logo

Емисијата на штетни гасови алармантна

Post Views: 1 Концентрацијата на штетните гасови, кои се главна причина за глобалното затоплување, достигна највисоко ниво регистрирано досега и тоа продолжува да се зголемува, соопшти Светската метеоролошка организација (СМО). – Нивото на повеќето штетни гасови продолжува да се зголемува, се наведува во извештајот на СМО, објавен пред конференцијата посветена на климатските промени, која треба да се одржи следниот месец во Копенхаген и на која се очекува да се усвои нова меѓународна спогодба за борба против глобалното затоплување. Генералниот секретар на СМО Мишел Жаро изјави...

Continue reading

ОПШТИНИТЕ ОХРИД И ВЕВЧАНИ ДЕЛ ОД ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ „МАКЕДОНИЈА БЕЗ КАЛ“

Post Views: 0 Стартуваше имплементацијата на проектот „Македонија без кал“ со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини со 70 милиони евра кредит од Светска банка. 980.000 евра ќе добие општина Охрид за санирање локални патишта и улици во рамки на проектот „Македонија без кал“. Во рамките на овој проект општина Вевчани доби средствата во износ од 541.313 ЕВРА, обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој. Со проектот „Македонија без кал“ ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини со 70 милиони...

Continue reading

nuklearna centrala

Несреќа во нуклеарка во Пенсилванија, САД

Post Views: 5 Американската нуклеарна регулаторна комисија соопшти дека 150 работници од нуклеарна централа во Пенсилванија се пуштени дома, откако во централата Три мајл ајланд се случила најголемата нуклеарна несреќа во американската историја. Портпаролката на комисијата изјави дека нема опасност за јавното здравје. Таа вели дека вработените се деконтаминирани и нема да имаат последици по здравјето затоа што загадувањето било мало и во дозволените граници. {loadposition content9}

Continue reading

Ширењето на Корона вирусот во Европа и ширум светот негативно се одразува врз туризмот

Post Views: 0 Ширењето на Корона вирусот во Европа и ширум светот негативно се одразува врз туризмот. Голем број аранжмани се откажани, а и осмомартовските патувања во најголем дел нема да се реализираат, велат од ХОТАМ. Хотелите се речиси празни, а туристичките агенции останаа без работа. Намалување и откажување на гости дефинитивно има, бројката не може сега да се каже, тоа ќе се сумира на крајот на сезоната , но се очекува да има 20 до 30 % намалување, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ. ХОТАМ заедно со членовите на управниот одбор имале неколку состаноци со Агенцијата за...

Continue reading

Крај на теророт во Бангладеш

Post Views: 1 Шест напаѓачи се убиени, како и двајца полицајци, а тринаесет заложници од кои тројца странци, се спасени во саботата утрото во полициската операција во ресторанот „Holey Artisan“ во дипломатскиот кварт Гулшан во бангладешката престолнина Дака кој во петокот вечерта го заземаа вооружени напаѓачи, а џихадистичката Исламска држава објави дека станува збор за нејзини припадници. Телевизијата NBC, повикувајќи се на полициска потврда од местото на изведувањето на операцијата пренесува дека припадниците на силите за брзи реагирања ја завршиле операцијата на извлекување на...

Continue reading

dete

Во Судан шест деца осудени на смрт

Post Views: 5 Суданските власти осудија шест деца на смрт поради учество во напад на дарфурските бунтовници во Картум. Но, властите ветија дека децата нема да бидат егзекутирани, изјави специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации за прашања за децата и вооружените судири, Радика Кумарасвами.Таа истакна дека добила уверување од суданскиот министер за правда дека шестте деца нема да бидат погубени, иако Влада тврди дека осудените не се деца.Дете според дефиницијата на ОН е секое лице помладо од 18 години.ПОвеќе од 100 луѓе се осудени на смрт поради учество...

Continue reading

Читателите во НУ Библиотека „Григор Прличев“, Охрид имаат можност за автоматизирано зајмување книги

Post Views: 8 Корисниците на НУ-Библиотеката „Григор Прличев“, Охрид од денес имаат можност за автоматизирано зајмување книги. Тоа се овозможи со помош на програмската поддршка COBISS која обезбедува многу информации, а меѓу другото и дали примерокот е слободен или позајмен и кој е рокот на враќање. Со тоа на корисникот му нудиме еден нов приод кон нашите сервис услуги што значи дека ќе може да влезе во мојата библиотека, да видат што прочитале, што сакаат да прочитаат Корисниците можат да ја погледнат историјата на зајмувањето, можат да го продолжат рокот за зајмување, да резервираат,...

Continue reading

Хојт Ји: Секој кој е одговорен за кризата да одговара

Post Views: 2 „Минатиот април кога бев тука политичката криза беше на почеток и беше предизвик на кој соработувуваме заедно за да се постигне напредок за излез од кризата. Задоволен сум поради тоа што се случија доста позитивни чекори, како што беше Договорот од Пржино. Разговаравме за имплементацијата на договорот, а тоа ги вклучува и изборите. САД и ЕУ продолжуваат со поддршката за владата, партиите и инстуциите да можат да обезбедат изборите на 5-ти јуни да бидат слободни, фер и кредибилни. И даваме поддршка на ДИК, како и совети до институциите и владата околу тоа како гледаме...

Continue reading

logo

Се топат приходите на Turkish Airlines

Post Views: 0 Во изминативе девет месеци Turkish Airlines оствари вкупни приходи во износ од 3,225 милијарди долари, што е за 11 отсто помалку во однос на лани, се вели во известувањето на компанијата. Оперативната добивка  на Turkish Airlines изнесува 389 милиони долари и е за 5% помала споредено со трите квартали лани. Поради падот на вредноста на материјалниот имот, влијанието на економската криза, нето добивката е намалена за 43 отсто и изнесува 304 милиони американски долари. Бројот на превезени патници во изминативе три квартали изнесува 18 милиони и 635 илјади патници, што...

Continue reading

Кандидатите за пратеници од „Македонски Независни Листи“ започнаа со собирање потписи за учество на претстојните предвремени парламентарни избори

Post Views: 0 Кандидатите за пратеници од „Македонски Независни Листи“ започнаа со собирање потписи за да добијат право за настап на престојните предвремени парламентарни избори.  Граѓаните со својот потпис може да ја поддржат листата во 5тата Изборна единица во која носител е Горан Тасковски, поранешен Aмбасадор на Република Македонија во Турција,  секој ден од 09 до 19 часот, најдоцна до петок 6ти март, во одделението на Државна изборна комисија во зградата на општина Охрид. „Ве покануваме, со вашиот потпис да изразите поддршка за носителот на листата во изборна единица број 5...

Continue reading

drimkol

КУД „Дримкол“- Вевчани на Меѓународен фестивал во Грција

Post Views: 3 КУД „Дримкол“ од Вевчани преку својот детски и младински фолклорен ансамбал овие денови ја презентира Македонската култура и традиција на Меѓународниот  фестивалот за музика и танци „Музика и море“ кој се одржува во туристичкото крајбрежно место Паралија. Покрај настапите во официјалната програма на фестивалот кој се одвива во анфитеатарот во Паралија, младите членови на Дримкол ја воодушевија публиката и во туристичките места: Катерини, Олимпик Бич. Организаторот задоволен од Вевчанци, синоќа им довери 15 минутна програма на свеченоста по повод доделувањето на Гранд...

Continue reading

nivo

Нивото на морињата до 2100 година ќе се зголеми за најмалку еден метар

Post Views: 1 Климатските промени до крајот на 21. век ќе предизвикаат пораст за нивото на морињата за најмалку еден метар, се нагласува во најновата студија на американската организација за истражување на животната средина „Клин ер-кул планет“ (Clean Air – Cool Planet). Забрзаното топење на глечерите на Гренланд и на еден дел од Антарктикот ќе доведе до многу поголем раст на нивото на морињата, отколку што претходно се проценуваше, се наведува во студијата, која е објавена во САД.Според истражувањето покачувањето ќе предизвика поплави, кои радикално ќе ја изменат конфигурацијата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top