Post Views: 0
На 14/15.01.2022 година од 20 до 03 часот, при извршени засилени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале 08 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-06, Струга-02).
Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 2
Се загадува животната средина и се расфрла секаков вид дотараени електрични и електронски апарати, а постои можност да бидат бесплатно подигнати од домовите. Лиценцираното друштво за управување со отпад „Нула отпад“ ги собира габаритни непотребни електронски и електрични предемети како фрижидери, шпорети и слични апарати од домаќинството. Пријавувањето е на Еко-линијата 070 23 60 00 информира Билјана Костадинова маркетинг агент од оваа компанија. Компанијата паралелно работи на едукација за подигнување на еко свеста кај граѓаните , но сепак има грешки заради несовесно...
Post Views: 2
Силен земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во океанот, југоисточно од Индонезискиот архипелаг, соопшти Институтот за геолошки истражувања на САД.
Земјотресот е регистриран на 260 клометри јужно од Раба, административен центар на островот Сумбауа. Нема информации за жртви и причинети материјални штети.
{loadposition content9}
Post Views: 4
На 21.10.2021 година околу 13 часот во Општата болница во Охрид, С.Н.(58) од Скопје, кој престојува во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување кон вработена во болницата.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 1
Општина Дебрца доби над 676.000 евра средства за подoбрување локалната патна инфраструктура од владиониот проект за поврзување на локалните патишта. Овие средства се добредојдени за општина Дебрца вели градоначалникот Зоран Ногачески.
„Ние веќе имаме аплицирано со еден проект до Министерството за транспорт и врски. Тој е препратен на одобрување кај Светска банка бидејќи проектот е со заем од Светска банка. Се работи за реконструкција на патниот правец од Белчиша до Злести во должина од оклку 3 км и изградба на една заобиколница околу селото Злести“.
Општината со ресорното...
Post Views: 5
Банкарските трансакции на Ватикан во висина од милиони евра се под полициска истрага со цел да се утврди дали при истите имало обид за перење на пари, објавија италијанските медиуми.
Италијанската централна банка потврди дека финансиската полиција ги истражува трансакциите на Ватикан. Но, Централната банка не ги коментира наводите на медиумите дека се води истрага за трансакции во висина од 60 милиони евра годишно од 2003 година.Трансакциите биле вршени преку сега непостоечката „Банка ди Рома“, која подоцна стана дел од „Уникредит“.Ватикан, „Уникредит“ и италијанската...
Post Views: 1
Во изминатиот период се одржаа следните општински натпревари, а учениците од ОУ „Григор прличев“ под менторство на наставниците ги освоија следните награди:
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ФИЗИКА
VIII одделение
Јана Петанова I награда -ментор: Славица Јолакоска ТаштаноскаТеодора Трајческа II награда -ментор: Славица Јолакоска ТаштаноскаJована Димоска III награда -ментор: Славица Јолакоска ТаштаноскаIXЕмилија Николовска I награда -ментор: Славица Јолакоска ТаштаноскаМарина Козомара II награда -ментор: Славица Јолакоска ТаштаноскаНина Стевоска III награда -ментор: Славица Јолакоска...
Post Views: 6
Вселенскиот брод Атлантис се очекува денеска да слета во вселенскиот центар Кенеди на Флорида, по 12-дневната мисија на Меѓународната вселенска станица.
Атлантис беше лансиран пред точно 11 дена со шест членови на екипажот, а целта на мисијата беше да се достават два контејнери со резерви делови чија тежина изнесува 12 тони.
Еден од дефектите што Атлантис требаше да го поправи е расипаниот уред за рециклирање на урината, што е дел од системот за рециклирање на отпадни води.
Ова е последна мисија на НАСА за оваа година.
За 2010, НАСА најави пет нови мисии на Меѓународната...
Post Views: 1
Екипите на секторот „Паркови и Зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве вршат пролетно уредување на дрворедот на улиците „Македонски Просветители“, „7-ми Ноември“ и на дел од булеварот „Туристичка“.
Се врши кастрење и отстранување на старите и оштетени гранки и се врши оформување на крошните.
Уредувањето на дрворедите е дел од тековните и сезонски активности на јавното претпријатие, кои се предвидени за овој период од годината.
Post Views: 5
Иако пазарот на капитал во Велика Британија се опорави по објавувањето на резултатите за излез од Европската унија, валутата која Британците сакаа да ја зачуваат со Brexit, ја губи битката во големата војна на светските валути.
Таа и понатаму во однос на доларот е во минус од 11%, додека еврото во однос на фунтата зајакна за 9,5%. Аналитичарите велат дека тоа не е крајот туку фунтата ќе паѓа и до крајот на годината и ќе вреди 1,25 долари, што е најниска вредност во последните 40 години.
Експертите објаснуваат дека акциите се опоравиле поради тоа што британскиот извоз...
Post Views: 1
Европскиот парламент во четврток треба да гласа за Предлог-резолуцијата за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд по расправата во среда.
Во делот за Македонија ЕП му препорачува на Советот на Европската унија (ЕУ) на декемврискиот самит треба да ја потврди препораката на Европската комисија (ЕК) за отварање и отпочнување преговори со Македонија.
Во Предлог резолуцијата, подготвена од италијанскиот европратеник Габриеле Албертини, одлуката за почеток на преговори која Европскиот совет би можел да ја донесе на 7 декември не е условена со решавање...
Post Views: 1
Започнаа подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини извори”. Тие ќе траат петнаесеттина дена после што следува самата изградба на трибината. Таа ќе биде изградена по највисоки светски стандарди со капацитет од 1450 седишта, ќе има Вип ложа и камермански дел од каде ќе можат да се следат и снимаат фудбалските натпревари. Реализацијата на проектот е во соработка помеѓу Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија, а изведувач е Енергоинвест ДООЕЛ од Скопје.
Ќе добиеме една модерна трибина со модерни соблекувални...