Post Views: 0
Во Охрид и понатака најбарани се помали станови со една спална соба во центарот на градот. Купувачите бараат подобра катност на становите, со добар видик и паркинг простор, што пак од друга страна е многу тешко да се понуди, информира Александар Трајкоски од Агенцијата за недвижности Енхалеја, за моменталните состојби на пазарот на недвижности. Трајкоски кажува дека има благо покачување на цените на неджвижностите.
„Можеби 5 посто е зголемувањето на цената линеарно за сите. Некои станови од кои и јас се изненадив колку се зголемиле цените кои се блиску до езеро што не...
Post Views: 0
Сенатот на САД ја одобри кандидатутрата на Лион Панета за директор на ЦИА.Седумдесетгодишниот Панета е поранешен конгресмен демократ од Калифорнија и поранешен началник на кабинетот на претседателот Бил Клинтон. Тој ќе го замени на функцијата Мајкл Хејдн.Номинацијата на Панета предизвика изненадување во Вашингтон, бидејќи ЦИА вообичаено се управува од експерти од разузнавањето, а Панета нема искуство во собирањето или анализата на разузнавачките информации, истакнуваат дел од западните медиуми.
Обама изјави оти го избрал за функцијата заради неговите управувачки вештини...
Post Views: 0
Промовиран првиот патнички катамаран на сончев погон во Охрид. Станува збор за брод со електрични мотори , кои се напојуваат од сончевата енергија. Еколошко и безшумно пловно средство, иделано за економичен и безбеден превоз на Охридското езеро. Првите три вакви катамарани на Балканот веќе се ставени во функција на Млетските езера во Хрватска.
„Бродот на иднината подразбира брод кој има нулта емисија на штетни гасови, брод кој се полни преку вклучување во струја на копно, но и преку соларните панели кои се вградени на покривот на бродот, што овозожува голема...
Post Views: 0
Кражбата во локалната филијала на Централната банка на Северна Кореја се случила во градот Chongjin на границата со Кина, ноќта на 4 април, пишува UPI.
“Ова е прв пат да е ограбена банка од основањето на државата и многу жители љубопитно ја следат ситуацијата”, рекол изворот за Радио Слободна Азија, кој побарал да остане анонимен.
Банката е сместена во близина на театарот Dorip и обично околу неа кружат стражари. Меѓутоа, се чини дека чуварите за време на кражбата не биле на работните места.
Крадците го разбиле влезот и украле кеш од 70 милиони севернокорејски вони,...
Post Views: 2
Непознати лица поставиле експлозивни направи на вториот спрат на една зграда, во која се наоѓа канцеларијата на пратеникот од опозициската Социјалистичка партија ПАСОК, Теодорос Пангалос, а исто така и пред домот на неговата ќерка и пред канцелариите на сметководството на весникот „Ризоспастис“, кој е печатен орган на грчката Комунистичка партија.
Трите експлозии причиниле незначителна материјална штета и пожари, кои биле многу брзо изгаснати.Портпаролот на Владата Евангелос Андонарис остро ги осуди нападите, сметајќи дека „тие се насочени против демократијата во земјата“.
{loadposition...
Post Views: 32
Ана Стојаноска е тениската спортска надеж на Охрид. Таа нижи успеси на тениските терени и турнири во земјава и надвор. Деновиве се закити со титулата државен првак во тенис во категоријата јуниори. На тениските терени вредно тренира тенис по 2 до 3 часа днeвно. Оваа 12 годишна основка од ОУ Христо Узунов со тенискиот рекет се дружи од својата 4-та година. За трудот кој го вложува во белиот спорт вели дека не и е тешко и дeкa има волја и дава се од себе да победува на турнирите.
„Сакам да се дружам со децата тенисери од Македонија на секој меч. Сконцентрирана сум, со...
Post Views: 2
На Google му требаше една година откако прв пат го забележавме нивниот автомобил во земјава, да ги додаде градовите и патиштата во Google Street View. Наместо од птичја перспектива на Google Maps, сега со Street View може да се спуштите директно на улиците на Охрид, Скопје, Битола и други и да ги разгледате одблиску со панорамски фотографии во 360 степени.
Во областите каде што Street View е достапен, можете да пристапите до поглед на ниво на улицата со зумирање на најниско ниво на Google Maps со кликнување на сликата Street View на левата страна под полето за пребарување...
Post Views: 9
Патнички авион се урна врз куќа во предградие на Бафало, во американската држава Њујорк, соопштија светските агенции.
Нема преживеани меѓу 48-те лица во авионот, а еден човек загина на земјата. Авионот „Бомбардиер“, што полетал од Њујорк, во Њу Џерси, се урна на 8 километри од меѓународниот аеродром Бафало Нијагара.
{loadposition content9}
Post Views: 35
Општина Охрид повторно издвои средства од буџетот за стипендирање на талентирани ученици и студенти од градот, за учебната 2019/2020 година.
Согласно Конкурсот за основци и средношколци за стипендии може да аплицираат талентирани ученициод VII, VIII и IХ одделение од општинските основни училишта, за ученици кои живеат во потешки социјални услови од VI, VII, VIII и IX одделение (предметна настава), за талентирани ученициод I, II, III и IV година во општинските средни училишта, стипендии за ученици кои живеат во потешки материјални услови, од I, II, III и IV година и...
Post Views: 3
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Л.Н.(27) од струшкото село Велешта.
Пријавениот, на први мај оваа година со нож го нападнал А.И. (21) од селото Велешта и му задал тешки телесни повреди на двете нозе. Настанот се случил околу 15 часот во центарот на селото во момент кога двајцата се разминувале со своите патнички моторни возила. Откако ги запреле возилата, сега пријавениот Л.Н. веднаш излегол и со нож го нападнал А.И. забивајќи му го сечивото најнапред во...
Post Views: 1
Многу згради на островот Сулавези, во северниот дел на Индонезија, биле оштетени во двата силни земјотреси што се случија синоќа и уринава со интензитет од 7,5 и 6,3 степени според Рихтеровата скала.
Две цркви се целосно разурнати. Засега нема информации за човечки жртви. Според медиумите, 17 луѓе се повредени.Потресите, чиј епицентар бил на мала длабочина, на околу 10 километри, биле почувствувани и на островите Талауд.
Американскиот центар за геолошки истражувања синоќа објави дека епицентарот на земјотресот бил на Талаудските острови, околу 330 километри југоисточно...
Post Views: 4
Деновиве започнаа градежни активности за реконструкција и уредување на просторот кај месноста „Табана“ на улицата „Коста Абраш“ во стариот дел на Охрид.
Овој проект е дел од Годишната програма за уредување на градежно земјиште и истиот предвидува поплочување и партерно уредување. Според планираното, дотраените бехатон плочки ќе бидат заменети со гранитни плочки и гранитни коцки, а ќе биде изведено и соодветно осветлување и хортикултурно уредување.
Проектот е во вредност од 2,7 милиони денари и истиот е финансиран од Центарот за развој на Југозападен плански регион. Градежните...