• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Поскапувањето на струјата негативно ќе се одрази врз рентабилноста на Јавните претпријатија

Поскапувањето на струјата негативно ќе се одрази врз рентабилноста на Јавните претпријатија

За избегнување на финансиските загуби општината ќе бара субвенционирање на електричната енергија од државата. Во меѓувреме, Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ќе се обиде да најде решение за намалување на потрошувачката на струја.

 |  Валентина Неловска  | 

Поскапувањето на електричната енергија финансиски ќе ја оптовари Локалната самоуправа, а ќе ја доведе во прашање и рентабилноста на големите потрошувачи меѓу јавните претпријатија. 

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков за да се ублажи финансискиот удар од поскапувањето на електричната енергија најави дека општината ќе бара поддршка од државата. 

Катастрофална е состојбата во Локалната самоуправа во однос на електричната енергија и не само овде, туку во сите локални самоуправи, сите се среќаваат со овој проблем. Заедно преку заедниците на Локалната самоуправа, преку ЗЕЛС да најдеме некаков начин државата тоа да го субвенционира. Сега засега како што е цената на електричната енергија е неодржлива ситуацијата на подолг рок – истакна Пецаков.

ЈП “Билјанини извори“ е едно од охридските претпријатија поголеми потрошувачи на електрична енергија. Теодор Андоноски, директорот на  јавното претпријатие информира дека бараат начини како да заштедат на потрошувачката на струја.

Моментално осветлувањето во СРЦ е со халоген светилки и се троши доста електрична енергија. Во моментов се изработува Студија за префрлање на лед осветлување со кое би се намалила потрошувачката на електрична енергија за 70 проценти од натпревари и тренинзи. Друга мерка која би се презела во соработка со општина Охрид е изработка на проект за поставување на фотоволтаичен систем за да се заштеди еелктирчна енегрија, а колку тоа ќе го покаже физибилити студијата – вели Андоноски.

ЈП „Билјанини извори“ до месец ноември за потрошена струја плаќало околу 100.000 денари, а во ноември сметката достигнала износ од околу 400.000 или цената се зголемила за 4 пати. До месец август цената за електричната енергија ја плаќале по 3,8 денари за киловат час потрошена енергија со ДДВ,  а во ноември цената достигнала до 24 денари за киловат час електрична енергија со ДДВ.      

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top