Тренчевска: Со ССМ ќе разговараме за зголемување на минималната плата на 18.000

Post Views: 2 „Трудот на работниците мора да се почитува, особено во делот на унапредувањето на работничкиот статус и квалитетот на живеење во услови на економска и здравствена криза. Затоа Владата преку дијалог со работниците и работодавачите ќе ја зголеми минималната плата на 18.000 денари а до крајот на мандатот на 20.000 денари“, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за утринската програма на МРТВ. Денеска со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија имаме состанок кај вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Ќе разговараме...

Continue reading

Одлична изложба на Фото клуб Охрид

Post Views: 5 Во чест на празникот Свети Климент Охридски, во изложбениот салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена традиционалната, 23-та по ред изложба на Фото клуб Охрид. Изложбената поставка содржи 50 фотографии со различни мотиви, дела на 12 автори. Фотографијата ги зачувува од минливост моментите како одредени секвенци од времето. Фотографијата добива повластен статус меѓу уметностите според дефиницијата на уметноста од времето на Платон како копија на реалноста. Безвременоста и непосредноста е суштинска особиност на фотографијата, истакна во своето обраќање...

Continue reading

Вакцинираните не се полни со токсини

Post Views: 0 Студија што не е рецензирана и е демантирана од многу истражувачи се пласира како доказ дека со вакцините во телото се внесуваат токсини. Станува збор за невистинита вест, т.е. дезинформација. Рецензираме објава на Фејсбук на тема широко распространета во антивакциналните делувања и во земјава и во светот. Тврдењето е дека кога ќе ја примите мРНК вакцината против ковид (Фајзер или Модерна) тогаш во Вашето тело таа нема да остане само во рамото каде е настанато боцкањето, туку овој спајк протеин ќе отпатува во сите органи од телото и ќе предизвика штети. Во постот се...

Continue reading

СЗО: Следи нов сој на коронавирусот, варијантата Ми

Post Views: 0 Новата варијанта со научно име Б.1.621 досега беше класифицирана како „варијанта што треба да се следи”, наведува СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата на коронавирусот. СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирус. Сите вируси, вклучително и коронавирус (SARS-CoV-2), мутираат со текот на времето. Повеќето мутации имаат мал или никаков ефект врз својствата на вирусот....

Continue reading

УЕФА го тргна терминот „северномакедонец“ и го замени со „Македонец“

Post Views: 0 По реакциите на Канал 5 и македонската јавност и претставката од македонското МНР, УЕФА од официјалниот сајт го тргна терминот „Северномакедонец“ и го замени со „Македонец“ во графата за националност на претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски. За да се промени терминот„Северномакедонец“ од МНР веднаш испратија реакција до Европската куќа на фудбалот. Од МНР вчера соопштија дека постојано водат сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните на Македонија. -Како што сме реагирале соодветно...

Continue reading

Мерко нема намера да урива дивоградби

Post Views: 5 Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко  нема да урива дивоградби. Забелешките на еколозите и препораките на Унеско не допираат до првиот човек на Струга. Тој најави дека во име на туристичкиот развој планира да  го уредува   и доградува   градот. Во однос на најавите на Антикорупциската комисија за  одземање на  ингеренциите на општините и барање од  државата да ги урива дивоградбите Мерко одговори: „Ние сакаме да градиме не да рушиме. Ние ќе им кажеме да доградиме не да рушат. А владата ќе регира како ние  ќе кажеме ние сме локална власт  што сме ние?. Не може некој со...

Continue reading

Опожарено возило во Струга

Post Views: 9 На 14.02.2022 во 00.10 часот во ОВР Струга пријавено е дека било опожарено патничко возило „Бмв” со струшки регистарски ознаки, паркирано во населбата „Плитишта”, сопственост на С.Ѓ. (55) од Струга. Нема повредени лица, а интервенирала територијалната противпожарна единица. Увид изврши екипа од ОВР Струга – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

Денеска го славиме Св. Атанасиј Велики – Танасовден

Post Views: 4 Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен. Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте… Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во Александриската црква. Учествувал на Првиот вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо...

Continue reading

Се оддаде почит пред споменикот и моштите на Св. Климент Охридски

Post Views: 5 Во рамките на одбележување на големиот празник Св. Климент Охридски се одржаа бројни активности. На Градскиот плоштад, пред неговото спомен обележје се оддаде почест на Св Климент Охридски светителот и заштитник на Охрид. Пред споменикот се поколонија и положија свежо цвеќе охридскиот градоначалник Кирил Пецаков придружуван од советници од Градскиот совет, а исто така и делегации од политички партии и институции кои го носат неговото име. Во чест на патронот градоначалникот врачи награди за стимулација на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година...

Continue reading

Лага за вакцината и децата во училиштата

Post Views: 1 Лажна вест е пласирана како објава на Фејсбук дека со самото тоа што сте ги испратиле децата во училиште сте дале и согласност за вакцинација против ковид. ,,Прочитајте добро родители, ова е буквален фашизам и тиранија“, бомбастично најавува авторот на објавата на Фејсбук што ја рецензираме и кој споделува фотографија во која на македонски јазик пишува: СЗО сега вели дека присуството на вашето дете во училиште се смета за информирана согласност за вакцинација – родителско присуство не е потребно. Нема линк до содржината и кога ќе се пребара овој наслов на пребарувачот...

Continue reading

Нов земјотрес во Хрватска

Post Views: 5 Умерен земјотрес утрово по 9 часот ја потресе пошироката област Шибеник во Хрватска. EMSC (Европски сеизмолошки центар) известува дека јачината на земјотресот била 3,2 степени, а епицентарот бил на 12 километри западно од Шибеник во Јадранското Море, на длабочина од околу два километри, пренесува Индекс. Земјотресот се случил во 21:05 часот, а бил почувствуван во Шибеник, Водице, Биоград, Пашман, Задар.  

Continue reading

Македонец загина во сообраќајна несреќа на Халкидики

Post Views: 2 Македонски државјанин загинал во сообраќајна несреќа на локалниот пат Муданиа-Палиоури на првиот крак на Халкидики, јави МИА. Од засега непознати причини се превртел автомобилот со македонски регистарски таблици. Од грчката полиција соопштија дека околу 6.20 часот во неделата на локалниот пат меѓу Муданиа и Палиоури на Халкидики се превртел автомобилот со кој управувал 22-годишен странски државјанин и загинал возачот, а неговиот 21-годишен сопатник, исто така странски државјанин е повреден. Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за државјани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top