Иран продолжува со нуклеарната програма

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Иран ќе ја продолжи програмата за производство на нуклеарно гориво и балистичката програма, и покрај загриженоста на светските сили.

 |  Крсте Голабовски  | 
karikatura
карикатура

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Иран ќе ја продолжи програмата за производство на нуклеарно гориво и балистичката програма, и покрај загриженоста на светските сили.

„Во согласност со нашата програма ќе го продолжиме производството на нуклеарно гориво“, изјави вчера Ахмадинеџад, додавајќи дека земјата располага со околу 7.000 центрифуги во фабриката за збогатување ураниум во Натанца.

nuklearna centralaИранскиот претседател на 9. април во Исфахан ја отвори првата фабрика за нуклеарно гориво и најави дека Иран „ќе ги испита новите типови центрифуги што се помоќни од сегашните“.

Ахмадинеџад најави и продолжување на иранската балистичка програма. Во февруари Иран од ракетата Сафир-2 го лансираше сателитот Омид.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top