Триесет и трета акција на „Чист Охрид“

Десетина активисти викендов во Охрид собраа 15 вреќи ѓубре, габаритен отпад, како и остатоци од 2 педалинки,  вакви се резултатите од триесет и третата акција на Чист Охрид, инспирирана од  иницијативата за Национална акција на #НеБидиЃубре.

 |   | 

Младите луѓе по се изгледа заборавиле или воопшто не знаат како да се грижат за животната средина. Целиот поглед кон прекрасното Охридско Езеро беше збогатено со остатоци од презервативи и влажни марамици, кои беа во огромен број.

Веднаш по акцијата се известени и службите на Охридски Комуналец.

Чист Охрид ги охрабрува ваквите национални акции за чистење, како и индивидуалните потфати. Истовремено активистите упатуваат апел за зачувување и штитење на животната средина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top