Post Views: 4
Општина Охрид во првостепена постапка пред Основен суд Охрид ја доби тужбата против Фибула Травел за раскинување на договорот за продажба на земјиштето на локацијата кај каналот Студенчишта.
Имено, според објавата на судската пресуда од 29.11.2019, судот го усвоил тужбеното барање на општината, со што договорот за оттуѓување на градежно земјиште по пат на електронско наддавање од 19.08.2014год се раскинува поради неисполнување на истиот од страна на Фибула.
На оваа атрактивна локација на охридското крајбрежје, компанијата Фибула ер Травел требаше да изгради два хотели...
Post Views: 0
Некогашниот струшки затворен пливачки базен кој е во склоп на ОУ „Браќа Миладиновци“, покрај тоа што се распаѓа и е оставен на забот на времето, вчера го зафати уште една катастрофа. Околу 19 и 40 минути избувнал пожар. Пламените јазици и густиот чад предизвикале паника и вознемиреност кај граѓаните бидејќи пожарот бил во близина на нафтените резервоари на објектот.
Како што не информира командирот на струшката единица за противпожарна заштита Минир Мамуди, дојавата за пожарот до нив стигнала од струшката полиција. Две екипи со три противпожарни возила веднаш излегле...
Post Views: 2
Али Абдусалам е новиот ротационен претседател на Генералното собрание на ОН. Треки, кој беше избран со овации да раководи со 64-та сесија на Генералното собрание, е поранешен министер за надворешни работи на Либија и досега трипати беше постојан претставник на северноафриканската држава во ОН.
Во изјавата по изборот новиот претседател им се заблагодари на земјите-членки и изјави дека неговата идна работа ќе зависи од соработката на секој член на Генералното собрание, без да изразува пристрасност кон определени групи земји.
– Мојата главна девиза ќе биде праведноста,...
Post Views: 5
До крајот на овој месец Охрид ќе добие шелтер центар за згрижување на жртвите од семејно насилство. Веќе е избран и опремен просторот за привремено сместување на жртвите од насилство, кое за жал последниве години се повеќе се зголемува. Ќе биде отворено и советувалиште во кое стручните тимови ќе работат и со жртвите, но и со насилниците. Семејното насилство е во пораст што е резултат на нетрпеливоста во семејството, но и тоа што се повеќе се охрабруваат жртвите да пријавуваат. Само годинава се регистрирани околу 150 случаи на вавкво кривично дело.
„Во...
Post Views: 0
Телевизијата на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФТВ) синоќа емитуваше аматерски снимки, на кои се гледа најпознатиот хашки бегалец, Ратко Младиќ.
Снимките се направени во изминатите 12 години, а најголем дел од нив се снимени во белградската населба Кошутњак, каде што Младиќ пред камерата се весели на свадба и се дружи со семејството и пријателите.
Покрај тоа, на една од снимките направена во 2.000-та година, Младиќ е прикажан на свадба во Источно Сараево, во ресторанот „Кула“.
Во политичкиот магазин „60 минути“, на ФТВ емитувани се и снимки од една касарна на тогашната...
Post Views: 5
Поскапувањето на електричната енергија финансиски ќе ја оптовари Локалната самоуправа, а ќе ја доведе во прашање и рентабилноста на големите потрошувачи меѓу јавните претпријатија.
Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков за да се ублажи финансискиот удар од поскапувањето на електричната енергија најави дека општината ќе бара поддршка од државата.
Катастрофална е состојбата во Локалната самоуправа во однос на електричната енергија и не само овде, туку во сите локални самоуправи, сите се среќаваат со овој проблем. Заедно преку заедниците на Локалната самоуправа, преку...
Post Views: 8
На повеќе локации депонирани се вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи и тоа: „Стар Град“, У.З.„Гоце Делчев“ – бараки, по сите воспитно-образовни институции на територијата на општина Охрид, покрај фреквентните сообраќајниции и руралните подрачја кои се наоѓаат на поголема надморска висина и тоа: с.Елшани, с.Долно Коњско, с.Рача, с.Рамне и с.Велестово.
Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата...
Post Views: 1
Русија, Казахстан и Белорусија планираат да пристапат во Светската трговска организација (СТО) како единствен блок и да ги прекинат одделните преговори со организацијата.
„Премиерите на Русија, Белорусија и Казахстан ќе ја известат СТО за својот план да почнат пристапни преговори како трипартитна унија, како и да ги прекинат националните преговори за членство во организацијата“, изјави синоќа рускиот премиер Владимир Путин на состанокот на Евроазиската економска заедница.
Путин истакна дека членството во СТО е заеднички приоритет на трите држави и поради тоа тие заеднички...
Post Views: 7
Не дозволувајте да ве купат. Не се продавајте за пари. Имате вие чест и достоинство, изјави кандидатот за Градоначалник на Охрид од ТМРО, Гоце Цветковски.
Да ми се придружите да бидете дел од македонската историја. Денеска победуваме во прв круг: Припазете ги резултатите, јавете ми се и кажете ми какви се за да можеме да ги собереме за да не ни ги украдат избориве. Не дозволувајте да ве купат. Не се продавајте за пари. Имате вие чест и достоинство. Гласајте по свој разум и разбирање за тоа што е добро, а што е лошо за вас. Кампањата ја одработив максимално колку што...
Post Views: 2
Поради поставувањето на новогодишнте украси во чаршијата, Локалната самоуправа апелира, доставувањето на роба во деловните објекти да се врши исклучиво со ниски возила.
Од локалната потенцираат да се следат насоките бидејќи може да дојде до оштетување на реквизитите и други несакани проблеми.
Post Views: 6
Боливискиот претседател, Ево Моралес, потпиша декрет со кој што Боливија повеќе не е република туку официјално треба да се нарекува „Многунационална држава“.
Ова како што пренесува Интерфакс го објави боливискиот весник „Тиемпос“. Со декретот се утврдува „употребата на Многунационална држава Боливија во сите јавни и приватни односи, меѓународните дипломатски односи, а исто така и во националната и меѓународната кореспонденција.
Измената е внесена и во новата верзија на Уставот на државата, што беше одобрен на референдум во јануари.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Највисокото општинско признание „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2019 година, постхумно му се доделува на прерано починатиот градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски. Решението за доделувањето на наградата, за која имаше пет апликации, го донесе градоначалникот Константин Георгиески на предлог на Стручната комисија за доделување на општински награди и признанија.
Во образложението, покрај другото стои дека со постхумното доделување на највисокото општинско признание, наградата „Патронот на градот- Св. Климент Охридски “, на прерано починатиот градоначалник...