Два силни земјотреси во северниот дел на Индонезија

Многу згради на островот Сулавези, во северниот дел на Индонезија, биле оштетени во двата силни земјотреси што се случија синоќа и уринава со интензитет од 7,5 и 6,3 степени според Рихтеровата скала.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Многу згради на островот Сулавези, во северниот дел на Индонезија, биле оштетени во двата силни земјотреси што се случија синоќа и уринава со интензитет од 7,5 и 6,3 степени според Рихтеровата скала.

Две цркви се целосно разурнати. Засега нема информации за човечки жртви. Според медиумите, 17 луѓе се повредени.
Потресите, чиј епицентар бил на мала длабочина, на околу 10 километри, биле почувствувани и на островите Талауд.

Sulavezi Американскиот центар за геолошки истражувања синоќа објави дека епицентарот на земјотресот бил на Талаудските острови, околу 330 километри југоисточно од островот Минданао на Филипините.
Пацифичкиот центар за предупредување од појава на цунами соопшти дека нема опасност од несреќи од пошироки размери, но додаде оти земјотрес со оваа јачина може да покрене локални цунами, кои би можеле да бидат разорни долж брегот до 100 километри оддалеченост од епицентарот.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top