АВСТРАЛИЈА ПОДДРЖУВАЧ ВО ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ПРЕПОРАКИТЕ ОД УНЕСКО

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, денес, одржа средба со делегација од австралиската амбасада предводена од заменик амбасадорот Лианг Зенг.

 |   | 

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, денес, одржа средба со делегација од австралиската амбасада предводена од заменик амбасадорот Лианг Зенг. Како дел од делегацијата на амбасадата беа и Билјана Бижиќ, координатор на програмата за директна помош и Зоран Костовски, почесен конзул.

На средбата Георгиески и Зенг, разговараа за актуелната состојба со спроведувањето на препораките од УНЕСКО. Заменик амбасадорот изрази задоволство од сериозниот пристап на Локалната самоуправа во спроведувањето на препораките и ја искажа својата лична поддршка и поддршката на неговата земја во понатамошната работа.

Исто така, заменик амбасадорот повика на поголемо учество на повикот за доделување на грантови од страна на Австралиската амбасада. Дополнително градоначалникот Георгиески и заменик амбасадорот Зенг, разговараа и за унапредување на промоцијата на Охрид во Австралија со цел зголемување на бројот на туристи кои би го посетиле регионот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top