ЕП ќе гласа за проширувањето

Европскиот парламент во четврток треба да гласа за Предлог-резолуцијата за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд по расправата во среда.

 |  Крсте Голабовски  | 
ЕP
ЕП

Европскиот парламент во четврток треба да гласа за Предлог-резолуцијата за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд по расправата во среда.

ЕPВо делот за Македонија ЕП му препорачува на Советот на Европската унија (ЕУ) на декемврискиот самит треба да ја потврди препораката на Европската комисија (ЕК) за отварање и отпочнување преговори со Македонија.

Во Предлог резолуцијата, подготвена од италијанскиот европратеник Габриеле Албертини, одлуката за почеток на преговори која Европскиот совет би можел да ја донесе на 7 декември не е условена со решавање до тој рок на прашањето за името.

Во рамките на расправата во Европарламентот во среда се обратија претседателот со ЕУ шефот на шведската дипломатија Карл Билт и еврокомесарот за проширување Оли Рен, кои изразија надеж дека ЕУ на седми декември ќе може да ја усвои препораката за почеток на преговори со Македонија.

„Имам впечаток дека Владата во Скопје правилно ја сфатила нашата препорака, како охрабрување за конечно да се реши спорот околу името со Грција. Има нов контекст, нова расправа и нов прозорец полн со можности за кои верувам дека и Скопје и Атина ќе ги искористат“, изјави Рен.

Последната пречка за почнувањето на преговори за полноправно членство со ЕУ е решение за спорот за името со Грција и големи се очекувањата од петочната средба на премиерите на Македонија и Грција, Груевски и Папандреу.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top