За неполни два месеци одземени 38 возачки дозволи

Дури во 30 случаи возачката дозвола била одземена поради управување со моторно возило под дејство на  алкохол. Минатата година завршила со биланс од 252 одземени возачки дозволи , информираат од СВР Охрид. 

 |  Валентина Неловска  | 

Триесет и осум возачи од почетокот на оваа година до сега биле исклучени од сообраќај. Триесет возачи управувале автомобили во алкохолизирана состојба и сообраќјанат полиција им ги одзела возачките дозволи , информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Сообраќајната полиција одредбите од Законот за безбедност во патниот сообраќај ги презема континуирано и неселективно мерките против оние кои ги крашат одредбите од Законот посебно кон лицата кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол,ја надминуваат дозволената брзина на движење или управуваат под дејство на психотропни супстанци“, укажува Димоски.

Минатата година бројот на исклучени возачи кои го прекршиле Законот за безбедност во патниот сообраќај ја достигнал бројката од 252 несовесни возачи. Дури 220 возачи биле откриени како управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Од бројот на одземени дозволи 18 возачи добиле заштитна мерка забрана, подвлекува Димоски.

Сообраќајната полиција ќе  презема мерки со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот ќе ги применува постојано во текот на годината. Посебно во перидот кога има раздвижување на сособраќајниците во градот и приградските населби. Сообраќајната полиција ќе еприсутна на сите места и населби и доследно ќе ги применува одредбите од Законот“ , вели Димоски.

Од СВР Охрид , напоменуваат дека ќе се заострат контролите за казнување и на несовесните возачи на моторни возила и моторцикли кои додека возат користат мобилни телефони.
Од СВР Охрид, минатата година, издале по разни основи 4068 возачки дозволи, а од нив 874 возачки дозволи биле за новоположени шофери. Од оваа бројка 491 мажи се стекнале со право на управување на моторно возило, а 383 биле жени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top