Post Views: 3
Дел од стариот пат Охрид – Струга во близина на Подмоље, стои ископан речиси пет месеци. До ден денес од струшката секција на Македонија Пат оваа дупка ја немаат санирано, за што најмногу се револтирани возачите и такси превозниците кои овој патен правец го поминуваат дури и по неколку пати во денот.
„Оваа дупка е катастрофална, слободно може да видите дека пред една недела сменав амортизер во вредност од 40 евра, точно заради оваа дупка, тоа мене никој не ми го плаќа, јас често пати на работа патувам Охрид – Струга. Навистина е страмота сега доаѓаат туристи и се чудат,...
Post Views: 0
Светската економска криза и реформата на финансискиот систем, енергетска сигурност, неопходноста од мерки против климатските промени и кризата во Иран ќе бидат во центарот на вниманието на тридневната средба на Г-8.
Форумот почнува денеска во италијанскиот град Аквила кој во април беше погоден од силен земјотрес. Самитот на Г-8 ќе започне со дискусии за финансиската криза, а соопштението, кое ќе биде објавени по првиот ден од средбата, веројатно ќе биде насочено кон индикациите за стабилизирање на водечките економии и ќе содржи позитивна прогноза за иднината на светската...
Post Views: 0
Објавени фотографија и двоглед, два нови артефкти поврзани со личноста на охридскиот војвода Петар Чаулев. Во спомен куќата на Христо Узунов пред голем број Охриѓани и ученици, почитувачи на делото на Петар Чаулев беа одбележани 95 години од неговата погибија. По тој повод овие два предмети можеше да ги види македонската јавност. Фотографијата ја пронашол Проф.д -р Павле Митерски во селото Враништа во семејството на Јован Циркоски, потомок на војводата Лазар Циркоски, кој бил дел од востаничката чета на Петар Чаулев. Двогледот досега го чувал и бил во сопственост на...
Post Views: 1
Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер од Социјалдемократската партија е еден од можните кандидати за местото висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, бидејќи Хавиер Солана во октомври заминува од функцијата, тврди германски „Велт“.
Весниот пишува дека шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт веќе со месеци „зад кулисите“, работи на тоа да го наследи Солана, но и дека „во предвид доаѓаат и Штајнмаер и поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштат“. При тоа се додава дека социјалдемократите на Штајнмаер, во случајот тој да замине...
Post Views: 0
Популарниот моден бренд H&M конечно доаѓа во Македонија. Оваа вест има потврда на официјалната веб страна на компанијата каде е најавено дека во текот на 2022 годината H&M планира да отвори свои продавници во Еквадор, Косово и Македонија.
Веста на својот инстаграјм профил ја објави Арсим Папранику, првиот човек на Ист Гејт Мол, со поставување видео на просторот каде треба да се смести продавницита која македонските граѓани долго ја чекаат. Тој најавува дека отворањето ќе биде оваа година.
Компанијата H&M има вкупно 4.801 продавница ширум светот. Групата...
Post Views: 26
Охридското Езеро ќе го крстари уште еден брод. „Армада“ е брод кој е увезен од Унгарија кој годинава е целосно реновиран по најновите европски регулативи за безбедност на патниците во внатрешна пловидба. Идеата на сопствениците да набават брод им тлеела одамна, но сега се создале услови за тоа. На него се инсталирани два нови мотори кои ги исполнуваат последните еко регулативи. Бродот „Армада“ ќе плови во текот на целата година. Покрај редовните крстарења до Св.Наум, ќе нуди и кратки дневни и ноќни крстарења, а ќе биде достапен и за сите кои сакаат да организираат приватни...
Post Views: 4
Стотици Ујгури ги продолжија протестите на улиците на Урумчи, главниот град на автономниот регион Синџинг Ујгур, во западниот дел на Кина во знак на протест поради вчерашното апсење на повеќе од 1.400 луѓе.
И утрово демонстрантите се судриле со припадниците на кинеските безбедносни сили.
Кинеската полиција вчера уапси 1.434 луѓе поради немирите во Урмучи во кои загинаа 156 лица. Поради немирите во провинцијата во прекин се мобилните телефони и интернетот.Кинеската полиција растури мирен протест на околу 200 луѓе во Кашгар, околу 1.050 километри југозападно од Урумчи....
Post Views: 0
Театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска во петок повторно ќе се одигра пред охридската публика.
Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.
„Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични....
Post Views: 1
Акцијата ја изведе Капетанија на пристаништата на Македонија и е дел од акцијата со која сите руинирани пловни објекти кои се во каналот треба да се извадат од таму.
Бродот Илинден поради својата габаритност моментално се наоѓа во близина на дирекцијата на ЈП Охридски Комуналец, а бродот Лихнида во кругот на ЈП Охридски Комуналец. Капетанот Горан Устијаноски за ТВМ кажа дека наскоро ќе бидат извадени уште 2 пловни објекти од каналот. Трошоците за вадење на бродот Лихнида паднаа на товар на државата бидејќи не е утврдена неговата сопственост, а трошоците за вадење на...
Post Views: 3
Поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт ќе биде дел од експертот тим, кои треба да ја осмисли стратегијата за новиот концепт на НАТО.
Екс британскиот министер за одбрана Џефри Хун, исто така, ќе биде меѓу десетината експерти, кои ќе ги постават основите на новата стратешка концепција на НАТО; соопшти синоќа дипломат во Брисел, кој побара да остане анонимен.
Сегашната стратешка концепција на НАТО, која на Алијансата и дава одврзани раце да презема дејствија во врска со предизвиците во областа на одбраната и го трасираше воениот и политичкиот развој, беше...
Post Views: 0
Со пригодна свеченост во Охрид беше означен почетокот на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во своето обраќање пред присутните истакна дека овој значаен проект започнува како резултат на конкретни подготовки, барање на најдобри решенија и финансиски срeдства за реализација.
– Овој сериозен зафат го преземаме затоа што несеопфатната реализација и негрижа за одржувањето на системот за прочистување на отпадни води создадоа сериозни еколошки штети и закани за Охридското...
Post Views: 2
Американскиот претседател Барак Обама од денеска престојува во дводневна посета на Москва, каде ќе се сретне со претседателот и премиерот на Русија, Дмитриј Медведев и Владимир Путин, како и со претставници на политичкиот и јавниот живот во оваа земја.
Официјални претставници на двете земји и светската јавност од оваа посета очекуваат најавеното „ресетирање на односите“ да добие конкретни резултати.Московската полиција за време на посетата на Обама ќе работи според вообичаениот режим, меѓутоа преземени се дополнителни мерки за безбедност.
За посетата на американскиот...