Post Views: 1
Министерот за надворешни работи на Исланд Есур Скарфединсон оцени дека на државата ќе и бидат потребни три години за да стане член на Европската унија.
„Ние сме член на европскиот економски простор и со тоа веќе презедовме 75 отсто од законодавството на ЕУ. Тоа значи дека 22 до 35 поглавја од преговорите за пристапување веќе сме исполниле. На прв поглед, се чини, не би требало да ни треба многу време. Меѓутоа, поглавјата кои недостигаат се тешки, а меѓу нив се и земјоделството и рибарството. Ако ја набљудуваме целата работа реално тогаш ќе ни требаат три до три ипол...
Post Views: 12
ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07. 01. 2020 (вторник) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе биде бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божиќ и на таков начин ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање.
ЈП Билјанини Извори им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет.
Post Views: 0
Јапонската Toyota и понатаму е највреден светски бренд во автомобилската индустрија, додека германскиот Volkswagen испадна од листата на 10 водечки компании по скандалот со тестовите за емисија на гасови.
Ова го покажува годишниот извештај на компанијата Millward Brown која врз основа на интервјуа со потрошувачите за перцепција на брендовите и анализа на финаниските и бизнис показатели оваа листа ја составува веќе 11 години.
Спрема ова истражување, вредноста на брендот Toyota се зголемила за 2%, на 29,5 милијарди долари, додека вредноста на VW брендот паднала на 9,3...
Post Views: 1
Најмалку шест лица загинаа, а околу 50 се повредени во железничка несреќа што вчера попладне се случи во Хрватска.
Несреќата се случила откако воз, што сообраќа на релација Загреб – Сплит, излетал од шините во местото Рудине, крај Каштела.
„Примивме 50-ина патници, кои се транспортирани со автобус, а станува збор за полесно повредени“, изјави попладнево заменикот директор на болницата во Сплит за агенцијата Хина.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Охридскиот кожар, Драган Геориески, несебично ги споделува своите занаетчиски вештини за изработка на минијатурни бележници. Шест години организира бесплатни работилници за изработка на минијатурни бележници кои купувачите најчесто ги купуваат меѓу неговите многубројни кожени производи. Георгиески е единствениот меѓу охридските занаетчии, кој овозможува бесплатни работилници за заинтересираните туристи. Тие сакаат сами да си изработат кожен бележник и да го понесат како сувенир од престојот во Охрид, вели овој вреден занаетчија.
„Во склоп на тоа гледаме дека работилниците...
Post Views: 2
Највисоката просечна плата за 2015 година во просторите на поранешна Југославија е 1.004 евра која се исплаќала во Словенија, додека најниски примања, само 361 евра земале вработените во Србија.Во Македонија, според последните статистички податоци од октомври, просечната плата изнесувала 365 евра.
Просечната плата во Црна Гора, според податоците од ноември изнесувала 482 евра, во Босна и Херцеговина била 422 евра, додека во Хрватска изнесувала 747 евра.
Просечната плата во Словенија е повисока за 1,49 евра од почетокот на минатата година, а во Хрватска за 5,44 евра...
Post Views: 6
Најмалку осум лица загинаа, а десетици се тешко повредени во силните бури што синоќа ги зафатија јужните и централните делови на Полска, јавуваат локалните медиуми.
Тешко се повредени 34 лица во целата држава, соошти изутрината портпаролот на државната пожарникарска стража Павел Фронтчак.
Полските пожарникари 2.000 пати излегувале на терен.
Слично невреме синоќа, по два дена тропски горештини од 36 степени, ја зафати и соседна Чешка.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Донација од 6 над душеци антидекубитални за потребите на неподвижни лица подари ЈП Билјанини извори за геријатриското одделение при Општа болница. За потребите на одделението, покрај душеците ЈП обезбеди и две ПВЦ врати. На лицата кои престојуваат тука им подарија и овошје за престојниот празник Божик. Како општествено одговорно ова јавно претпријатие, со својот хуман гест им ја честитаа Новата година со желби за подобро здравје на пациентите сместени на овој оддел, вели Гордана Јованоска, директор на од ЈП Билјанини извори.
„Од минатата година почнавме со еден проект...
Post Views: 1
Пристигна петтата група деца во струшкото одморалиште „Мајски Цвет“. Како што кажаа и самите, одлично биле згрижени во овој објект на струшкото крајбрежје и се чувствувале среќни и задоволни.
Децата денеска ги посети и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Тој нагласи дека на децата им обезбедуваат 7 дена бесплатно летување, каде тие се дружат, учат да пливаат и поминуваат незаборавни моменти на Охридското крајбрежје.
„За ова лето обезбедивме 2000 дечиња да можат да ја искористат оваа бесплатна услуга, да ги исполнат поволностите од проектот за бесплатно...
Post Views: 0
Синот на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, Сад, веројатно е убиен во американскиот ракетен напад во Пакистан на почетокот на оваа година, изјавија функционери на разузнавачката служба на САД.
Според нив, Сад бин Ладен (30), кој имал важна улога во односите меѓу Иран и Ал Каеда, пристигнал во Пакистан, откако неколку години минал во домашен притвор во Иран.
Наводно тој е убиен со проектил истрелан од американско беспилотно летало “предатор”. Американските разузнавачи велат дека се 80 до 85 проценти сигурни дека Сад е мртов, изјави неименуван функционер...
Post Views: 3
Потенцијалите со кои располага општина Дебрца ќе бидат ставени на користење за локалниот економски развој на оваа рурална општина. Во таа насока, изградба на две соларни централи, се дел од адутите кои ги има локалната самоуправа, информира градоначалникот Зоран Ногачески. Општина Дебрца го презеде управувањето со градежното земјиште и по завршување на парламентарните избори, од на пролет, веќе се очекува да се преземат иницијативи за искористување на сончевата енергија.
„Сакам да потенцирам дека во завршна фаза сме со донесување на Урбанистичките планови, треба да...
Post Views: 0
Пожарот што вчера избувна во близина на Марсеј се придвижува кон периферијата на градот од југоисток. Пожарот изгоре околу илјада хектари шуми и создава реална опасност за населените квартови во средоземноморското пристаниште.
Полицијата и противпожарните служби евакуираа над 400 лица од двата најсилно засегнати реони. Засега нема човечки жртви.
Со настапувањето на ноќта авионите, кои беа вклучени во борбата против катастрофата, ги прекинаа летовите и пожарот се уште не е совладан, изјавија претставници на противпожарните служби.Во дејствијата за гаснење на пожарот...