Одбиен престојот во Англија на синот на Осама бин Ладен

Британски суд вчера ја одби молбата на еден од синовите на Осама бин Ладен, 28-годишниот Омар, за одобрување престој во Велика Британија, пренесоа светските агенции.

 |  Крсте Голабовски  | 
Omar Bin Laden
Омар Бин Ладен

Британски суд вчера ја одби молбата на еден од синовите на Осама бин Ладен, 28-годишниот Омар, за одобрување престој во Велика Британија, пренесоа светските агенции.

Omar Bin LadenОмар бин Ладен се жалеше на претходната одлука на властите, со која му беше откажан престојот во земјата со мотив дека неговиот брак со 54-годишна британска државјанка, склучен во Саудиска Арабија, не се признава за валиден и дека неговото присуство во Велика Британија е “непосакувано”.
Судијата Марк Окелтон изјави дека е “вознемирен ” од зборовите на Омар бин Ладен дека не го смета неговиот татко Осама за терорист.
Омар, кој има саудиско државјанство, е четвртото дете од првиот брак на Осама бин Ладен.
Во 2008 година тој и неговата сопруга се населија во Катар, откако беа екстрадирани од Египет.
Шпанија, исто така, ја отфрли молбата за доделување азил за синот на лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top