Post Views: 0
Триесет и осум возачи од почетокот на оваа година до сега биле исклучени од сообраќај. Триесет возачи управувале автомобили во алкохолизирана состојба и сообраќјанат полиција им ги одзела возачките дозволи , информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
„ Сообраќајната полиција одредбите од Законот за безбедност во патниот сообраќај ги презема континуирано и неселективно мерките против оние кои ги крашат одредбите од Законот посебно кон лицата кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол,ја надминуваат дозволената брзина на движење или управуваат под дејство...
Post Views: 6
Во терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, кој се случи во вторникот вечерта, загинаа 36 лице, а 147 се повредени, изјавил турскиот премиер Бинали Јилдирим. Нападот го извршиле тројца бомбаши самоубијци, кои експлозивот го активирале на влезот во аеродромот.
Најголем дел од жртвите се турски државјани, но меѓу нив има и странски државјани, соопштија турски официјални лица, без да прецизираат од кои држави се загинатите странски државјани.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди нападот на аеродромот „Ататур“, оценувајќи дека целта на нападот...
Post Views: 7
Најмалку 24 лица загинаа во понеделник во самоубиствен напад извршен во внатрешноста на хотел во Ривалпинди, град во близина на пакистанската престолнина Исламабад.
„Самоубиецот на мотоцикл го активирал експлозивот во близина на група луѓе, кои чекале во ред исплата на плати. Пронајдовме остатоци од елекот на кој бил прикачен експлозивот, како и делови од телото на самоубиецот“, соопшти портпаролот на полицијата.„Дваесет и четири лица загинаа во експлозијата, а други 24 се ранети“, додаде истиот извор.Нападот бил извршен во хотелот Шалимар, во близина на касарната на...
Post Views: 4
Доктор Виолета Мојсоска, специјализант по кардиологија од ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан” одржа предавање во рамките на Неделата на Кардиоваскуларни заболувања во ОО Црвен Крст. Д-р Мојсоска сподели информации од СЗО дека кардиоваскуларните болести и понатака се убиец број еден во светот. Во 2019 година биле регистрирани близу 18 милиони луѓе кои починале од овие болести, укажува д-р Мојсоска.
„Огромна е тоа бројка на која треба да се обрне внимание. Она што е најважно...
Post Views: 1
Како поинаку да се прати порака освен со искрена прегратка. Токму ова е начинот на кој трите балкански алијанси за ретки болести, македонската, хрватската и српската, годинава ќе го одбележат светскиот ден на лицата со ретки болести, 29ти февруари. Во еднонеделната кампања, насловена како „Прегрни ја реткоста, прегрни за Гинис“ ќе се подига свеста кај луѓето, јавната и стручна, за тоа со какви предизвици се соочуваат сите лица кои боледуваат од некоја ретка болест. Сето ова ќе се прави како што вели и акцијата преку рушење на рекордот во Гинис за онлајн албум со прегратки....
Post Views: 2
Девет банки се затворени во САД, што е доказ дека американското банкарство и натаму е под притисок на лошите кредити.
Банките беа затворени во петок, а бројот на пропаднати банки во САД оваа година достигна 115, што е најмногу од 1992. година.
Меѓу банките кои во петок прогласија стечај се калифорниската „National Bank“, четврта најголема финансиска институција затворена оваа година во САД.
Огромните загуби првенствено се резултат на силниот раст на резервации за ненаплатливите кредити и падот на вредноста на недвижностите. Минатата година пропаднаа 25 американски кредитори,...
Post Views: 0
Во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Општина Охрид ја презентира својата туристичка понуда на 42-от меѓународен саем за туризам во Белград, Србија, кој се одржува од 20-ти до 23-ти февруари.
Природните потенцијали, уникатното културно богатство и современите туристички капацитети на Охрид како атрактивна дестинација, освен за бројните посетители, биле интересни и за голем број тур оператори и претставници на туристичкиот сектор од неколку европски земји. Голем интерес за Охрид покажале и влијателни медиуми од регионот.
Секоја година Белградскиот...
Post Views: 20
Мирно езеро и летни температури за прекрасен почеток на една убава традиција. Денес во водите на Охридското езеро, на 11 километри долгата патека од пред хотелот Дрим во Струга, па се до Канео во Охрид се одржа првиот воопшто кајакарско-веслачки маратон. Задоволството од неговата успешна реализација забележлива и кај организаторите и кај учесниците. Еден од нив, беше и Никола Џутески кој извесла до второто место на подиумот, веднаш за првопласираниот Константин Дејкоски, и двајцата од кајак-кану клубот “Црн Дрим” од Струга.
„Не беше многу напорно, нашите...
Post Views: 1
Европската унија додели 50 милијарди евра (74 милијарди долари) помош за земјите во развој за адаптирање и борба против климатските промени, изјави прерседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
Баросо истакна дека ЕУ е подготвена да најде и друг начин на финансирање, за да ги обезбеди 100-те милијарди евра годишно, од кои, според ЕУ, сиромашните земји ќе имаат потреба до 2020 година. Од оваа сума околу 22-50 милијарди евра треба да се обезбедат со државни средства, дополни шведскиот премиер Фредрок Рајнфелд. Според Рајнфелд, Европејците “сега имаат...
Post Views: 1
Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески беше дел од меѓународната конференција за иновации во општините, „Muni-World 2020“, која од 19-ти до 20-ти февруари се одржуваше во Тел Авив, Израел.
Темата на овој важен регионален собир беше „Глобално размислување за урбаната безбедност и иновативноста на општините“, а во рамки на сесиите се споделуваа креативни решенија за Smart City, кои се користат во различни сегменти на урбаното живеење во повеќе светски метрополи. На конференцијата учествуваа повеќе од 1000 општински претставници од 72 земји, 500 градоначалници...
Post Views: 0
Црногорската влада договори да купи два кинески трговски брода вредни 55,6 милиони долари, коишто би требало да бидат испорачани до крајот на 2012 година.
Договорот за купување на бродовите е потпишан во Шангај со „Поли груп“ од Пекинг, додека со бродоградилиштето во Шангај е договорена нивната изградба, соопшти синоќа црногорското Министерство за сообраќај.
Бродовите ќе имаат носивост од 35,000 тони.
„Бродовите ќе бидат купени и изградени со кредит што кинеската влада го дава на пријателските земји за помош во развој“, се наведува во соопштението.
Рокот на отплата на...
Post Views: 4
Компанијата ОКТА ја поддржа изградбата на ново инклузивно игралиште во дворот на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, кое ќе биде место на безгрижна игра и правилен физички развој на учениците, вклучувајќи ги и децата со попреченост.
Ова е трето инклузивно игралиште, кое компанијата ОКТА го донира во рамки на нејзината соработка со Фондацијата „Чекор по чекор“, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.
Среќни сме што оваа година ја дадовме поддршката за реализација на овој значаен проект кој во фокусот го има образованието на децата...