Хојт Ји: Секој кој е одговорен за кризата да одговара

Владата и партиите да соработуваат со СЈО

 |  инфодеск  | 

„Минатиот април кога бев тука политичката криза беше на почеток и беше предизвик на кој соработувуваме заедно за да се постигне напредок за излез од кризата. Задоволен сум поради тоа што се случија доста позитивни чекори, како што беше Договорот од Пржино. Разговаравме за имплементацијата на договорот, а тоа ги вклучува и изборите. САД и ЕУ продолжуваат со поддршката за владата, партиите и инстуциите да можат да обезбедат изборите на 5-ти јуни да бидат слободни, фер и кредибилни. И даваме поддршка на ДИК, како и совети до институциите и владата околу тоа како гледаме на напредокот во организацијата на изборите и ќе продолжиме со тоа“, изјави американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји.
Тој потенцираше дека САД и ЕУ внимателно и одблиску го следат спроведувањето на Договорот од Пржино, како и прочистувањето на избирачкиот список, реформите во медиумите и работата на Специјалното јавно обинителство.
“Одблиску гледаме на некои специфични проблеми а тоа ги вклучува Избирачкиот список кој е во процес на прочистување и драго ние што е започната вкрстена проверка, а исто така ги набљудуваме и реформите во медиумите и улогата на медиумите за обезбедување на фер поле за изборите. Одблиску гледаме и на целокупната атмосфера во која гласачите треба да можат да гласаат слободно. Сметаме дека е многу важно сите страни да соработуваат со работата на специјалната обвинителка за нејзината работа да биде без политичка вмешаност и независна”, рече Ји.
“На сите наши состаноци потенцираме дека е многу важно да се поддржи Специјалното обвинителство, да се поддржи владеењето на правото, и да се осигура дека сите официјални претставници да одговараат за своите дела во согласност со владеењето на правото. Мислам дека нашата порака е разбрана од сите политички партии, очекуваме да го поддржат Специјалното обвинителство, ние ќе го набљудуваме тоа и ако забележиме прекршувања или опструкции ќе дадеме совет како треба да се постапи понатаму”, заклучи Ји.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top