• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Читателите во НУ Библиотека „Григор Прличев“, Охрид имаат можност за автоматизирано зајмување книги

Читателите во НУ Библиотека „Григор Прличев“, Охрид имаат можност за автоматизирано зајмување книги

Читателите во НУ Библиотека „Григор Прличев“, Охрид имаат можност за автоматизирано зајмување книги. Со овој систем се овозможува поврзување на сите библиотеки во државава, па доколку некоја книга ја нема во охридската библиотека таа може да се позајми од некоја друга.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Корисниците на НУ-Библиотеката „Григор Прличев“, Охрид од денес имаат можност за автоматизирано зајмување книги. Тоа се овозможи со помош на програмската поддршка COBISS која обезбедува многу информации, а меѓу другото и дали примерокот е слободен или позајмен и кој е рокот на враќање.

Со тоа на корисникот му нудиме еден нов приод кон нашите сервис услуги што значи дека ќе може да влезе во мојата библиотека, да видат што прочитале, што сакаат да прочитаат Корисниците можат да ја погледнат историјата на зајмувањето, можат да го продолжат рокот за зајмување, да резервираат, да нарачаат во рамките на меѓубиблиотечното зајмување, да ја проверат тековната состојба на долговите и побарувањата М-р Мариче Боздоганова, советник библиотекар.

Со овој систем се овозможува поврзување на сите библиотеки во државава кои ги има 40, па доколку некоја книга ја нема во охридската библиотека таа може да се позајми од некоја друга. Исто така може да се врши и резервација на некоја книга, а и да се продолжи рокот на зајмување.

Ќе имаме поголема ефикасност во позјмувањето ќе имаме поредовно враќање на книгите и доколку се продолжи рокот ќе може да се види кај кого е задоцнета книгата, вели Боздоганова.
Сите читатели кои ќе имаат некакви потешкотии или нејаснотии при користењето на системот можат да се информираат преку веб страницата на библиотеката, а можат да се обратат и во градската библиотека каде службите ќе им помогнат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top