Post Views: 3
Неколку минути пред падот на авионот на Egypt Air, во четвртокот наутро во Средоземното море, уредите откриле чад во авионот, а тоа го покажале податоците кои автоматски се пренесуваат од авионот на серверите од компанијата. Таа информација во меѓувреме ја потврдија и истражителите, пренесува Daily Mail.
“Во авионот имало пожар”, рекол за Deutsche Welle експертот за авијација Tim van Beveren.
Спрема американската CNN податоците за чадот дошле од автоматскиот систем ACARS кој континуирано пренесува податоци за летот од авионот до серверите на авионската компанија.
“Системот...
Post Views: 0
Во Индија денеска почна првата фаза од парламентарните избори, што се одвиваат во пет фази и ќе траат до 13 мај.
Во 124 изборни региони во 15 сојузни држави и две територии од северниот и источниот дел на Индија ќе гласаат 714 милиони луѓе за 543 пратеници.
Фаворите на изборите се владејачката коалиција Обединет прогресивен сојуз (УПА)предводена од Конгресната партија и Националниот демократски сојуз и коалицијата предводена од хиндуистичката националистичка Барати џаната партија.
Доколку една од овие две коалиции не формира влада, постои можност на власт да дојде...
Post Views: 8
Жителите кои имале проблеми со излевање на водите од речните корита на Коселска, Сушица и Грашница стравуваат дека е можно повторно да им се случат поплави доколку не се исчистат речните канали. Тие посочуваат дека во речното корито на Коселска, но и во останатите речни корита, под влијание на долгиот сушен период кој траеше од месец јули па се досега нема ни капка вода, а тоа носи опасност каналите да бидат обрастени со вегетација и корења кои ќе го попречат нормалниот водотек. Како втор проблем, го наведуваат органскиот отпад кој завршува во речните корита, а го фрлаат...
Post Views: 2
Точно на еден час претпладне во земјава ќе се одржат два значајни настана. Во Советот на јавни обвинители 12. помошници во новото специјално обвинителство ќе дадат свечена заклетва, а во Клубот на пратениците партиите повторно седнуваат на заедничка маса за реализацијата на договорот од Пржино.
Еден час претпладне во земјава денеска ќе се одржат два значајни настана. Првиот е закажан во Советот на јавните обвинители, каде што во 11 часот конечно заклетва ќе дадат 12 обвинители кои ќе го сочинуваат тимот стручни помошници на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Вториот...
Post Views: 8
Невработеноста во Турција во јануари годинава се зголемила на 15,5 проценти, со што оваа земја заедно со Шпанија станува лидер во однос на невработеноста во Европа.
Според официјалните податоци, во февруари годинава во Шпанија исто така е регистрирана невработеност од 15,5 проценти, но Турција се очекува да ја надмине и оваа бројка.
Меѓу земјите во Европа со висок процент на невработеност се и Летонија, Белгија, Ирска и Полска.
Невработеноста пак во еврозоната се искачи на 8.5 насто.
{loadposition content9}
Post Views: 34
НУ Завод и музеј обезбеди средства од ресорното министерство за реконструкција на 5 приватни објекти во Охрид. Станува збор за заштита на семејните куќи на Ленче Петанова на ул.Димитар Влахов, Томислав Стефоски на ул. Гоце Делчев, Славко Патчев на ул. Цар Самоил, Стевче Талев на ул 11 Октомври и куќата на Момирови во сопственост на Завод и Музеј на ул. Илинденска. Со тоа продoложува институционалната грижа во заштитата на приватните објекти кои со својата архитектура се дел од значајното културно наследство , информира Даниела Недељковиќ, в.д. дир на Завод за заштита...
Post Views: 1
До дел од струшките граѓански здруженија пристигнале забелешки дека градската библиотека „Браќа Миладиновци“, кубури со книги. Тоа се однесувало на литературата за деца, на албански јазик. Дел од родителите на децата укажале дека се случува книгата која ја бараат за лектира да ја нема во градската библиотека па биле принудени да ја купат. Слободанка Попоска директорката на ЦК „Браќа Миладиновци“ во чиј склоп работи и градската библиотека, одговорно тврди дека не се случува да враќаат нивни членови поради немање на одредена лектира. Според неа проблемот е сосема друг....
Post Views: 5
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Иран ќе ја продолжи програмата за производство на нуклеарно гориво и балистичката програма, и покрај загриженоста на светските сили.
„Во согласност со нашата програма ќе го продолжиме производството на нуклеарно гориво“, изјави вчера Ахмадинеџад, додавајќи дека земјата располага со околу 7.000 центрифуги во фабриката за збогатување ураниум во Натанца.
Иранскиот претседател на 9. април во Исфахан ја отвори првата фабрика за нуклеарно гориво и најави дека Иран „ќе ги испита новите типови центрифуги што се помоќни од...
Post Views: 8
Учесниците на партнерскиот проект „Чиста природа- долг живот“ кој го имплементира ОУ „Ванчо Николески“ од с. Лескоец, денеска имаа средба со заменик- градоначалникот Ристо Николески.
На средбата на која учествуваа претставници на партнерите од Велика Британија, Португалија, Романија и Турција, координаторката Елисабета Настоска, наставник по англиски јазик во ОУ „Ванчо Николески“ објасни дека се работи за проект кој ќе трае две години, а целта е со разни активности со земјите партнери да се разменат искуства од областа на заштитата на животната средина.
Основното училиште...
Post Views: 1
Светски економски форум за Латинска Америка се одржува денеска и утре во Рио де Женеиро, на кој ќе се дискутира за ефектот на светската економска криза врз овој дел од светот.
Повеќе од 500 делегати од 35 земји ќе се осврнат и на проблемите на Блискиот исток, Азија и Кина, но и на трговските пречки и протекционизмот.
Фокусирајќи се на претстојната економска бура, други интереси на Форумот ќе бидат и смената на американската администрација, причините за економскиот крах, улогата на трговијата со дрога врз социо-економските добра, како и за фосилните горива и алтернативните...
Post Views: 0
Во текот на последните 24 часа се направени 3.025 тестирања, при што се регистрирани 413 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
• Скопје 205• Куманово 37• Велес 20• Прилеп 19• Битола 15• Штип 14• Кавадарци 12• Пробиштип 9• Тетово, Охрид и Гевгелија по 8• Кичево и Кочани по 7• Струмица 6• Свети Николе, Крива Паланка и Делчево по 5• Македонска Каменица 4• Струга, Неготино, Радовиш и Кратово по 3• Богданци и Демир Хисар по 2• Гостивар, Берово и Пехчево по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица:...
Post Views: 8
Министерството за животна средина и просторно организира Јавна расправа за Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. Ќе биде разгледан и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г.
Јавни расправи ќе се одржат во Клубот на пратеници во Скопје на 11 ноември, со почеток во 12 часот. Во Охрид и Струга настанот ќе се одржи на 12 ноември во НУЦК “Григор Прличев“ со почеток во 12 часот и во салата на Советот на...