Post Views: 6
Театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска вечерва повторно ќе се одигра пред охридската публика.
„Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – вели режисерката Таневска.
Во претставата...
Post Views: 1
Дефект на канализациона шахта од која се излеваа фекалии го блокира пристапот до градскиот пазар од страната на булавар „Туристичка“. Проблемот е присутен повеќе од една недела. Вработените во аптеката Зегин за дефектот, како што велат, уште тогаш информирале во ЈП „Нискоградба“. Екипи од ова јавно претпријатие дошле на терен, но не можеле да интервенираат бидејќи шахтата се наоѓа во самата аптека поради тоа што објектот бил доградуван. Денес проблемот ескалира, па од сабајле екипите од „Нискоградба“ работат со цел да изнајдат решение и да го спречат излевањето на фекалии.
Дефектите...
Post Views: 6
Девет патници загинаа, а повеќе од 50 се повредени кога авион на турската компанија Туркиш Ерлајнс со 135 патници денеска при слетувањето на аеродромот во Амстердам се скршил на три дела.
„Авионот се урна во поле надвор од периметарот на аеродромот“, изјави официјален претставник на аеродромот Шипхол, четврт најфреквентен аеродром во Европа.
Холандската телевизија прикажа снимки на кои се гледаат покриени тела на патници, оставени во близина на трупот на авионот. Очевидци на настанот изјавуваат дека имало тела на земја.
Снимките покажуваат три пукнатини на леталото,...
Post Views: 1
Десетина активисти викендов во Охрид собраа 15 вреќи ѓубре, габаритен отпад, како и остатоци од 2 педалинки, вакви се резултатите од триесет и третата акција на Чист Охрид, инспирирана од иницијативата за Национална акција на #НеБидиЃубре.
Младите луѓе по се изгледа заборавиле или воопшто не знаат како да се грижат за животната средина. Целиот поглед кон прекрасното Охридско Езеро беше збогатено со остатоци од презервативи и влажни марамици, кои беа во огромен број.
Веднаш по акцијата се известени и службите на Охридски Комуналец.
Чист Охрид ги охрабрува ваквите национални...
Post Views: 0
Најмалку едно лице е убиено, а осум други се ранети денеска, кога група незадоволни припадници на граничните сили на Бангладеш, отвориле оган од кругот на касарната каде е сместена командата на овој род на бангладешката Армија.
По престрелката во касарната, побунетите граничари, го заземале соседниот трговски центар, извикувајќи пароли со барања за повисоки плати.
Претставник на војниците изјави дека тие се решиле на ваков потег незадолни од ниските плати. Бангладешката Влада и нареди на Армијата веднаш да го задуши бунтот на граничарите и да ги принуди да се вратат...
Post Views: 4
Четириесетина љубители на природата два часа беа дел од промотивнатa пешачка тура на атрактивната патека која води низ НП Галичица. Маја Чубриќ и Душица Матова, локални партнери од Treck me ја промовираа живописната, рекреaтивна тура која се протега над Охридското езеро во дoлжина од 9 км.
„ Турата почнува од селото Велестово води кон Шипокно, па кон Горно Коњско. Вообичаено место за одмор е добро позната тераса „Утарна “ од Горно Коњско која нуди домашна, традиционално подготвена храна. Имаме мала пауза и продолжуваме кон селата Шипокно и Велестово и на крај денот...
Post Views: 0
Европската централна банка (ЕСВ) одлучи до крајот на 2018 година да престане во промет да емитува банкноти од 500 евра со кои најчесто се користат криминалците.
Советот на гувернери на монетарната институција одлучи да го прекине производсвото на банкноти од 500 евра, а дистрибуцијата на преостанатите резерви ќе биде прекината околу крајот на 2018 година, соопшти ECB.
Банкнотата која ја нарекоа Бин Ладен претставува само 3% од бројот на банкноти евра кои се во промет, но 28% од нивната кумулативна вредност, или 300 милијарди евра спрема статистиката на ЕСВ. Вкупно блиску...
Post Views: 1
САД планираат да ја повлечат војската од Ирак до август 2010 година – 19 месеца по стапувањето на должност на Барак Обама според претставници на американската администрација кои побарале анонимност.
Планот за повлекување ќе исполни едно од основните ветувања на Обама од неговата предизборна кампања, иако малку побавно од предвиденото. Обама имаше изјавено дека ќе ја повлече војската од Ирак за 16 месеци или по околу една бригада месечно по полагањето на заклетвата, на 20 јануари. Изворите прецизираат дека очекуваат Обама да го соопшти планот оваа недела. Тие додадоа...
Post Views: 1
Ограбени, опустошени и осквернавени цркви, необележани, незаштитени и заборавени локалитети и светилишта. Негрижа за богатото културно црковно наследство. Ова е сликата во земјава. Изминативе десет години вкупно 600 икони со непроценлива вредност исчезнаа само од струшките цркви.
Крадците не запираат, црквите и денес им се лесен плен. Годинава една од поголемите кражби се случи во гостиварско, кога беа украдени повеќе икони и вреден сребрен крст, неколку кражби во тетовско, една во струшко Дрслајца. Не останаа поштедени ниту црквите во охридско, ниту во битолскиот...
Post Views: 2
Партиските работни групи денеска треба заеднички да ги продолжат преговорите со европскиот медијатор Питер Ванхауте.
Повторно ќе се преговара за изборната регулатива бидејќи досега не е постигнат договор, а рокот е пробиен речиси цела недела.
Работните групи се оптимисти дека може да се постигне конечен договор, со што утре изборниот законик би влегол во собраниска процедура. Доколку партиските работни групи постигнат конечен договор околу изборниот законик, ќе следува расправа за реформа на медиумите, како и за судството, за законите за „бомбите“ и за „свиркачите“.
А...
Post Views: 1
Северна Кореја синоќа соопшти дека се подготвува да лансира сателит, што аналитичарите го оценуваат како најава за нејзино пробно лансирање на ракета со најголем домет досега.
Во тек е подготовката за пробно лансирање на носач на ракети „Унха-2“, која во вселената ќе го изведе телекомуникацискиот сателит „Кванмонсон-2“. Лансирањето ќе се изврши од провинцијата Северен Хамген, се наведува во соопштението на Корејскиот комитет за вселенски технологии.
Во 1998 година комунистичкиот режим во Пјонгјанг соопшти дека лансирал „направа за лансирање вештачки сателити во вселената“,...
Post Views: 5
Охрид во духот на светските кулинарски и гастрономски тајни. Под мотото „Don’t Worry, Be Ohrid!” од вчера официјално започна Меѓународниот гастрономски натпревар – „Гастро Мак”.Триста мастер шефови и готвачи од триесетина земји ширумс ветот ќе разменуваат искуства и меѓусебно ќе ги запознаваат своите традиционални јадења. 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови , гастрономски амбасадори и почесни гости ќе ги оценуваат зготвените специјалитети.
Годинешен претседател на судскиот тим е славниот хрватски готвач Стево Карапанџа. Тој во...