karta

Шест туристи загинаа во автомобилска несреќа во Шпанија

Post Views: 3 Шест лица загинаа, а 39 патници се полесно и потешко повредени во сообраќајна несреќа на патнички автобус во близина на шпанскиот град Барселона. Локалните власти соопштија дека несреќата се случила минатата ноќ, во близина на летувалиштето Сан Пол де Мар. Во автобусот имало 65 патници, повеќето од Холандија кои престојувале во летувалиштето, а синоќа со автобус тргнале во посета на Барселона. Иако си уште нема официјални информации за причините за несреќата, шпанските медиуми јавуваат дека автобусот во кривина слетал од патот и се превртел. Локалните власти соопштија...

Continue reading

Во Куќата на Робевци изложена 3Д макета на античка гробница од македонски тип

Post Views: 1 Од НУ „Завод и музеј Охрид“ информираат дека во музејот Куќата на Робевци е изложена 3Д макета на античка гробница од Македонски тип која е откриена на локалитетот Караѓулевци, веднаш до античкиот театар во Охрид. Макетата е изработена на 3Д печатач од страна на Кирил Денковски, а за ликовното обликување е заслужен Диме Солаковски. На самата локација од гробницата е поставена информативна табла за посетителите, а во рамките на овој проект беше изработена и виртуелна реконструкција на гробницата која е достапна на следниот линк Кратко „time lapse“ видео од теренските...

Continue reading

ОД ОПШТИНА ОХРИД АПЕЛ ДА НЕ СЕ ПАЛАТ ОГНОВИ НА ОТВОРЕНО

Post Views: 4 Со цел да се превенира загадувањето на воздухот и зголемената концентрација на ПМ честичките во амбиенталниот воздух, Општина Охрид апелира до граѓаните да се воздржат од палењето на традиционалните василичарски огнови на отворено. Општина Охрид во рамки на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 година презема мерки против загадувањето на амбиентниот воздух и има предвидено Проект за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух со субвенционирање на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување- инвертер клими. Исто така Општина Охрид...

Continue reading

logo

ММФ до 2011 ги укинува каматите за 80 најсиромашни држави

Post Views: 3 Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) најави досега невообичаена помош за околу 80 најсиромашни држави, кои до крајот на 2011 година ќе бидат ослободени од плаќање камати. Годишните камати кои што државите мораат да ги исплатат за време на тој период, од 0,5 отсто до 0,25 отсто годишно ќе бидат укинати, рече директорот за стратегија на ММФ, Реза Могадам. Новите заеми за тие држави би можеле да достигнат 17 милијарди долари до 2014 година, од кои што осум милијарди би се исплатиле идните две години. „Ова е прв пат во историјата ММФ да даде заеми со камата од нулта стапка...

Continue reading

Семејството Гигер ја понесе првата награда за најубаво украсен зимски двор

Post Views: 9 Првата награда за најубаво украсен зимски двор и балкон во Охрид ја понесе семејството Гигерови. Зимската, новогодишна бајка повторно царува во семејниот двор на Иванка и Бруно Гигер. Втората награда и припадна на Јована Бандиловска Јовановска , а третата заврши во рацете на Клаудија Арсенова. Семејството Гигер за украсување на својот двор одвојувале секој ден по 3-4 часа во текот на два месеци, а годишно издвојуваат и над 200 евра за купување на нови новогодишни реквизити.Ова не им е прва награда туку тие и се добро познати на охридската јавност. Со својот хуман гест...

Continue reading

Jaap de Hop Schefer

Последен ден на Јаап де Хоп Шефер, на кормилото на НАТО

Post Views: 0 Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер, чиј мандат официјално истекува на 31 јули, денеска ќе го мине својот последен ден на работа во седиштето на Алијансата во Брисел. Џејмс Апатурај, портпарол на НАТО, соопшти дека Шефер денеска на работа ќе пристигне заедно со својата сопруга. Шефер во присуство на постојаните претставници на 28-те земји-членки на НАТО ќе положи венец и свежо цвеќе пред споменикот на војниците, загинати во операции на Алијансата. {loadposition content9}

Continue reading

Општина Охрид денеска ја доби техничката документација за реконструкција на три улици

Post Views: 7 Во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, Општина Охрид доби изработена комплетна техничка документација за реконструкција на улиците „Гоце Делчев“, „Ѓорче Петров“ и „Кленоец“.Официјалните записници за примопредавање на техничката документација беа потпишани денеска на пригодна свеченост која се одржа во Министерството за финансии, во присуство на Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Марко Мантованели. На настанот...

Continue reading

Реакција на Доналд Трамп за масакрот на Флорида

Post Views: 1 Милијардерот Доналд Трамп и кандидат за претседател на САД, кој се залага за забрана на влез на американска територија за сите муслимани, се заблагодарил на Твитер на луѓето кои му честитале дека бил во право за радикалниот исламски тероризам. “Но, не сакам честитки, сакам внимателност и строгост. Мораме да бидеме паметни”, истакнал Трамп. Тој, исто така, ја нападна својата сопарничка од демократската партија, Хилари Клинтон поради нејзините изјави во кои злосторството го нарекла “терористички чин” и рекла дека САД мора да ги “удвои” напорите да ги заштити своите граѓани...

Continue reading

Пожарите беснеат низ Европа

Post Views: 4 Еден човек загина, а една жена се води за исчезната во новиот пожар во Шпанија, во реонот на градот Аренас де Сан Педро, на 120 километри западно од шпанската престолнина Мадрид, пренесоа агенциите. Човекот загинал кога огнот ја уништил куќата во која тој се наоѓал. Се претпоставува дека и жената била во куќата. Стихијата во реонот на Аренас де Сан Педро уништи 300 хектари шума. Со неговото гаснење се борат 100 пожарникари, седум авиони канадери и неколку хеликоптери. Се наведува дека пожарот бил запален со умисла, затоа што истовремено избувнал на три различни места....

Continue reading

Нов кружен тек кај Комерцијална банка

Post Views: 0 По налог на општина Охрид, а согласно сообраќајниот проект за регулирање  на сообраќајот во централното градско подрачје,  изграден е нов кружен тек меѓу улиците „Јане Сандански“ и „Партизанска“ во непосредна близина на „Комерцијална Банка“.Кругот е со дијаметар од 8 метри и помошен дијаметар од 6 метри што значи дека е обезбеден непречен проток на патнички и товарни  возила  во овој дел од градот.  На кружниот тек  е обележана хоризонтална и вертикална сигнализација и истиот е хортикултурно  уреден.Градежните активности ги реализираа охридските јавни претпријатија „Нискоградба“...

Continue reading

Бројот на блокирани сметки во државава расте

Post Views: 6 Според последните податоци на Народната банка во ноември лани, бројот на блокирани сметки изнесува 247.562, од кои 69.271 се блокирани сметки на правни лица, а 178.231 се блокирани сметки на граѓани.Најчесто блокирањето на сметките е поради неплатени комунални долгови, радиодифузна такса и рати за кредити.. Сега, според законските измени што се во собраниска процедура , извршителот нема веќе да може да блокира сметка без претходно да испрати предупредување, односно писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот. Измените треба...

Continue reading

Tadic i Mesic

Стипе Месиќ излезе со демант

Post Views: 0 Хрватскиот претседател Стипе Месиќ демантираше дека го предупредил српскиот колега Борис Тадиќ оти врз него се подготвува атентат. Месиќ, реагирајќи на наводите изнесени во белградскиот весник Блиц, рече дека на средбата со Тадиќ, на маргините на енергетскиот самит во Софија, во април, го запознал српскиот претседател со дејствување криминална група, која била под истрага во Хрватска. На Тадиќ му предложил со тоа прашање да се позанимаваат и српските истражни служби и судови. Претходно, Ратко Кнежевиќ, кум на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, изјави за Блиц дека Месиќ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top