• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските либералдемократи бараат воведување на иницијатива за дислокација на бистата на Григор Прличев

Охридските либералдемократи бараат воведување на иницијатива за дислокација на бистата на Григор Прличев

ОО на Либерално Демократската Партија од Охрид бара поведување на иницијатива за дислокација на спомен-обележјето на  Григор Прличев и му предлага на Советот на Општина Охрид, да донесе решение за истата.

 |   | 

ОО на Либерално Демократската Партија од Охрид бара поведување на иницијатива за дислокација на спомен-обележјето на Григор Прличев и му предлага на Советот на Општина Охрид, да донесе решение за истата.

Несомнено е дека спомен-обележјето на Григор Прличев – истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX век, треба да има адекватно место.

Сведоци сме дека на моменталната локација на која се наога спомен- обележјето (пред Градската библиотека), поставени се контејнери во негова непосредна близина со што, не само што се нагрдува сликата за споменикот туку во најмала рака тоа е недопустливои , деградирачко и неодговорен однос кон ликот и делото на Прличев.

ОО на Либерално Демократската Партија од Охрид предлага Спомен-обележјето на Григор Прличев да биде дислоцирано пред Националната установа – Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид со што ке се врати засужениот пиедестал кој го заслужува нашиот сограѓанин Прличев.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top