 750 куќи. Огнената...

Continue reading

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПОВЕЌЕ ТЕСНИ УЛИЧКИ

Post Views: 0 Во рамките на програмата за комунален развој, сообраќај и улици, денеска започна асфатирање на неколку тесни улички во Пештани. Асфалитрањето ќе продолжи во селата Коњско, Елшани, Лескоец и населбата „Радојца Новичиќ“. За овие зафати ќе бидат потрошени 7.500.000,оо денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Охрид.

Continue reading

spomenik nob

Борците од НОБ се сеќаваат на судбоносниот 9ти мај 1945та и победата над фашизмот

Post Views: 1 Струшките борци се присетија на судбоносните настани од 9ти мај 1945та година и радосната вест за победата над фашизмот. Денес, тие, заедно со претставници од политичките партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, положија свежо цвеќе пред „Споменикот на револуцијата“ во Струга, а пригодна реч одржа и претседателот на сојузот на борци и граѓани продолжувачи од Струга, Ајредин Мемеди. Дел од свеченоста беше и еден од малкуте живи сведоци на последните денови од фашистичката окупација, борецот Илија Балоски. Тој за ТВМ раскажа како утрото, на 9ти мај, бидејќи бил дежурен офицер, тој од...

Continue reading

zname

Американскиот план за спас на банките ќе биде обелоденет утре

Post Views: 6 Администрацијата на претседателот на САД Барак Обама за еден ден го одложи објавувањето на долго очекуваниот план за спасување на банките. Администрацијата на претседателот на САД Барак Обама за еден ден го одложи објавувањето на долго очекуваниот план за спасување на банките и ги повика законодавците да ги надминат разликите за огромниот пакет за стимулирање на економијата, пренесоа светските агенции. Министерот за финансии на САД Тимоти Гајтнер утре ќе ги претстави главните поенти од планот, соопшти Министерството за финансии. Претходно беше соопштено дека Гајтнер...

Continue reading

Родово базираната дискриминација е широко распространета на пазарот на труд во Западен Балкан

Post Views: 0 Во Брисел беше презентиран новиот истражувачки извештај „Родово-базирана дискриминација и работнички права во Западен Балкан“, изработен од коалиција на граѓански организации кои работат на унапредување на родовата еднаквост. Поддржана од Европската Унија и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА), студијата е дел од пошироката регионална иницијатива за борба против родово-базираната дискриминација и унапредување на работничките права на жените. Некои од клучните наоди од студијата, презентирана на промотивниот настан се: -Родово-базираната дискриминација...

Continue reading

pozar

Австралија гори!

Post Views: 6 Југоистокот на Австралија е зафатен од низа пожари со кои се борат десетици илјади пожарникари, додека екстремно високите температури не стивнуваат. Со пожари се зафатени три австралиски сојузни држави, изгореа големи површини на ненаселена австралиска дивина, но опасно се загрозени и 12 градови. Денес огнената стијхија проголта и неколку куќи и штали во сточарскиот град Хоршам во јужната држава Викторија. Во борбата со огнената стихија покрај противпожарните служби и армијата учествуваат и голем број доброволци.        {loadposition content9}

Continue reading

Осуден мажот кој на Фејсбук објави недолични коментари за автобуската несреќа на „Беса Транс“

Post Views: 3 Окружниот суд во Софија денеска го осуди 34-годишниот С.Б. на 4 месеци условна затворска казна, која ќе биде ефективна доколку стори друго кривично дело во рок од три години, поради објавени недолични коментари за несреќата на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на соопштение на софиското Окружно јавно обвинителство, против С.Б. беше покренато обвинение за „ширење омраза“. Според обвинението, С.Б. на 23 ноември 2021 година околу 11 часот во група на социјална мрежа објавил содржина со која ширел омраза на...

Continue reading

Со програмата Еразмус плус младите луѓе од европските земји споделуваат различни искуства

Post Views: 7 Чехињата Илона Олахлова, менаџер на проекти од Европската Комисија со група млади луѓе од неколку Европски земји споделуваат искуства и контакти за соработка. Со програмата Еразмус плус младите луѓе добиваат можност да патуваат, да учат јазици и други култури, да ја подигаат свеста за маргинализираните групи и да ги вклучуваат во општеството. И самата, Олахлова , пред неколку години со програмата Еразмус плус дошла во земјава и го научила Македонскиот јазик. Таа се вклучила во проекти и вели се обидуваат да им понудат на младите луѓе да направат нешто ново, да научат...

Continue reading

Giorgio Napolitano

Италијанскиот претседател против еутаназија

Post Views: 2 Италијанскиот председател, Џорџо Наполитано одби да потпише итен закон донесен од владата, за прекин на доводот на храна на Елуана, жена која 17 години е во вегетативна состојба,а чие семејство по судски пат се избори за правото на нејзината смрт. Председателот кој веќе ја најави својата одлука, нема да го стави потписот на законот со образложение за негова неуставност. Премиерот Силвио Берлускони изјави дека ако председателот не го стави својот потпис, веднаш ќе го свика парламентот, со цел парламентарното мнозинство да го направи тоа. 37-годишната Елуана Енгларо е...

Continue reading

Ногачески ветува изградба на канализациона мрежа и подобрување на водоснабдувањето во Дебрца

Post Views: 11 Како и во изминатите четири години мандат и во наредните акцентот го ставам на подигнување на квалитетот на живот на граѓаните на Дебрца и токму затоа првенствено ќе инвестираме во капитални проекти, вели независниот кандидат за Градоначалник на Дебрца, Зоран Ногачески.   Би можел да потенцирам неколку проекти како на пример во делот на канализацијата планираме изградба на канализациона мрежа во село Требеништа, во село Лешани за кое е веќе аплицирано со проект и одобрени се средства како и канализациона мрежа за село Велмеј. Подобрување на водоснабдувањето за селата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top