Post Views: 3
Копенхаген во понеделник се подготвува да ги угости стотината шефови на држави и влади на конференцијата посветена на климатските промени во организација на Обединетите Нации(ОН).
Самитот што ќе трае до 18 декември се очекува да изработи документ кој ќе го замени протоколот од Кјото, чија важност истекува во 2012 година. Експертите сметаат дека Самитот ќе биде успешен доколку на него биде постигнат и договор за намалување на емисијата на штетни гасови што го предизвикува ефектот на стаклена градина.
Емисијата на штетни гасови, а особено на јаглен-диоксид(ЦО2) е главната...
Post Views: 1
На 23 октомври во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.
Врвна точка на дејноста на ВМOРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.
Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар,...
Post Views: 2
Општина Охрид ќе го имплементира проектот „Reach the mountain“ кој е одобрен во програмата „People2people“ од постојаната работна група за регионален рурален развој SWG-RRD.
Во рамки на проектот, во месец мај 2020 година, во Општина Охрид ќе биде организирана дводневна работилница за можностите и начините за аплицирање за европски фондови со практични вежби за пополнување на апликации за проектни предлози и еднодневна работилница за диверзификација на економските активисти во регионот, за начинот на воспоставување на нови туристички производи, за вмрежување во прекуграничните...
Post Views: 3
Демонстрации против претседателот на италијанската влада Силвио Берлускони се најавени за сабота во Рим, под мотото „Берлускони дај оставка“.
Организаторите на „Денот без Берлускони“ очекуваат десетици илјади луѓе на демонстрациите против италијанскиот премиер.
На протест повика група блогери критични кон власта, а им се придружија италијанските синдикати, левичарските групи, опозициската партија Италија на вредности и поранешниот државен обвинител Антонио Ди Пјетро.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Езерско дерби во 16то коло од машката ракометна суперлига. Рк Охрид на домашен терен ги пречекува ракометарите на Струга. Мартин Ивановски кој имаше добра минутажа на теренот против Бутел Скопје вели дека поразот од 22-20 во првата рунда од пролетната полусезона е зад нив. Подготвени се за вечните ривали од Струга кои во сабота доаѓаат засилени со неколку поискусни играчи.„Во сите категории од пионери до сениори ривалството помеѓу Охрид и Струга постои отсекогаш. Во сениорската конкуренција ривалството е најголемо. Затоа и сите сакаат да го гледаат ова дерби и ја користам...
Post Views: 2
Вкупно 102 лица го загубија животот во пожар што избувна во еден бар во рускиот град Перм во близината на Урал, соопшти руското министерство за вонредни состојби.
Пожарот што избувна во петок доцна навечер најверојатно го предизвикале пиротехнички направи кои го запалиле покривот на барот, по што пламените јазици го зафатиле и другиот дел од барот во моментот додека во него се наоѓале околу 200 луѓе.Медиумите првично јавија дека настрадале 100 луѓе, а поради труење со чад се задушиле 60-мина други кои итно биле префрлени во болница. Сепак овие информации од медиумите...
Post Views: 0
Алармантната состојба со Преспанското може да се одрази и на Охридското езеро.50% од водата на Прескапнското се влева во изворите во Свети Наум, а човечката негрижа и користењето на водата со пумпи од страна на Македонија, Албанија и Грција доведе до еколошка катастрофа во Преспа.
Контролирано да се води сметка за истекот на Охридското езеро кај Црни Дрим за потребите на хидроцентралите, апелираат експертите.
„Овие моментални дождови не се спас за вода се снежните врнежи кои нажалост подолг период ги нема. Таков проблем би се јавил и Охридското езеро а сето тоа...
Post Views: 0
Градот Kaitangata на Нов Зеланд покрена голема кампања за да привлече луѓе кои ќе сакаат таму да живеат и работат.
Се работи за место кое има само 800 жители, а 1000 нови работни места кои нема кој да ги потполни.
Градот за новите жители осигурал домови за изнајмување или купување со соодветно земјиште по акциски цени. Сите заинтересирани ќе добијат помош од локалната заедница, банкари и правници за преселбата да биде со што помалку проблеми.
“Невработеноста ја намаливме на два, но не се тоа проценти туку две лица. Во градот живеат само две невработени лица”, открива...
Post Views: 1
На палењето на сијаличките на дрвото пред Рокфелеровиот центар во Њујорк присуствувале голем број познати личности од јавниот живот и шоу-бизнисот, меѓу кои и Арета Френклин, Шакира, додекана запалувањето на светилките присуствуале илајдници њујорчани.
Претставник на Рокфелеровиот центар изјавил дека за украсување на божикното дрво биле ангажирании дури 750 куѓе кои ја завршиле работата за една седмица. Се проценува дека држвото секој ден ќе го посетуват околу 400 илјади луѓе.Годинава церемонијата пред оваа зграда една од знаменитостите на Њујорк, била поинаква и прстенот...
Post Views: 3
Директорката на НУ ,,Охридско лето”, Наташа Поповиќ срамно, грубо и арогантно се обиде да ја манипулирa охридската и македонската јавност, обвини на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпатол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Божиновски кажа дека после реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ спорните вработувања во установата биле одјавени. Тој јавно праша зошто е тоа така доколку немало незаконски дејствија. Ако јануарската плата доцни поради чекање на уважувањето на согласноста од Министерството за финансии за вработувањата, зошто тогаш истите без дополнителна согласност...
Post Views: 4
На 27-ти Март (недела), во 2 часот наутро Република Македонија ќе премине на летно сметање на времето. Истото ќе заврши на 30-ти Октомври во 3 часот, кога повторно ќе се премине на зимското, реално време. Стрелките на часовникот во недела треба да се поместат еден час напред и наместо 02 да означуваат 03 часот.
Во Европа, во 1996 година договорено е преминувањето од зимско кон летно сметање на времето и тоа да се прави во последната недела (недела како ден) од месец март, точно во 1 часот наутро според Универзално време (UT). Тоа значи дека доколку кај нас (Средно европско...
Post Views: 1
Британски суд вчера ја одби молбата на еден од синовите на Осама бин Ладен, 28-годишниот Омар, за одобрување престој во Велика Британија, пренесоа светските агенции.
Омар бин Ладен се жалеше на претходната одлука на властите, со која му беше откажан престојот во земјата со мотив дека неговиот брак со 54-годишна британска државјанка, склучен во Саудиска Арабија, не се признава за валиден и дека неговото присуство во Велика Британија е “непосакувано”. Судијата Марк Окелтон изјави дека е “вознемирен ” од зборовите на Омар бин Ладен дека не го смета...