Обама во посета на Русија

Американскиот претседател Барак Обама од денеска престојува во дводневна посета на Москва, каде ќе се сретне со претседателот и премиерот на Русија, Дмитриј Медведев и Владимир Путин, како и со претставници на политичкиот и јавниот живот во оваа земја.

 |  Крсте Голабовски  | 
Obama i Medvedev
Обама и Медведев

Американскиот претседател Барак Обама од денеска престојува во дводневна посета на Москва, каде ќе се сретне со претседателот и премиерот на Русија, Дмитриј Медведев и Владимир Путин, како и со претставници на политичкиот и јавниот живот во оваа земја.

Официјални претставници на двете земји и светската јавност од оваа посета очекуваат најавеното „ресетирање на односите“ да добие конкретни резултати.
Московската полиција за време на посетата на Обама ќе работи според вообичаениот режим, меѓутоа преземени се дополнителни мерки за безбедност.

Medvedev i ObamaЗа посетата на американскиот претседател формиран е оперативен штаб, кој ќе ги координира активностите на полицијата и другите служби, поврзани со зачувување на редот и ќе реагира при евентуална промена на ситуацијата.
За безбедноста во Москва овие денови се задолжени околу 2.300 специјално обучени полицајци.
Службите на Министерството за внатрешни работи само ќе им помагаат на Федералната служба за безбедност и Федералната служба за обезбедување, ангажирани поради претседателската посета.
Во фокусот на вниманието на двајцата лидери ќе бидат билатералните односи, новиот договор за стратешкото нуклеарно вооружување и зачленувањето на Русија во Светската трговска организација (СТО). Ќе биде разгледано и прашањето за антиракетниот штит кој САД планираат да го постават на територијата на Чешка и Полска, како и ситуацијата во Авганистан, Северна Кореја, Иран и на Блискиот Исток.
Според медиумите, двајцата претседатели очекуваат дека оваа средба ќе биде можност за дијалог на рамноправна основа и изразување подготвеност за изградба на поефикасни, подоверливи и помодерни односи.
Лидерите на САД и Русија ќе се осврнат и на ситуацијата во Грузија по минатогодишните воени дејствија на руските сили, кои Вашингтон ги осуди и кои доведоа до влошување на односите на Москва со НАТО и САД.
Американските медиуми објавија дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон, иако било планирано, нема да допатува во Москва во придружба на Обама, поради здравствени причини.

По завршувањето на состанокот меѓу двајцата претседатели ќе следи и потпишување на повеќе документи – рамковен документ за намалување на стратешкото нуклеарно вооружување, заедничка изјава за соработка во нуклеарната сфера, договор за воен транзит во Авганистан, рамковен документ за развој на соработката на оружените сили на САД и Русија, меморандум за соработка во областа на здравството, медицината и науката.
Вториот ден од престојот, Обама ќе се сретне со рускиот премиер Владимир Путин и тоа ќе биде нивна прва средба, која се смета за многу значајна. Американскиот претседател неколку дена пред неговото заминување за Москва го окарактеризира Путин како некој кој се уште, барем делумно, „политика на студена војна“ и не може да го остави минатото зад себе, за разлика од неговиот наследник на местото шеф на државата.
Медведев и Обама, исто така, ќе учествуваат и на американско-рускиот деловен самит, на кој ќе се соберат најистакнати претставници од светот на бизнисот во двете држави.

За заедничката прес-конференција на Медведев и Обама акредитирани се 855 новинари.
Американскиот претседател ја завршува посетата на Москва в среда, кога ќе замине за Италија на состанокот на Г-8, на кој ќе учествува и Медведев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top