ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦА „ПАРТИЗАНСКА“

Post Views: 11 Се известуваат жителите на улицата „Партизанска“ кои ги паркираат своите моторни возила на паркингот позади хотел „Дипломат“(населба „Охридати“) и на паркинг просторот позади Студенскиот дом „Никола Карев“ (стар депанданс) дека од 13.03.2020 година (петок), општина Охрид ќе започне работни активности за асфалтирање на овие локации. За таа цел се упатува апел до жителите да ги отстранат своите возила од овие паркинзи се до завршување на работните активности.

Continue reading

lekovi

Деветто намалување на цените на лековите

Post Views: 8 Од денеска се намалуваат цените на 165 лекови (оргинатори и генерички лекови). Малопродажната цена на лекот панцеф се намалува за 38,10 проценти односно од 1.229 денари на 761 денар. Со ова деветто намалување на цените се опфатени рамиприл и валсартан, лекови за третман на висок крвен притисок кои пациентите ги земаат во аптеките. Цената на рамиприл е намалена за 50 отсто, а на валсартан за 40 отсто. Намалување на цената за 15 отсто има и кај хиконцил, тоа е амоксицилин по генеричко име, значи антибиотик. Има големо намалување на цената кај лековите мирзатен и велафакс...

Continue reading

Dreamliner

Прв тренажен лет на новиот авион „Дримлајнер“

Post Views: 1 Американскиот производител на авиони „Боинг“ го изврши успешно првиот тренажен лет на новиот авион Боинг 787 „Дримлајнер“. Тестот беше спроведен во северозападната држава Вашингтон со задоцнување од над две години по првично утврдениот датум. Главни причини за одложувањето се – распрснувањето на производството на стотина места и неочекуваното поскапување материјали.Новиот авион се приземји по три часа лет. Првично беше предвидено Боинг 787 „Дримлајнер“ да остане во воздухот пет часа и половина, но тестот беше скратен поради поројниот дожд, кој се засили и ја намали...

Continue reading

ЌЕ СЕ ЧИСТИ СЕКУНДАРНАТА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА НА УЛИЦА „7ми НОЕМВРИ“

Post Views: 10 Од понеделник (16.03.2020), фирмата „Еко Тим“ започнува со чистење на секундарната канализациона мрежа на ул. „7ми Ноември“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ до кружниот тек кај „Охридска Банка“. Заради овие активности, граѓаните кои живеат на овој потег треба сифоните да ги остават полни со вода за да не дојде до непријатни миризби. Исто така апелираме граѓаните да имаат разбирање поради евентуалниот сообраќаен метеж кој би настанал.

Continue reading

sredba

Во Дебрца се одбележува Детската недела

Post Views: 1 Под мотото „Сите заедно до подобро утре“, од 5-ти до 9-ти октомври, во ОУ „Дебрца“ се одбележува Детската Недела. По тој повод во посета на локалната самоуправа во општина Дебрца беа ученици од прво до петто одделение заедно со нивните наставници. При посетата учениците накратко се запознаа со работата на Градоначалникот и како оваа институција се грижи за заштита на правата на детето. Оваа недела во училиштето во општината Дебрца ќе се дискутира за правата на децата со цел истите да се поттикнат самоиницијативно да размислуваат за своите права.

Continue reading

Edmonton

Температурата во западна Канада падна до речиси 60 степени под нулата

Post Views: 0 Температурата во Канада падна до речиси 60 степени под нулата, додека живата во термометрите во регионот на Москва неумолливо се доближува до минус 30 степени. Студениот бран, што ја закова западна Канада, се движи кон исток, пренесоа агенциите.Метеоролозите во градот Едмонтон – административен центар на западната провинција Алберта, измерија температура од 46,1 Целзиусови степени под нулата. Ако се земат предвид смразнувачкиот ветар, температурата падна до минус 58,1 степени. Студениот фронт се доближува до источната провинција Квебек. Се очекува температурата...

Continue reading

Точката за продолжување на мораториумот не беше ставена на дневен ред

Post Views: 8 Точката за продолжување на мораториумот за градење како дополнителна точка од сферата на урбанизмот не се најде на денешниот дневен ред на седница на градскиот Совет. Гордана Коњаноска, од опозицијата ВМРО ДПМНЕ, побара оваа точка да се разгледува на посебна седница. „Имаше доволно време и роковите беа познати и нема оправдани да се носи ваква точка под превезот на итност без можност советот детално да се запознае со содржините на материјалот кој денес треба да се разгледува и носи. Ние како совет ќе побараме на наредната седница само со таа точка на дневен ред да биде...

Continue reading

ciklon

Тропски циклон пустоши во Фиџи

Post Views: 0 Две лица загинаа, а илјадници останаа без домови, откако тропски циклон го зафати тихоокеанскиот остров Фиџи, пренесоа американските медиуми. Бурата предизвика поплави, разурна куќи и предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија. Затворени се и некои патишта на островот. Ветровите во близина на епицентарот на циклонот биле со брзина од 150 километри на час. Во моментов бурата се приближува до соседната островска држава Тонга. Неколку лица се водат за исчезнати. Властите изградија привремени кампови за над 2.000 лица, чии домови се оштетени од природната...

Continue reading

Во такси кај Езерски лозја пронајдени 9 опаковки со бела прашкаста материја

Post Views: 3 На 05.02.2022 во 21 часот во ОВР Струга приведени се Г.Н. (39) од Охрид и Е.А (38) од Струга. При контрола на такси возило „мерцедес”, со кое се превезувале, извршена на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на населбата „Езерски лозја”, полициските службеници до совозачката врата пронашле полиетиленска кеса во која имало девет опаковки со бела прашкаста материја, информираат од СВР Охрид. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

ПОРАДИ ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА ЗА СООБРАЌАЈ УЛИЦАТА „ЦАР САМОИЛ“

Post Views: 3 Поради изведување на завршните градежни активности за реконструкција и уредување на просторот кај месноста „Табана“, од утре 12.03.2020 година (четврток) ќе биде затворена за сообраќај улицата „Цар Самоил“, во потегот од улиците „Цар Самоил“ и „Коста Абраш“ во близина на Капетанијата на пристаништата до црквата „Света Софија“. Времениот прекин на сообраќајот ќе биде активен до комплетно завршување на градежните активности.

Continue reading

Bagdad

Четворица загинати во три атентати во Багдад

Post Views: 1 Четири лица се убиени, а 14 ранети во вторник во три атентати изведени со автомобил-бомба во центарот на Багдад, соопштува неименуван извор од министерството за внатрешни работи на Ирак. Еден автомобил експлодирал на паркинг пред иранската амбасада, вториот во близина на министерството за надворешни работи и третиот на паркинг пред министерството за бегалци и раселени лица. Ова е четврт атентат во последните месеци на службени згради во главниот град и покрај силните мерки за безбедност. {loadposition content9}

Continue reading

ОК ВМРО ДПМНЕ ОХРИД СО ЧЕСТИТКА ЗА 23-ТИ ОКТОМВРИ

Post Views: 4 ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба. 23 Октомври – Симбол на патриотизам, непокор и победа! На 23 октомври 1893 година во Солун темелите на Македонската револуционерна организација ги удираат шесте визионери Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Крајна цел на ВМРО била и останала секогаш – Македонија. Вечно да ги славиме хероите кои својот живот го положија на олтарот на слободата за Македонија. Промените, проектите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top