Post Views: 0
Apple вложува една милијарда долари во кинескиот Didi Chuxing, апликација за такси услуги, која во Кина има поголем пазарен удел од американскиот Uber, соопшти Apple.
Извршниот директор на Apple, Tim Cock наведува дека на ваков потег се одлучиле и поради подобро разбирање на конескиот пазар.
За Didi Chuxing, во минатото познат како Didi Kuaidi, ова е најголемата инвестиција во историјата.
Didi Chuxing има повеќе од 11 милиони возења дневно, а тоа значи дека пазарниот удел му достигнува 87%.
Од друга страна, американскиот Uber тешко се пробива на кинескиот пазар, па неодамна...
Post Views: 3
Рачно изработена бомба експлодира ноќеска пред канцеларијата на пратеникот на грчката владејачка партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис во Атина, предизвикувајќи само материјална штета, соопшти локалната полиција.Бомбата експлодирала на скалите пред канцеларијата на 41-годишниот Мицитакис, кој инаку е брат на грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани и син на поранешниот премиер Константинос Мицотакис.
Полицијата информира дека за време на експлозијата во зградата во која се наоѓа канцеларијата немало никого, напоменувајќи дека не добила предупредување...
Post Views: 1
ОО на Либерално Демократската Партија од Охрид бара поведување на иницијатива за дислокација на спомен-обележјето на Григор Прличев и му предлага на Советот на Општина Охрид, да донесе решение за истата.
Несомнено е дека спомен-обележјето на Григор Прличев – истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX век, треба да има адекватно место.
Сведоци сме дека на моменталната локација на која се наога спомен- обележјето (пред Градската библиотека), поставени се контејнери во негова непосредна близина со...
Post Views: 1
Без договор заврши лидерската средба што почна на полноќ и траеше околу два часа, а се одвиваше во Клубот на пратеници. Учесниците дојдоа и заминаа рано утринава без да дадат никаков коментар.
Единствено изјава даде Ванхауте кој најави дека разговорите продолжуваат уште во текот на денот и во наредните денови на билатерално ниво.
„Можам да кажам дека имавме корисни разговори иако не постигнавме договор. Добро е што луѓето почнуваат да разговараат. Се надевам на најдобро, но времето притиска се очекува извештајот за напредокот и препораката“, рече Ванхауте.
Не сакаше...
Post Views: 1
Со делумна блокада на сообраќајот денеска во Франција почна генерален штрајк, кој се одржува во знак на протест против антикризната политика на претседателот Никола Саркози.
Поголемиот дел од штрајковите и демонстрациите ќе се одржат денеска, но вработените во железничкиот и градскиот превоз уште од синоќа ја запреа работата.
Штрајкуваат и вработените во нафтената компанија „Тотал“, која неодамна соопшти дека ќе намали околу 560 работни места во фабриките во Франција.
Генералниот штрајк се одржува во организација на главните француски синдикати.Француските рабтници и...
Post Views: 2
Викендов на стрелиштето во гимназијата воСандански се одржа седмиот по ред меѓународен Турнир во гаѓање со воздушнооружје-меѓународна програма, на кој учество зедоа стрелци од повеќе клубови од Македонија и Бугарија.
И на овај ТурнирСК „Охрид“ се претстави во најдобро светло, закитувајќи се со три поединечнимедаљи и екипен пехар.
Во категорија јуниорки,Јована Милевска се пласира на втората позиција со резултат од 610,2 круга сошто ја потврдува својата спортска форма со тенденција на покачување. На шестата позиција во истата категорија се пласира Ива Маленко со резултат...
Post Views: 3
Стружани нареднава година ќе го видат новиот лик на Мостот на љубовта, според најавите на надлежните од оваа општина. Се поизвесна станува неговата изградба, информира раководителот на Секторот за урбанизам Ресул Хани. Како што истакна Хани градоначалникот Зијадин Села и неговиот тим веднаш се нафатиле да им го вратат на стружани мостот кој бил белег на градот. Првично увиделе дека во нивната архива но и во Историскиот архив од Охрид не постоела никаква документација од некогашнот мост. Откриле кој бил изведувач, некогашната фирма „Југодрво“ и почнале да остваруваат...
Post Views: 3
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја преиспита прогнозата за раст на светскиот Бруто домашен производ (БДП) во 2009 година.
Наместо очекуваниот раст од 0,5% ММФ прогнозира намалување на светската економија за 0,6%, рече претставникот на Фондот, Тереза Тер-Минасјан. Таа најави дека новата прогноза ќе биде наскоро објавена.
Според експерти од ММФ, обемот на БДП на САД годинава ќе се намали за 2,6%, разлика од досегашните прогнози за смалување од 1,6%. Експертите од Фондот прогнозираат намалување на БДП на еврозоната за 3,2% и на Јапонија за 0,5%.
{loadposition content9}...
Post Views: 0
Помина рокот од 20 дена, што градоначалникот Константин Георгиески им го даде на сопствениците на дивоградби во Охрид. Во петок на седница со ребалансот на буџетот дополнително ќе се издвојат пари за уривање на дивоградби. Оние кои не ги отстранија објектите , а веќе добија решение, ќе им ги отстранува општината, но на нивни трошок.Ќе се уриваат единствено оние обејкти кои имаат правосилни решенија за отстранување.
„Ние имаме седница на советот во петок на дневен ред има ребалнс на буџетот и со ребалансот се предвидени дополнителни 2 милиони денари за отстранување...
Post Views: 0
Европската унија не треба да ги замрзне плановите за прием на земјите од западен Балкан, изјави еврокомесарот за проширување, Оли Рен.
Тој ја искоментира изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел која рече дека на Европската унија и е потребна „фаза на консолидација” пред да прими нови земји членки.
Еврокомесарот оцени дека перспективата за членство во ЕУ придонела за политичка стабилност и реформа на стопанството на западен Балкан.
Поради тоа, Рен смета дека економската криза и напорите за ратификација на Лисабонскиот договор за институционални реформи во ЕУ...
Post Views: 1
На 28-ми јануари 2022 во ОВР Струга пријавено е пукање од огнено оружје на улицата “Партизанска” во Струга.
Не е пријавено повредено лице, а по наредба на Јавен обвинител извршен е увид при што, пронајдени се чаури и пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Градоначалникот Константин Георгиески направи теренска обиколка на повеќе тековни градежните активности на локации во општина Охрид. Се интересираше како течат зафатите на неколу училишни објекти, улици и потпорни ѕидови кои се финансирани од општинскиот буџет. Георгиески направи увид во тоа како течат работите при менување на кровните конструкции на основните училишта Христо Узунов, Братство Единство-Лескајца, Елшани и Коњско. Ги посети локациите каде што се градат два потпорни ѕида во селото Елшани и во Варош во близина на куќата на Григор Прличев. Исто така, градоначалникот,...