Ракометното езерско дерби ќе се игра со публика во сала

Утре во СРЦ Билјанини извори со почеток во 19 часот РК Охрид го пречекува вечниот ривал Струга. Иако Бутел им ја прекина на охриѓани серијата без пораз , гладијаторите се потготвени за победа во првиот меч на домашен терен во пролетната полусезона.

 |   | 

Езерско дерби во 16то коло од машката ракометна суперлига. Рк Охрид на домашен терен ги пречекува ракометарите на Струга. Мартин Ивановски кој имаше добра минутажа на теренот против Бутел Скопје вели дека поразот од 22-20 во првата рунда од пролетната полусезона е зад нив. Подготвени се за вечните ривали од Струга кои  во сабота доаѓаат засилени со неколку поискусни играчи.

„Во сите категории од пионери до сениори ривалството помеѓу Охрид и Струга постои отсекогаш. Во сениорската конкуренција ривалството е најголемо. Затоа и сите сакаат да го гледаат ова дерби и ја користам оваа прилика да ги повикам сите во сабота да го проследат натпреварот.“ – кажа Мартин Ивановски.

20 годишниот Филип Николов утре за прв пат ќе ја почувствува атмосферата на натпревар помеѓу Охрид и Струга за која досега слушал од други играчи или гледал снимка.

„Охрид е добра екипа со одлични играчи . Уште на самиот почеток бев добро прифатен. Задоволен сум од сите мои соиграчи. Имам гледано минатата сезона кога играа Охрид и Струга , со многу публика со навивачки групи: малку е пожешко во салата.“ – вели Николов.

Што се однесува до препораката од владата за продолжување до 13ти март на мерката неодржување јавни масовни собири и спортски натпревари како превенција од ширење на корона вирусот, од РК Охрид информираат дека дербито сепак ќе се игра пред публика.

„ Ние ја почитуваме препораката на владата за спортските собири да нема публика но согледуваме дека нема никаква опасност и дека би било жално едно вакво езерско дерби каде што ќе имаме полна сала да им го ускратиме правото да гледаат добар натпревар.“- кажа Горан Недески.

Натпреварот во СРЦ Билјанини Извори во сабота започнува во 19 часот. Најавено е присуство и на навивачката група Паткари поради што домаќинот во соработка со СВР ги презел сите неопходни мерки за безбедно одигрување на натпреварот. Цената на билетот е 50 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top