Цветковски : Очекуваме победа и се чувствувам возбудено

Не дозволувајте да ве купат. Не се продавајте за пари. Имате вие чест и достоинство, изјави кандидатот за Градоначалник на Охрид од ТМРО, Гоце Цветковски.

 |   | 

Не дозволувајте да ве купат. Не се продавајте за пари. Имате вие чест и достоинство, изјави кандидатот за Градоначалник на Охрид од ТМРО, Гоце Цветковски.

Да ми се придружите да бидете дел од македонската историја. Денеска победуваме во прв круг: Припазете ги резултатите, јавете ми се и кажете ми какви се за да можеме да ги собереме за да не ни ги украдат избориве. Не дозволувајте да ве купат. Не се продавајте за пари. Имате вие чест и достоинство. Гласајте по свој разум и разбирање за тоа што е добро, а што е лошо за вас. Кампањата ја одработив максимално колку што може да сработи еден човек армија, имав помош и од пријатели, но најголемиот дел сам ја сработив работата. Имаше и валкана кампања каде што лепев посери беа прелепувани и шкртани од конкуренцијата, а јас не ги уништував нивните. Но во ред, мислам дека Македонскиот народ и охриѓани се разумни луѓе и денеска ќе гласаат разумно – изјави Цветковски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top